Галичица

11 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

Поглед зад сцената на спелеолошките истражувања на Галичица — отвора на Нова Македонија

Преку дата-логерите континуирано се следат пештерската микроклима и хидролошките услови во подземните води, а преку фотозамките се следи фауната што живее во пештерите или повремено ги посетува пештерите Во рамките на 17-то издание на фестивалот на планински филм „Ехо“ се одржа предавање на темата „Спелеолошки истражувања на Галичица“. Презентацијата е на Билјана Гичевски (Истражувачко друштво ...

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва — отвора на А1он

Полицијата поднесе кривична пријава против вработен во Шумското стопанство „Галичица“ од село Ботун, кој бил задолжен за контрола на превозот на дрва, бидејќи му го дал службениот чекан за жигосување на превозник од Битола, за што и тој добил кривична пријава за кражба. Наместо сам да ја врши контролата, вработениот...

6 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: АлфаВечер+2

Го узурпирале шумскиот чекан со печат за крадење дрва. Кривична за референт во шумско стопанство и негов соучесник — отвора на Плусинфо

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица, од кои едното е референт за превоз во Шумското стопанство „Галичица“ во Охрид, а другото било затекнато како транспортира дрва со камион без соодветни документи.

Кривични пријави за лица од селото Ботун и Битола поради малверзации и транспорт на огревно дрво — отвора на Охрид Прес

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од селото Ботун, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-годишник од Битола за сторено кривично дело „кражба“. – Првопријавениот, референт за превоз Шумско стопанство „Галичица“ од Охрид, постапил спротивно на ...

Пештери во Националниот парк „Галичица“ – Крстова пештера — отвора на Охрид Прес

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ се спроведуваат научни истражувања на пештери во паркот. Меѓу проучуваните пештери е и Крстова Пештера, за кои од Црвен крст Охрид презентираат неколку интересни ...

ЗНАМ: Националниот парк „Галичица“ остварил 45 милиони денари од сопствени приходи и проекти за две години — отвора на Макфакс

Националниот парк „Галичица“ во изминатите две години остварил околу 29 милиони денари сопствени приходи, а дополнителни 16 милиони денари биле обезбедени преку проекти, соопшти Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во рамки на двегодишниот институционален отчет на директорката на паркот, Фросе Ѓоргиевска. Според соопштението, во 2025 година паркот остварил 9,9 милиони денари приходи од влезници, ...

Охрид СОС: И по три години пријави за дивоградби, Галичица и натаму се бетонира — отвора на МКД.мк

Од Охрид СОС потсетуваат дека во 2024 година, по пријава од локалното население, увид на локацијата извршиле претставници на Националниот парк Галичица. На државна катастарска парцела со површина од 17.000 квадратни метри, во катастарската општина Елшани, тие констатирале узурпација на државно земјиште, пустошење шума и повеќе бесправни градежни активности. Дополнително, појаснуваат од Охрид СОС...

Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години — отвора на Press24

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ излезе со остри обвинувања за целосно отсуство на институционална реакција по пријавите за масовна узурпација на државно земјиште, бесправни градби и пустошење на шума во месноста Лагадин, во рамките на Зоната за одржливо користење на Националниот парк Галичица. Според реакцијата, уште од пролетта 2023 година биле поднесени иницијативи до надлежните инспекциски...

Загрозен балканскиот рис — отвора на Сител

Балканскиот рис долги години се бори за опстанок. Поради долгогодишните закани со кои се соочува, како што се ограничениот плен, уништувањето на живеалиштата со инфраструктурни проекти и криволовот се смета за критично загрозен. Со фото замки камери со сензори за движење поставени на Јабланица и Галичица се детектира Балканскиот рис кој го има се помалку. Проценките за бројот на балкански рисови...

Земјотрес ја погоди Македонија — отвора на Press24

Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата. Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри. Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското ...

Вандализам на дело: Оштетена малата црквичка во Националниот парк „Галичица“, кај превојот „Баба“ (Фото) — отвора на Охрид Прес

Читатели на OhridPress и Супер радио испратија фотографии до редакциите за уште еден вандализам на дело. Овој пат е оштетена малата црквичка во Националниот парк „Галичица“, кај превојот „Баба“. Непознати сторители го имаат турнато едниот дел, кој е паднат преку оградата. Со оглед на фактот дека е поставен на ...