Мицкоски

40 настани во последните 30 дена, од 38 медиуми

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ — отвора на Скопје1

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон СДСМ по прес-конференцијата на Богданка Кузеска, обвинувајќи ја опозициската партија за навреди и лицемерие, а нејзините обвинувања за криминал ги оцени како обид за нарушување на угледот на премиерот Христијан Мицкоски и партијата.Во соопштението од 27 октомври, владејачката партија ги обвини поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ...

Филипче од Босилово: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица – Штука — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со граѓаните во општина Босилово порача дека нема да дозволат отворање на рудникот Иловица – Штука, обвинувајќи ја актуелната власт дека подготвува терен за реализација на проектот.На средбата присуствуваа и пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и граѓански активисти, претставници на невладини организации и жители на…

Премиерот Мицкоски на промоција на mUslugi — отвора на Република

Утре 28.10.2026 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на промоција на mUslugi во Македонска филхармонија.

Мицкоски на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“: Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината — отвора на Република

Вечерва присуствував на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која преку 60 оригинални историски фотографии, од кои многу ретки и досега необјавени, го оживува споменот на едно време исполнето со борба, жртва и непокор, објави на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски. Изборот е направен од приватните колекции на Диме Ратајкоски и ...

7 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ЛидерАлфа+1

Самиот Мицкоски да изгубеше немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост, вели Жерновски за поразот на Вучиќ — отвора на Локално

„Траорната атмосфера во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ само го потврдува тоа што го...

„Кога паѓаат заштитниците, доаѓа редот на нивните клиенти“: Жерновски со порака до Мицкоски — отвора на Скопје1

Андреј Жерновски од СДСМ оцени дека политичките промени во Србија може да отворат простор за демонтирање на мрежите што со години ги поврзуваат политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а за кои тврди дека се поврзани и со власта на Христијан Мицкоски во Македонија.Во својата објава, Жерновски ја критикуваше, како што ја нарече, „траорната атмосфера“ во партијата на Мицкоски по поразот на…

Младите да ја градат иднината дома: Мицкоски со нова програма за повеќе работни можности и посигурни работни места — отвора на Вечер

„Не сакаме младите да ја гледаат својата иднина единствено надвор од својата татковина. Сакаме тука да ја добијат својата прва шанса, да градат кариера и да ги остваруваат своите амбиции. Мораме да создадеме и повеќе можности за економско зајакнување на жените и за нивно поголемо учество на пазарот на трудот“, порача Мицкоски.

„Целта е да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот“, вели Мицкоски — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија треба да биде држава во која трудот е праведно вреднуван, работниците имаат сигурност, а младите можат да градат иднина во сопствената земја. Ова го истакна на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година.Мицкоски нагласи дека меѓу главните предизвици на пазарот на трудот се недостигот од...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања — отвора на Сител

Падот на Вучиќ ќе ги открие криминалните зделки со Мицкоски, обвинија денеска од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ пак ги потсетува на блиската соработка на Заев и Вучиќ во екот на Короната, Енергетската криза и средбите од Опен Балкан. Фото за вовед: YouTube видео: Категорија: Македонија

Средба Мицкоски-Хаџиу: Отворениот дијалог и регионалната соработка се клучни за стабилноста — отвора на Курир

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, на која во фокусот биле унапредувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји. Мицкоски информираше за средбата преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека отворениот дијалог, меѓусебното почитување и засилената регионална...

СДСМ е основоположник на српскиот, рускиот и на кинескиот свет во Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ ѝ се прели чашата од обвинувањата од СДСМ — отвора на Плусинфо

Нам ни е јасно дека СДСМ се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, но, ова веќе ја прели чашата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката и член на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, која, меѓу другото, рече дека Александар Вучиќ му е ментор на Мицкоски.

„Шефот на македонската банда е Мицкоски“ – Кузеска со тешки обвинувања по падот на Вучиќ — отвора на Скопје1

Падот на Александар Вучиќ на изборите во Србија ќе отвори истраги што, според СДСМ, ќе ги разоткријат наводните криминални и деловни врски меѓу српската власт и премиерот Христијан Мицкоски. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, изнесе серија обвинувања за енергетски бизниси, банки, медиумско влијание, политички партии и организиран криминал.„Историската...

11 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: МакфаксБриф+4

Мицкоски: Сакаме економија чиј раст ќе го чувствуваат граѓаните и инвестиции што создаваат добро платени работни места — отвора на Макфакс

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека целта на Владата е создавање економија чиј раст ќе го чувствуваат граѓаните, со повеќе инвестиции, квалитетни и добро платени работни места и подобри услови за работниците. Во обраќањето по повод потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, тој најави реформи во трудовото законодавство, модернизација на...

Достоинствената работа не е привилегија, туку право. Меѓународната организација на трудот ја потпиша македонската програма — отвора на Плусинфо

Според премиерот Христијан Мицкоски оваа програма е директен одговор на најголемите рани на македонското општество – масовното иселување на младите луѓе, хроничниот дефицит од квалификувана работна сила и лошата усогласеност меѓу образовниот систем и реалните потреби на бизнисот.

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија — отвора на Сител

На домашната политичка сцена, опозицијата и денеска се радува на изборните резултати во соседна Србија. На прес конференција утрово од партијата тврдат дека сега ќе почнела, како што велат, разврска на сите криминални соработки кои наводно Вучиќ ги имал со Мицкоски. Фото за вовед: YouTube видео: Категорија: Македонија

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавност на СДСМ: Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Локално

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“ — отвора на Скопје1

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати нови обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека се обидуваат да се дистанцираат од Александар Вучиќ и Српската напредна странка (СНС) по политичките промени во Србија. Од опозициската партија најавуваат дека следуваат истраги и одговорност, но не наведуваат конкретни информации за официјално отворени...

ДОМ: Знае ли Владата што значат стотици мегавати за енергетскиот систем? — отвора на Макфакс

„Најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата нема да се повлече од плановите за изградба на дата-центри и дека Македонија треба да фати чекор со технолошкиот развој отвораат сериозни прашања. Колку големи дата-центри планира Владата и колкав товар тие би претставувале за македонскиот енергетски систем“, прашува ДОМ. „Со развојот на вештачката интелигенција, во светот се ...

Мицкоски му честитал на Илија Срдановиќ, носителот на листата „Студентите победуваат“ — отвора на Рацин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со професорот д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, и му честитал за изборниот резултат и победата, соопшти Мицкоски. „Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, му посакав успех во периодот што следува“, наведе премиерот во објавата за разговорот. Мицкоски изрази уверување дека добрите меѓудржавни...

Седница на Економско-социјалниот совет: Работничките права и подобрувањето на условите за работа дел од темите — отвора на Курир

Атуелните економски и социјални прашања, работничките права и подобрувањето на условите за работа беа теми на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот Христијан Мицкоски објави дека на седницата била истакната важноста на социјалниот дијалог и соработката меѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Економско-социјалниот совет претставува значаен механизам за усогласување на...

СДСМ со исти тези како Софија се бори против Мицкоски — отвора на Инфомакс

Филипче и бугарската Фондација „Македонија“ со идентична порака: Паднаа Орбан и Вучиќ, следен е Мицкоски Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов објавија пораки со речиси идентична теза по изборните случувања во Србија. Двајцата го поврзуваат поразот на Виктор Орбан во Унгарија и на Александар Вучиќ во Србија со ...

Мизерни се, одработуваат за интересите на Мицкоски и сакаат да го поделат СДСМ – вели Филипче за платформата „Разговори за иднината“ — отвора на 360 степени

„Колку треба да се мизерни тие луѓе да одработуваат за ваква предавничка агенда? Нема да им помине,...

Филипче: Вучиќ планира кражба на изборите, редот е на него по Орбан — отвора на 4NEWS

Филипче кон платформерите: Вие сте ЗНАМ втор дел финансирани од ДПМНЕ — отвора на Рацин

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Платформата 12:05 дека се обидува да ја подели и ослаби партијата во интерес на власта. Одговарајќи на новинарско прашање, тој ја нарече „ЗНАМ втор дел“ и рече дека зад нејзиното дејствување стојат интересите на премиерот Христијан Мицкоски. Филипче изјави дека претставниците на Платформата биле повикани на разговор, но ...

По рецептот на Вучиќ ја делат опозицијата, поделбата нема да ви успее, порача Филипче — отвора на Макфакс

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека Христијан Мицкоски го применува рецептот на Александар Вучиќ за поделба и слабеење на опозицијата, преку како што рече, сателитски партии како Левица и ЗНАМ, а сега и преку новата платформа ЗНАМ 2.0. „По рецептот на Вучиќ ја делат опозицијата. Сателит партии како Левица, ЗНАМ, коишто ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски — отвора на Бриф

Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија ...

19 извештаи (сите извештаи)10 препишани

Известуваат и: Скопје1Press24+11

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта — отвора на А1он

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска го повтори својот став за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата и како што рече нема да му бидат алиби на премиерот Христијан Мицкоски за распишување на избори. – Ние кажавме и ќе го повторам ставот, нема да му бидеме алиби на Христијан...

Филипче го нарече ВМРО-ДПМНЕ „привезок на СНС“ и обвини за криминални врски — отвора на Рацин

Венко Филипче обвини дека власта во Македонија е поврзана со структурите на СНС во Србија преку коруптивни шеми во енергетиката и шверц на дрога. На прес-конференција, лидерот на СДСМ го нарече ВМРО-ДПМНЕ „привезокот на СНС во Македонија“ и тврдеше дека Александар Вучиќ му давал насоки на премиерот Христијан Мицкоски. Филипче им честиташе на српските граѓани ...

СДСМ: Нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови задолжувања — отвора на Press24

Од СДСМ обвинуваат дека со новиот ребаланс на Буџетот, Владата предводена од Христијан Мицкоски не предвидува доволно поддршка за работниците, земјоделците и граѓаните кои се соочуваат со растечки трошоци за живот. Од партијата посочуваат дека не се предвидени средства за зголемување на минималната плата на 600 евра, ниту нови мерки за заштита на животниот стандард ...

Честитки од сите страни за пресвртот во Србија, Мицкоски сè уште без јавна реакција — отвора на Рацин

Победата на студентската листа на изборите во Србија предизвика реакции од европските институции и регионалните лидери. Во Македонија, претседателката Давкова-Сиљаноска и претседателот на СДСМ Венко Филипче им честитаа на српските граѓани, додека премиерот Христијан Мицкоски досега нема објавено јавен став за политичкиот пресврт кај соседот. Изборниот пораз на Александар Вучиќ и победата на...

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски и работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница — отвора на Скопје1

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција изнесе обвинувања за С.З., познат како Симе, за кого тврди дека е осуден, но не се наоѓа во затвор и повторно е во друштво на премиерот Христијан Мицкоски.Кузеска посочи дека СДСМ објавил нова фотографија на која, според неа, Симе е со Мицкоски додека премиерот дава изјава. Таа тврди дека Симе работи за...

15 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: БрифPress24+8

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавност на СДСМ: Секој изминат месец имаше нови поскапувања. Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство. Околу 180.000 работници примаат помалку од ...

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред политичките конкуренти, Мицкоски со најголема поддршка — отвора на Курир

ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, покажуваат резултатите од анкетата на „Гранулекс“. Според објавените податоци, доколку изборите се одржат во овој момент, владејачката партија би освоила 23,7 проценти од гласовите на испитаниците, што е значително повеќе од поддршката за нејзините политички конкуренти. На второто место се наоѓа СДСМ со 6,9 проценти, по што...

„Секоја сличност со Филипче е случајна“ — отвора на Курир

Колку и да не им верува на анкетите, резултатите од вонредните избори за градоначалник на општина Брвеница, му се одбија од глава на самобендисаниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Последната анкета на Маркет вижн објавена на само една недела пред одржувањето на изборите покажа сооднос 4:1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, како и личен рејтинг на претседателот на владеачката партија Христијан Мицкоски од...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ и соработник на Мицкоски го промовира Вучиќ за премиер на Србија — отвора на Рацин

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ, споделил изборен промотивен материјал за Александар Вучиќ и неговата листа „Обединета Србија“. На доставената снимка од инстаграм-приказната на профилот „bozhinovski_p“ се гледа видео со партиски обележја и порака „Александар Вучиќ, премиер на Србија“. Во приказната е пренесена содржина означена со профилот...

Убаини — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Оливер Андонов Не можеме да се наситиме од убавините кои ни ги дава владата на професор, доктор ем премиер Мицкоски, сегде јет Божева хубост и блага. Распослал професор, доктор ем премиер Мицкоски со неговата дружина, само убаини низ обеспечелена Македонија. Проблемот е во нас, какви очила носиме, па не можеме да ја видиме убоста и ...

Разлика 3-1: ВМРО-ДПМНЕ 23,7 поддршка, СДСМ 6,9 — отвора на Република

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски има шестпати поголема поддршка од Венко Филипче, Али Ахмети и Димитар Апасиев, вели анкетата на „Гранулекс“. Во мерењето на партиите ВМРО-ДПМНЕ има 23, 7 отсто поддршка, СДСМ 6,9; ДУИ 5,8 ВМРО-ДПМНЕ 23,7% СДСМ 6,9% ДУИ 5.8% ВЛЕН 5,2% Левица 4,9% ЗНАМ 1,2% Други партии 0,9% Неопределени, нема да ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Pressing TV

Силна Општина се гради со граѓаните: Мицкоски од Брвеница со порака за доверба, работа и конкретни решенија — отвора на Вечер

„Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија“, порача Мицкоски.

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: СителАлфа+1

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број проекти во Брвеница — отвора на Скопје1

Кандидатот за градоначалник на Брвеница, Радичевски, истакна дека со поддршка од премиерот Христијан Мицкоски и Владата се реализираат повеќе проекти во општината. Тој заедно со премиерот беше во теренска посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Радичевски му се заблагодари на Мицкоски за поддршката во реализацијата на проектите и на граѓаните за довербата во првиот изборен круг. Тој...

14 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: КурирУтро+7

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината — отвора на Курир

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница упати повик до граѓаните да го поддржат кандидатот за градоначалник од неговата партија, Стојанче Радичевски, на изборите закажани за 1 ноември. Мицкоски порача дека изборот е меѓу, како што рече, политиката на поделби и криминал и опцијата што нуди развој, обединување и подобра иднина за општината. Обраќајќи им се на жителите на...