Кристијано

40 настани во последните 30 дена, од 41 медиуми

Уште нема реакција од Меси по објавата за повлекување на Роналдо — отвора на Спортманија

Поминаа два дена откако Кристијано Роналдо објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, а иако многумина пораки до Португалецот со кои со почит му честитаа за направеното во дресот на националниот тим, уште трае молкот од Лионел Меси. Целосното отсуство на јавна реакција од страна на Меси на одлуката на Кристијано стана главна тема на ...

Жорж Жезус го објави списокот без Роналдо — отвора на MakPress

Португалскиот селектор Жорж Жезус го објави списокот на фудбалери без името на Кристијано Роналдо, кој се прости од репрезентативниот дрес. Тој повика 28 играчи и меѓу нив има дури седум нови во однос на претходниот собир, а петмина од се дебитанти во сениорската репрезентација. Меѓу повиканите се и Бруно Фернандеш, Бернардо Силва и Рубен Дијаш. ... The post Жорж Жезус го објави списокот без…

Тиквеш славеше против Скопје, создаде многу шанси, постигна еден гол — отвора на МакФудбал

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан Наумовски блескаше на голот на Скопје. Бодовите, сепак, му припаднаа на Тиквеш. Тиквеш дојде во водство во 25.минута. По корнерот од десната страна, Ренатињо со волеј-удар ја затресе мрежата на Кристијан Наумовски. ...

Селекторот на Португалија за заминувањето на Роналдо: Немав поим, дознав исто како и сите други! — отвора на А1он

Жорже Жезус, селекторот на португалската фудбалска репрезентација, за првпат јавно ја коментираше одлуката на Кристијано Роналдо (41) да стави крај на својата репрезентативна кариера. На прес-конференцијата пред натпреварите од Лигата на нации против Данска и Велс, Жезус откри дека не знаел за одлуката на Роналдо и дека планирал да го...

После Кристијано Роналдо – Бернардо Силва: Португалците го одредија новиот капитен — отвора на МакФудбал

Крајот на кариерата на Кристијано Роналдо во националниот тим на Португалија доведе до логични промени. Главното прашање по неговото заминување беше кој ќе ја земе капитенската лента. И покрај многуте дискутирани опции, селекторот Жорже Жезус донесе категорична одлука – Бернардо Силва. „Во националниот тим изборот на капитени се определува според бројот на одиграни натпревари”, изјави ...

Жесус: Мислев дека Кристијано ќе се врати во репрезентацијата — отвора на Екипа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалецот, Жорге Жесус, изјави дека не очекувал дека Кристијано Роналдо ќе стави крај на репрезентативната кариера и покрај нивните несогласувања од минатиот месец. „Мислев дека ќе се врати во репрезентација. Секако планирав да го ставам на списокот за претстојните натпревари“, изјави Жесус. Селекторот го објави списокот на повикани фудбалери за ...

Кристијано Роналдо ја заврши кариерата во португалската репрезентација! — отвора на Независен весник

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, денес официјално објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Оваа вест доаѓа еден месец по конфликтот со селекторот Жорге Жесус, по што го напушти состанокот на репрезентацијата. Тој дебитираше за Португалија во 2003 година, а со репрезентацијата го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата ...

15 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: Опсервер4NEWS+6

Мурињо со поддршка за Роналдо: Заслужи подобро... — отвора на Екипа

Одлуката на Кристијано Роналдо, да стави крај на репрезентативната кариера, шокира најголем дел од фудбалските фанови, и меѓу нив е тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо. Мурињо ја искористи прес-конференцијата пред дуелот со Валенсија во рамки на Ла Лига, за да му испрати порака на Роналдо со кого заедно соработуваа три години во Реал. Тренерот ...

Шок во Португалија: Роналдо се прости од репрезентацијата — отвора на Република

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денес го објави своето пензионирање од репрезентацијата. Четириесет и едногодишниот фудбалер својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи. Роналдо го имаше своето деби за репрезентацијата на Португалија во 2003 година. Одигра 234 натпревари за репрезентацијата, постигнувајќи 146 гола. Тој го освои Евро 2016 и е двократен победник на Лигата на нации…

4 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: БрифMakPress+1

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат — отвора на Кајгана

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат Александра Спасеска 06.11.2026 / 09:28 Фудбал Повлекувањето на Кристијано Роналдо од репрезентативниот фудбал не остана незабележано на највисоките нивоа во светскиот фудбал. Само неколку часа откако португалската легенда објави дека става крај на својата репрезентативна кариера по 23 години полни со…

Толку беше, Кристијано Роналдо се повлече! — отвора на Sport M

Приказна за Роналдо која никој не ја знае: „Тој требаше да игра за нас!“ — отвора на Екипа

Кристијано Роналдо ја одбележа историјата на португалскиот фудбал, но малку е познато дека поради неговите семејни корени, можел да има сосема поинаков репрезентативен пат. Роналдо стана икона на португалскиот и светскиот фудбал, но на почетокот на неговата кариера, неговиот фудбалски пат можел да биде сосема поинаков. По збогувањето на Роналдо со репрезентацијата, се појави приказна ...

Жоржи Жезуш: Сакав Роналдо да продолжи во репрезентацијата — отвора на Нетпрес

Го замолив да продолжи, но на крајот морам да ја прифатам неговата одлука, изјави португалскиот фудбалски селектор Жоржи Фернанду Пињеиру ди Жезуш по повод збогувањето со репрезентацијата на легендарниот Кристијано Роналдо. По рекордни 234 натпревари за Португалија и 146 гола во дресот на репрезентацијата, Кристијано Роналдо одлучи да ја заврши својата меѓународна кариера. Со Португалија, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Фернандеш за Роналдо: Ти благодарам за инспирацијата — отвора на Република

Фудбалерот од средниот ред на Португалија и Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, му се обрати на напаѓачот Кристијано Роналдо, кој објави дека се пензионира од репрезентацијата. Четириесет и едногодишниот Роналдо ја објави својата одлука денес преку социјалните мрежи. Ти благодарам за инспирацијата! Беше чест да споделам одлични моменти за нашата репрезентација со мојот идол од детството“, ...

5 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

„Роналдо сака да биде тренер или сопственик на Манчестер Јунајтед“ — отвора на SportSport

Кристијано Роналдо би сакал еден ден повторно да биде дел од Манчестер Јунајтед, но овој пат во поинаква улога – како тренер или дури и сопственик на англискиот клуб. Таква можност најави Мик Клег, поранешниот кондициски тренер на „црвените ѓаволи“, кој соработуваше со португалската ѕвезда за време на неговиот прв престој на „Олд Трафорд“. Клег ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: ВечерЛидер

Португалскиот премиер Монтенегро: Тоа што го направи Роналдо ќе одекнува цела вечност — отвора на MakPress

Португалскиот премиер Луис Монтенегро одговори на објавата на напаѓачот Кристијано Роналдо дека се повлекува од португалската репрезентација. Денес о четврток, 5 ноември, 41-годишниот фудбалер објави петминутно видео на своите профили на социјалните мрежи, обраќајќи им се на португалскиот народ и објавувајќи ја својата одлука да се повлече од репрезентацијата по 23 години. – Кристијано, ти ...…

Сестрата на Роналдо навести дека не е сѐ кажано. Можеби ќе се дознае што стои зад повлекувањето на асот — отвора на Плусинфо

Катија Авеиро објави емотивна порака откако Кристијано Роналдо потврди дека ја завршува репрезентативната кариера. Нејзините зборови за неодговорените прашања предизвикаа шпекулации дека јавноста сѐ уште не ја знае целата приказна.

Крај на една фудбалска ера. Роналдо ја напушта Португалија — отвора на Национално

Кристијано Роналдо стави крај на својата репрезентативна кариера и по повеќе од две децении се простува од дресот на Португалија. Зад себе остава неверојатен биланс од 234 настапи и 146 постигнати голови, како и европската титула освоена во 2016 година. Одлуката на фудбалската легенда предизвика бројни реакции. Премиерот на Португалија, Луис Монтенегру, му се заблагодари ...

Фудбалската федерација на Португалија се збогува со Роналдо: „Ти благодараме за сѐ, капитену! (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Веста за пензионирањето на Кристијано Роналдо од португалската репрезентација предизвика бран емотивни реакции во неговата татковина. Португалската фудбалска федерација изрази длабока благодарност до својот 41-годишен капитен за неговото извонредно патување со репрезентацијата, кое вклучуваше импресивни 234 натпревари и 146 голови. Сепак, штабот покажа дека не е подготвен да се збогува туку-така…

4 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: ВечерЛидер+1

Кристијано Роналдо стави крај на репрезентативната кариера по 23 години и 146 гола — отвора на ТРН

Кристијано Роналдо официјално стави крај на својата 23-годишна репрезентативна кариера за Португалија. Четириесет и едногодишниот капитен ја потврди одлуката преку социјалните мрежи во четврток наутро, заокружувајќи го својот пат во националниот тим со рекордни 146 погодоци на 243 одиграни натпревари. Повлекувањето доаѓа непосредно по несогласувањата со селекторот Жорж Жесус за време на…

Жорге Жезус проговори за пензионирањето на Роналдо — отвора на МКД.мк

Минатиот месец Жезус и Роналдо влегоа во кавга по што ЦР7 ја напушти репрезентацијата. Тој беше повикан за престојните дуели, но реши да објави крај на репрезентативната кариера. „Кристијано е глобална икона, пример за Португалија и националниот тим. Имав огромна фотографија од него ставена за младите играчи да можат секој ден да се угледуваат на ...

Федерацијата потврди: Ќе организираме проштален натпревар за Кристијано Роналдо — отвора на Sport M

По објавата на Кристијано Роналдо за конечно повлекување од репрезентацијата, Португалската фудбалска федерација реагираше со емотивно соопштение, изразувајќи благодарност за легендарниот капитен....

Ретро капитенско фото: Ристовски и Роналдо на “Драгао“!(ФОТО) — отвора на SportSport

По повод објавата на Кристијано Роналдо дека е крај на неговата репрезентативна кариера, секако топ – вест во светот на фудбалот, се огласи и Стефан Ристовски. Некогашниот капитен на нашата репрезентација, еден од најдобрите фудбалери кои сме ги имале во последните 15 години, на своите социјални мрежи се потсети на историскиот меч на “Драгао“ во ...

Сѐ за неславното заминување на Роналдо од националниот тим — отвора на Макфакс

Недоразбирањата меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорге Жесус, започна поради неисполнет договор за минутите што требаше капитенот да ги добие на теренот, ескалираше во отворен конфликт по прес-конференција, заврши со заминување на капитенот од репрезентацијата, дисциплинска мерка и 30-дневна суспензија. Во срцето на целата приказна е исклучително необично барање од Роналдо…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ — отвора на Press24

Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на работен ручек организиран од директорот на Европската академија во Берлин (European Academy Berlin), д-р Кристијан Јохан, посветен на европската перспектива на Северна Македонија и иднината на политиката на проширување на Европската Унија. Разговорот беше…

Рекордерот оди во пензија: Кристијано Роналдо повеќе нема да игра за Португалија — отвора на МКД.мк

Португалската суперѕвезда ја сподели одлуката преку емотивна порака на Инстаграм, во која се осврна на 23-те години поминати во националниот тим. Роналдо дебитираше во август 2003 година, а во меѓувреме стана најдобар стрелец и фудбалер со најмногу настапи за Португалија. „Дојде денот да го вратам дресот со бројот седум на репрезентацијата. Никогаш не го чувствував ...

Кристијано Роналдо кажа збогум — отвора на SportSport

Крај на една голема ера? Кристијано Роналдо донесе одлука да стави точка на репрезентативната кариера и да се посвети исклучиво на клупскиот фудбал. Еден од најдобрите фудбалери во историјата, кој зад себе има рекордни бројки во националниот тим на Португалија, најави дека дошол моментот да се раздели со дресот со број 7. Роналдо, кој петпати ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Вечер

Сиена Милер во мини фустан, како штотуку да слегла од модната писта — отвора на Макфакс

Сиена Милер и Кристијан Бејл го промовираа својот нов филм „Madden“, при што актерката донесе вистинска магија од 90-тите на црвениот тепих, појавувајќи се во монохроматско издание што потсетува на принцеза, надополнето со опуштени руси бранови на косата. Само неколку дена откако ги воодушеви присутните на еден настан во Лос Анџелес – на кој присуствуваше ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Коцевски повторно блесна со 53 поени, Борец Баскет со победа во М-20 лигата — отвора на Батали

Младите кошаркари на Борец Баскет забележаа пораз на домашен терен од Водно Санс со 84:95, во натпревар од М-18 Првата лига. За велешани ова беше трет пораз во досегашниот тек на првенството. И покрај поразот, натпреварот го одбележа уште една извонредна индивидуална партија на Кристијан Коцевски, кој постигна неверојатни 53 поени. Ова е втор негов ...

Роналдо го доби повикот што го чекаше — отвора на Пулс24

Кристијано Роналдо Јуниор, најстариот син на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, направи нов чекор во својата кариера. Младиот фудбалер за прв пат доби повик во португалската репрезентација под ...

Ова е најдобрата верзија на Интер — отвора на Република

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги пофали своите фудбалери по триумфот од 3:0 синоќа над Феенорд во четвртото коло од Лигата на шампионите. -Знаевме дека нѐ очекува многу тежок натпревар тука. За среќа, успеавме да постигнеме ран гол. Тоа ни даде самодоверба. Станавме посмирени и сфативме дека правиме сѐ како што треба. Ја видовте најдобрата ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Дали Интер вечерва ќе се врати на победите? — отвора на Република

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги сподели своите очекувања за гостувањето против Феенорд во Лигата на шампионите. – Верувам во работата, во мојот тим, во тоа што моите фудбалери направија досега. Тие се шампиони и го покажаа тоа. Имаше некои негативни епизоди и грешки, од кои мора да учиме, да ги прифатиме и да продолжиме ...

Тен Хаг за Роналдо: Реал знаеше кога да се ослободи од него, од Јувентус беше готов — отвора на Макфакс

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, повторно остро го критикуваше Кристијано Роналдо (41), со кого имаше многу недоразбирања за време на нивниот заеднички престој на „Олд Трафорд“. Холандскиот стручњак, кој моментално е технички директор на Твенте, во интервју за ESPN изјави дека португалскиот напаѓач не можел да игра на своето поранешно ниво со ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Кејн брка рекорд на Роналдо — отвора на Нова Македонија

ФУДБАЛ – ВО 4. КОЛО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Хари Кејн постигна гол во десет последователни натпревари во Лигата на шампионите, надминувајќи ги Роберт Левандовски и Руд ван Нистелрој и има еден меч помалку од рекордерот Кристијано Роналдо Кристијано Роналдо го држи рекордот за постигнување барем еден гол во најмногу последователни натпревари во Лигата на ...

Облече венчаница натопена во крв и, за првпат, не предизвика никакви навреди кон себе — отвора на Макфакс

Георгина Родригез се погрижи овој Хелоуин да биде што е можно пострашен; нејзиниот костим го привлече вниманието на јавноста на социјалните мрежи. Сопругата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, ги поведе своите следбеници на Инстаграм на вистинско хорор патување за Хелоуин. Таа сподели серија морничави фотографии на кои позира во венчаница извалкана со крв, придружувана од ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Дваесет и шест фудбалери во конкуренција за идеалниот тим на светот — отвора на Независен весник

Меѓународното здружение на професионалните фудбалери објави дека гласањето е завршено и избрани се 26 кандидати за идеалниот тим на светот за 2026 година според FIFPro за 2026 година. Во гласањето учествуваа 19.806 фудбалери од 75 држави, а конечната постава ќе биде објавена следниот понеделник ан 9.ноември. Конечните 11 ќе бидат според гласовите на фудбалерите, а ...

7 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: ДенешенMakPress+1

Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Ал-Наср против Пахтакор — отвора на Курир

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не е вклучен во составот на тимот за гостувањето против Пахтакор во четвртото коло од Лигата на шампионите на Азија, објави главниот тренер на саудискиот клуб, Анже Постекоглу. Тренерот ја објасни одлуката наведувајќи ја потребата да се одморат клучните играчи на тимот. -Решив да ги одморам Роналдо, Коман и Симакан поради густиот распоред и честите…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Бриф

Меси и Роналдо повторно во трка за идеалниот тим на светот. Меѓу 26 кандидати се и Мбапе, Халанд и Јамал — отвора на Плусинфо

Речиси 20.000 професионални фудбалери гласаа за најдобрите играчи во 2026 година. Конечната единаесетка ќе биде објавена на 9 ноември, а во нападот конкуренцијата е особено силна.

Хари Кејн во потера по Роналдо, може да го изедначи рекордот на Португалецот во Лигата на шампионите — отвора на Sport M

Хари Кејн сака да ја заборави промашената пенал во „Класико“ против Борусија Дортмунд и сега го има во цел рекордот на Кристијано...

Ромеро нема дилема кој треба да ја добие „десетката“ во репрезентацијата на Аргентина — отвора на Макфакс

Лионел Меси се збогува со дресот на аргентинската репрезентација минатиот месец, а многумина се прашуваат кој ќе го носи дресот со број десет. Новиот капитен, Кристијан Ромеро, исто така зборуваше за тоа, и тој нема дилема кому треба да му припадне култната десетка. „Ако требаше јас да решам, би му го дал дресот со број ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер