Жител

18 настани во последните 30 дена, од 29 медиуми

Жител на Калиманци ја тепал сопругата — отвора на Нетпрес

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Ќ.Ц.(48) од селото Калиманци, товарејќи го за „телесна повреда”. На 1 октомври пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга (38), при што ѝ нанел повреди, вели МВР.

Жител на Злетово осомничен за измама од 860.000 денари, парите ги испраќале во четири држави — отвора на Скопје Инфо

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од Злетово, пробиштипско, поради сомнение за измама со која едно лице било оштетено за 860.000 денари.

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Соседите се лути поради црногорската амбасада во Лондон, им „влијала на менталното здравје“ — отвора на Рацин

Жителка на лондонската општина Пимлико го тужи Градскиот совет на Вестминстер поради отворањето на црногорската амбасада веднаш до нејзиниот дом. Таа тврди дека советот не ги зел предвид импликациите врз нејзиното ментално здравје кога одлучувал за реконструкција на нејзиниот дом, објави „Гардијан“. Дијана Симпсон (35) живее со своите родители во куќа на улицата Кембриџ, каде ...

(Вознемирувачко) МЕЧКА НАПАДНА ДОБИТОК ВО КАЛИШТЕ - Жителите стравуваат од напад врз луѓе — отвора на Вечер

Жителите на гостиварското село Калиште, во Општина Врапчиште, се соочуваат со вистински кошмар откако кафеава мечка упаднала во селото и брутално нападнала домашен добиток. Снимките и сведоштвата кои брзо се проширија на социјалните мрежи ја отсликуваат паниката меѓу локалното население, кое со право стравува за сопствената безбедност и алармира дека состојбата веќе излегува од контрола.Овој...

Македонската полиција добила повик: „Најдов минофрлачка граната” — отвора на Press24

Жител на прилепското село Ореовец пронашол експлозивна направа на местото викано „Леково“, во атарот на селото. Случајот бил пријавен на 24 октомври во 9 часот во ОВР Прилеп. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола утврдил дека станува збор за перка од минофрлачка граната со калибар од 82 милиметри, која била безбедно подигната. ...

МИА на изборите во Бугарија: Градот под Витоша во исчекување на седмиот претседател на државата, анкетите им даваат убедлива предност на Јотова и Валчев — отвора на Денешен

Софија овој саботен ден се капе во сончевина. Жители на градот и бројни туристи шетаат низ централното градско јадро, а кафулињата и рестораните полека се полнат. Градот под величествената Витоша живее вообичаен ден, и ништо не открива оти утре во земјата ќе се одржат седмите претседателски избори, освен многуте билборди со кандидатите за претседател и потпретседател и националните знамиња...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Земја каде работат многу Македонци ќе има потреба од 327.000 работници — отвора на Фактор

Хрватска би можела да се соочи со недостиг од 327.000 работници до 2035 година поради стареењето на населението, намалувањето на населението во работоспособна возраст и очекуваниот раст на побарувачката за работна сила, проценува Светската банка. Според проекцијата на банката, понудата на работна сила во Хрватска ќе се намали за околу 291.000 луѓе до 2035 година, додека на економијата ќе ѝ бидат...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ВечерУтро

Продава приватен остров: Го добил на лотарија, но бил скап за одржување — отвора на Лидер

Жител на германското гратче Кал ам Мајне продава приватен остров во Канада, којшто го добил на наградна игра организирана од компанијата за слатки „Харибо (Haribo)“ уште во 2005 година. Бараната цена изнесува 220.000 евра. Одлуката за продажба е поттикната од зголемените трошоци за одржување, како и фактот што неговите родители веќе не можат да се грижат за имотот како што тоа го правеле порано....

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето — отвора на Скопје1

Група жителки се собраа за да посеат ниска детелина на парче земја во близина на паркчето кај улицата Манапо, во Карпош, каде што по силното невреме во текот на летото останала исушена површина без обновено зеленило.Иницијативата започнала со неколку учеснички, но набргу им се придружиле уште три соседки од околните станбени блокови. Заедничката желба за позелена околина и уреден простор за...

4,2 милиони евра приходи остварил Гевгеличанец лани, а Ориѓанец од 4,1 милиони евра — отвора на еМагазин

Жител на Гевгелија лани имал приходи од 4,2 милиони евра или 257,5 милиони денари, а истите ги остварил од плати, закупнини, дивиденди..., соопштија денеска од Управата за јавни приходи (УЈП), од каде ја презентираа анализата за доставените Годишни даночни пријави (ГДП). Втор со најголеми приходи во Македонија е жител на Охрид, кој лани имал приходи ...

До кога автобусите во Скопје ќе бидат лотарија за патниците? — отвора на Рацин

Автобусите во Скопје повторно предизвикаа поплаки од патници кои вчера пријавија долго чекање на постојките и преполни возила. Сведоштвата се од Волково и од корисници на линијата 23, кои наместо сигурен превоз до работа и училиште, утрото го започнале со неизвесност. Жител на Волково навел дека чекал од 6:15 часот, а повеќе од 40 минути ...

Шпанија под вода: Четири жртви, луѓе заробени на покривите — отвора на ТРН

Според најновите информации на шпанскиот весник „Ел Паис“, регистрирани се четири смртни случаи поврзани со невремето, иако една од жртвите, пронајдена во камп во Олива, најверојатно починала од срцев удар. Најкритична е состојбата во Валенсија и Аликанте, каде што на одредени места наврнале околу 700 литри дожд на квадратен метар. Жители останале заробени во своите ...

„Приватниците повторно ги нема“ – жители на Волково утрово чекаат автобус и по 40 минути: „Излезете порано ако не сакате да доцните“ — отвора на Скопје Инфо

Жители на Волково утрово реагираат на проблеми со автобускиот превоз и долго чекање на постојките, а според објава во локална група на социјалните мрежи, приватните превозници утрово не сообраќале редовно. Авторот на објавата наведува дека од 6:15 часот чекал автобус, а повеќе од 40 минути немало превоз.

Жител на Египет откри две огромни статуи на Рамзес Втори — отвора на ТРН

Во селото Бехбеит ел-Хагар, во северниот дел на земјата, локален жител по име Калед ел-Шахат открил остатоци од две големи статуи на древниот египетски владетел. Египетското Министерство за туризам и антиквитети испратило стручен тим за да го истражи локалитетот и да ја утврди историската вредност на пронајдените предмети. Според информациите објавени од „Лајв сајанс“, поголемата ...

Им се заканувал додека го приведувале. Жител на Голема Речица чувал пиштол и кокаин под перница — отвора на Плусинфо

Полицијата пронашла 22 мали кесички со кокаин и една поголема кеса со истата дрога. Осомничениот бил приведен откако им упатил закани на полицајците.

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници — отвора на Сител

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.08.2026 на ул. „Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија, велат од МВР.

Акција на Граничниот премин Долно Блаце: Уапсен 43-годишник од Кондово со две потерници за затворски казни — отвора на Press24

Денеска на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Ф.Т. (43) од с. Кондово, скопско, кој бил баран по две централни и меѓународни потерници од МВР, по наредби од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор од осум години за кривично дело по чл.288 ст.3 „тешки дела против општата сигурност“ ...

Жители од Општина Карпош реагираат дека 10 часа немаат вода, бараат брзо решение на проблемот — отвора на Телма

Жители на Општина Карпош реагираат дека од девет часот утрово немаат вода ниту за пиење ниту за хигиена. За Телма велат дека 10 часа се без вода, не се во состојба да си ги извршуваат основните потреби, поради што револтирани бараат од „Водовод и Канализација“ во најбрз можен рок тоа...