Гинекологија

5 настани во последните 30 дена, од 16 медиуми

На бебе му бил повреден прст на Гинекологија, било префрлено на Детска хирургија: ГАК отвора дисциплинска постапка, утврдуваат одговорност и најавуваат мерки — отвора на Скопје1

Новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) се здобило со повреда на дел од прст, по што било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Неофицијално, медицинска сестра која работи повеќе од 20 години и за која немало никаква поплака досега, го засекла при вадење на инфузија. За случајот е закажана седница на Дисциплинската комисија, која треба да утврди како настанала повредата…

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата — отвора на Нова Македонија

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестиев, и раководителката на Одделот за интензивна нега и терапија, д-р Елизабета Петковска, ги претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.…

Годишно на ГАК се раѓаат меѓу 600 и 700 предвремено родени бебиња - Клиниката сподели дека месецов им е посветен на нив! — отвора на Скопје Инфо

Од Клиниката за Гинекологија и акуштерство денеска споделија дека ноември е месецот кој им го посветуваат на предвреме родените бебиња. Оттаму посочуваат дека едно од секои десет бебиња во светот се раѓа предвреме. Годишно, тоа се околу 15 милиони мали животи кои ја започнуваат својата најголема битка уште најраната возраст.