Бит-пазар

9 настани во последните 30 дена, од 21 медиуми

Малолетничка нападната со тврд предмет од очувот во дом во Бит-пазар — отвора на Скопје1

34-годишен маж пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот очув во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар.Според информациите од МВР, нападот се случил на 16 ноември, а девојчето, според пријавата, било удрено со тврд предмет од очувот Ф.Д.Случајот бил пријавен на 18 ноември, во 22:20 часот, во СВР Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат…

Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син, приведен турски државјанин во Скопје — отвора на Скопје1

Маж од Турција со престој во Скопје е лишен од слобода по пријава дека физички ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син, а потоа им се заканувал со остар предмет.Според информациите од МВР, 43-годишниот И. Т. бил приведен на 16 ноември, во 18:40 часот, во скопската населба Бит-пазар. Полицијата постапила по претходна пријава за семејно насилство.По целосното документирање на случајот, против…

Скопјанка нападната кај Бит Пазар од две сосетки — отвора на Фокус

Голем пожар на Бит-пазар: Огнот зафатил куќи, во гаснењето учествувале 23 пожарникари — отвора на Скопје1

Во пожар што избувнал вчера на Бит-пазар, на улицата „Никола Мартиновски“ бр. 33, биле зафатени станбени објекти.Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во периодот од 17:20 до 20:20 часот, а во неговото гаснење учествувале 23 пожарникари со седум противпожарни возила.Засега нема информации за висината на материјалната штета, а во пожарот нема повредени лица. На…

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета — отвора на Либертас

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, а во инцидентот е причинета материјална штета – изјава за МИА, Звонко Томески, командант на Противпожарната единица – Скопје. – Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што поради близина на ...

Шест противпожарни возила гаснат пожар во близина на Бит Пазар — отвора на Press24

Кај пожарот на Бит Пазар интервенираат шест противпожарни возила, информираат од Центарот за управување со крииз за Пресс 24. „РЦУК – Скопје, известува дека кај Бит Пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенираат со 6 ПП возила. Поради зафатеноста на пожарникарите подетални информации ќе добиеме подоцна“, велат од ЦУК за Пресс24. ...

Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини — отвора на Press24

Пожар попладнево избувна кај Бит Пазар. Според информациите на Пресс24 зафатени се неколку магацини. Моментално пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Повредени лица нема. Официјални информации од службите се очекуваат во текот на вечерта.

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди — отвора на Скопје1

Жителка на скопската населба Карпош, Марија Михајлова, преку објава на социјалните мрежи алармира за секојдневно фрлање и палење петарди од страна на малолетници, предупредувајќи на опасноста по безбедноста и мирот на граѓаните.Како што наведува Михајлова, веќе цела недела малолетници во населбата фрлаат и палат петарди, за кои таа се сомнева дека се купени на Бит-пазар, без соодветна контрола на…

Скопјанец со тврд предмет ја претепал сопругата, па се заканувал и на нејзиното семејство - таа се пожалила дека и претходно била малтретирана — отвора на Скопје Инфо

Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 13:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.З.(24) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавата, тој со употреба на тврд предмет ѝ нанел повреди, а притоа упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.