Илијана Јотова

40 настани во последните 30 дена, од 38 медиуми

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска — отвора на Алфа

Илијана Јотова по победата: Радев, без вас немаше да успееме — отвора на 4NEWS

Илијана Јотова, која според првичните резултати победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, им се заблагодари на граѓаните за поддршката...

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме предизвиците — отвора на 4NEWS

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им ја честита изборната победа на Илијана Јотова и на Кирил Валчев, изразувајќи очекување за соработка заснована врз меѓусебно...

Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија — отвора на 24 Инфо

Илијана Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија според резултатите од паралелното пребројување на агенцијата „Алфа рисрч“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ). Овие податоци не се официјални резултати на Централната изборна комисија. При целосно обработен примерок, со пресек до 20 часот по бугарско време, Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Влчев освоиле…

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија со рекордно ниска излезност — отвора на Рацин

Илијана Јотова ќе биде следниот претседател на Бугарија, откако го победи Андреј Ѓуров во вториот круг. Изборите се одржаа со рекордно ниска излезност на гласачите, што фрла сомнеж врз улогата на следниот шеф на државата како обединувач на нацијата, објави репортер на БГНЕС. Податоците од сите социолошки агенции укажуваат на убедливо водство на двојката Илијана ...

Победата на Јотова не носи добри вести за евроинтеграциите на Македонија: Софија не отстапува од францускиот предлог — отвора на Република

Победата на Илијана Јотова на претседателските избори во Бугарија не навестува промена во односите меѓу Софија и Скопје, ниту, пак, отвора простор за очекување дека Бугарија ќе ја промени својата позиција во однос на македонските евроинтеграции. Напротив, нејзините досегашни изјави покажуваат дека Софија ќе продолжи да инсистира на исполнување на условите од францускиот предлог, вклучително ...

Софија со Јотова поблиску до Москва, подалеку од Скопје. Што може на Бугарија да ѝ донесе победата на Илијана Јотова? — отвора на Плусинфо

Јотова, во завршницата на претседателската кампања, побара Русија да се врати на преговарачката маса, а Бугарија да помогне како дипломатски канал. Таа се заложи контактите со Владимир Путин да се обновуваат во име на целата Европска Унија. „Фајненшл тајмс“ анализира дека таа и Радев се тандем што го засилува проруското крило во Софија.

Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на претседателските избори во Бугарија, според првите излезни анкети — отвора на Инфомакс

Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев води во вториот круг од претседателските избори во Бугарија со освоени 52,5% од гласовите. Ова го покажуваат резултатите од излезната анкета на социолошката агенција „Тренд“, спроведена до 19 часот. На второто место се кандидатите Андреј Ѓуров и Георги Кандев, со 43,4% од гласовите, според истата анкета. Вториот круг ...

Јотова пред Ѓуров во раниот пресек од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е 3,3 проценти — отвора на 360 степени

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Бугарија утре избира претседател: Јотова и Ѓуров во неизвесна трка, изборите во сенка на војната во Украина и тензиите во Црното Море — отвора на Република

Бугарија утре, 1 ноември, ќе го одржи вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. Изборната трка влегува во завршницата по првиот круг, одржан на 25 октомври, во кој ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди победа. Според конечните резултати на ...

12 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ИнфомаксТРН+4

Јотова води пред Ѓуров со 14,6 процентни поени, излезеноста до 12:30 часот е 9,6 проценти — отвора на 360 степени

Според новиот пресек од излезната анкета што ја објавува Дневник.бг, Јотова има 55,2 проценти, а Ѓуров 40,6...

Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите од вториот круг за избор на претседател — отвора на Либертас

Спроти вториот круг од изборите за седмиот претседател на Бугарија каде избирачите треба да се определат помеѓу двете кандидатски двојки Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев, бугарските медиуми анализираат кој има повеќе шанси да биде новиот станар на „Дондуков“ број 2, адресата на претседателската палата. Јотова е веќе претседател, а ...

8 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: КурирЛидер+3

Бугарите денеска гласаат за нов претседател – Јотова и Ѓуров во тесна трка — отвора на Телма

Бугарските гласачи излегоа на гласање во вториот круг од претседателските избори, кој е одбележан со регионални безбедносни закани и економски грижи во земјата. Претседателката, Илијана Јотова, се соочува со опозицискиот кандидат и поранешен привремен премиер, Андреј Ѓуров, откако во првиот круг на 25 октомври таа оствари тесна победа со разлика од 2,8 отсто. „Овие избори ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Јотова ги повика европските лидери да разговараат со Путин: Бугарија да биде дипломатски канал меѓу Москва и ЕУ — отвора на Инфомакс

Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на обновување на директниот дијалог меѓу европските лидери и рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека Софија треба да игра поактивна улога во дипломатските контакти меѓу Москва и Европската Унија. Пораката доаѓа во завршницата на претседателската кампања, пред вториот круг на 1 ноември, во кој Јотова се соочува со Андреј Ѓуров. ...

Слушнете се со Владимир: Секоја земја од ЕУ треба да му се јави на Путин — отвора на Вечер

Секоја земја од Европската Унија треба да го покани претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави актуелната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, како дел од нејзината изборна кампања....

Петков и Јотова ќе се судат за Македонија: Поранешниот бугарски премиер најави тужба против претседателката — отвора на Инфомакс

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) Кирил Петков најави дека ќе поднесе тужба против претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, обвинувајќи ја дека изнесувала невистини за неговите постапки во врска со Македонија и за енергетската политика на неговата влада. Повод за најавата е вчерашната дебата меѓу Јотова и Андреј Ѓуров, во ...

Јотова со полна уста за Македонија во предизборната трка во Бугарија — отвора на Инфомакс

Јотова нема да отстапи ниту сантиметар од позицијата за Македонија, го посочи Кирил Петков како слаба алка во преговорите – тој ѝ одговори со најава за тужба. Кандидатката за претседател на Бугарија, Илијана Јотова, во предизборната дебата на Бугарската национална телевизија порача дека нема да има отстапки кон Скопје, и покрај обидите, како што рече, ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Пулс24Журнал

Македонија ги скара Јотова и Ѓуров во единствената претседателска дебата — отвора на Рацин

Македонија повторно се најде во центарот на бугарската претседателска кампања. Во единственото телевизиско соочување пред вториот круг од изборите, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров разменија обвинувања за тоа кој ја заштитил бугарската позиција кон Скопје и кој е заслужен што условите поставени од Софија станаа дел од европската преговарачка рамка. Иако двајцата не најавија промена ...

Бугарија пред вториот круг избори: Зошто Јотова губи гласови? — отвора на Независен весник

Изборната кампања имаше еден главен ефект: Илијана Јотова изгуби дел од предноста пред Андреј Ѓуров. Таа остана фаворит за победа во првиот круг, со освоени над 40% од гласовите, но поддршката за неа е во надолен тренд наспроти таа на нејзиниот конкурент. Доколку овие трендови се потврдат на изборите во недела, вториот круг би можел ...

Јотова и Ѓуров со спротивставени ставови за францускиот предлог и бугарската политика кон Северна Македонија — отвора на 360 степени

Јотова оцени дека Договорот за добрососедство со Северна Македонија не донел напредок во билатералните односи и порача...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Како се кроеше францускиот предлог - Претседателската дебата во Софија открива неверојатни тајни — отвора на Вечер

Односите со Македонија и францускиот предлог предизвикаа судир на ставови меѓу кандидатите за претседател на Бугарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, во предизборната дебата што синоќа се одржа на Бугарската национална телевизија (БНТ)....

Францускиот предлог и во претседателскиот ТВ дуел на Јотова и Ѓуров — отвора на Телма

Односите со Македонија и таканаречениот француски предлог беа меѓу темите за кои вечерва дебатираа кандидатите за претседател на Бугарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, во единствената телевизиска дебата пред вториот круг од претседателските избори, закажан за 1 ноември. Андреј Ѓуров, независен кандидат поддржан од опозицијата и еден од предлагачите...

Само 42.719 гласа меѓу Јотова и Ѓуров, се заострува битката за претседател на Бугарија — отвора на Рацин

Само 42.719 гласа ги делат Илијана Јотова и Андреј Ѓуров пред вториот круг од претседателските избори во Бугарија, закажан за 1 ноември. Ѓуров, кој во текот на кампањата успеа значително да ја намали предноста на противкандидатката, порача дека изборите не се однапред решени и го обвини премиерот Румен Радев за директно мешање во изборната трка. ...

Само 352 бугарски државјани гласале во Македонија за претседателските избори во Бугарија — отвора на Локално

Скрински: Урамнотежените пораки на Јотова можеби ја објаснуваат поддршката кај гласачите во Македонија — отвора на 4NEWS

Јавните настапи и начинот на комуникација на Илијана Јотова можеби се дел од објаснувањето за поддршката што ја добила од бугарските државјани...

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше за опасноста од автократија во Бугарија — отвора на Инфомакс

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова одбила интервју за емисијата „Quest Means Business“ на американската телевизија Си-Ен-Ен, посветена на серијата избори во европските земји. Така, во емисијата гостувал само Андреј Ѓуров, кој зборувал за актуелните предизвици во бугарската политика и за „опасноста од автократија“ поради концентрацијата на моќта во парламентот, кај...

Јотова и Ѓуров продолжуваат во вториот круг — отвора на Нова Македонија

Претседателски избори во Бугарија Рекордно нискиот одзив од околу 22 отсто го обележа првиот круг од претседателските избори во Бугарија, одржани во неделата. Притоа најмногу гласачи го искористиле своето право во главниот град Софија, вкупно 18,36 отсто. Двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев е во водство по првиот круг од претседателските избори во Бугарија, според ...

Излезна анкета во Бугарија: Јотова со тесна предност пред Ѓуров, значително помала од предизборните прогнози — отвора на 360 степени

Бугарија: Повторно пресврт во резултатите од првиот круг од претседателските избори — отвора на Нетпрес

По обработувањето на 100 отсто од избирачкиот материјал, двојката претседателски и потпретседателски кандидат Илијана Јотова – Кирил Валчев добил 34,75 отсто со што го презема водството пред тандемот Андреј Ѓуров – Георги Кандев – 31,95 отсто од гласовите, соопшти во понеделникот вечерта бугарската централна изборна комисија. Така, атуелната бугарска претседателка Илијана Јотова добива тесна...

Избори во Бугарија Од обработени 98,99 отсто гласови Јотова и Валчев освоиле 34,7 отсто, Ѓуров и Кандев 32 — отвора на Независен весник

Централната изборна комисија во Софија на својата веб страница ги објави податоците од претседателските избори одржани вчера, според кои при обработени 98,99 проценти од протоколите води двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев. Јотова и Валчев имаат освоено 524 913 гласови или 34,7% поддршка. На второ место се двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 483 ...

9 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: КурирА1он+2

Доаѓа ли ерата на претседателките на Балканот? — отвора на ТРН

Балканот, каде што политиката со децении важеше за машки терен, полека добива ново лице. По Македонија, Словенија и Косово, и Бугарија е пред можноста граѓаните директно да изберат жена за претседател. Илијана Јотова веќе е на чело на државата, но сега се бори за сопствен изборен мандат. Дали жените конечно ги рушат политичките стереотипи и ...

Јотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со Ѓуров — отвора на Независен весник

Рекордно ниска излезност на гласачите го одбележа првиот круг од претседателските избори во Бугарија, придружена со неочекувано слаб резултат за фаворитот, Илијана Јотова, како и силен настап на претседателскиот тандем Ѓуров и Кандев. Ова се првичните заклучоци врз основа на проекциите од излезните анкети по затворањето на гласачките места, јави БГНЕС. Илијана Јотова и Андреј ...

14 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: А1онСкопје1+4

Рекордно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија, следи втор круг — отвора на МКД.мк

Според преброените 95 отсто од гласовите, актуелната претседателка Илијана Јотова освои 34,6 отсто, додека поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров доби 32 отсто. Ниту еден од 27-те кандидати не го достигна прагот од 50 отсто потребен за победа во првиот круг за претседателската функција – улога која во Бугарија е главно церемонијална. Изборите добија дополнително значење ...

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија, се наѕира втор круг — отвора на 4NEWS

Неизвесна трка за претседателската функција во Бугарија и можен втор круг на 1 ноември покажуваат првичните изборни податоци. Кандидатската двојка Илијана Јотова...

Изненадување во Бугарија: Јотова води, но Ѓуров ѝ дише во врат — отвора на Рацин

Првите излезни анкети од претседателските избори во Бугарија покажуваат многу понеизвесна трка од очекуваното. Илијана Јотова освоила 35,3 отсто од гласовите, додека Андреј Гјуров има 32,4 отсто, според податоците на агенцијата „Алфа рисрч“. Разликата од само 2,9 процентни поени е изненадување, бидејќи предизборните истражувања покажуваа предност на Јотова од 15 до 20 процентни поени. Според ...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: БулеварУтро

Пораз на Јотова може да ја разниша владата на Радев — отвора на Рацин

Претседателските избори во Бугарија би можеле да предизвикаат и владина криза. По неочекувано тесната разлика меѓу Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во првиот круг, бугарските аналитичари предупредуваат дека евентуален пораз на Јотова на 1 ноември може сериозно да ја разниша владата на премиерот Румен Радев. Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, при 99,94 проценти ...

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа — отвора на Скопје1

Обработката на гласовите од претседателските избори во Бугарија е речиси завршена, а разликата меѓу првите две кандидатски двојки изнесува 42.826 гласа, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.Според пресекот од 9 часот на 26 октомври 2026 година, при обработени 99,94 отсто од записниците на секциските изборни комисии во регионалните изборни комисии, на првото место се Илијана...

Јотова и Ѓуров: Двајцата одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа — отвора на Либертас

Кандидатските двојки за претседател и потпретседател Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат резултатите од паралелното пребројување на социолошките агенции регистрирани во ЦИК за спроведување анкети на денот на изборите. Според 100 процентен примерок од паралелниот попис: социолошката агенција „Тренд“...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Канал 77Сител

Ѓуров или Јотова, може ли Македонија да добие помалку тврд претседател во Софија? — отвора на Рацин

Претседателските избори во Бугарија отвораат важна дилема и за Македонија. Дали евентуалната победа на Андреј Ѓуров би донела промена во односите меѓу Скопје и Софија? Иако Ѓуров има поинаков политички профил од Илијана Јотова, неговите досегашни изјави покажуваат дека разликата меѓу двајцата во однос на уставните измени, како клучен услов за продолжување на македонските евроинтеграции, ...

Јотова по изборите во Бугарија: Илузија е дека можеме да ја промениме државата без да гласаме! — отвора на 4NEWS

Актуелната претседателка на Бугарија и кандидатка за нов претседателски мандат, Илијана Јотова, изрази загриженост поради ниската излезност на претседателските избори, нагласувајќи дека...