Нации

40 настани во последните 30 дена, од 21 медиуми

Андоновски ќе го презентира напредокот на Македонија во индексот на ОН за е-влада — отвора на Бизнис вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес, 23 ноември, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година. Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, како и развојот ...

Македонија против Кипар во баражот за место во Лига Б — отвора на Спортманија

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби Кипар за противник во баражот за место во Лига Б од Лигата на нации. Првиот меч е 25, 26 или 27-ми март и Македонија ќе гостува, а реваншот е во Скопје на 28, 29 или 30-ти март. Кипар до овој бараж дојде како второпласиран во групата во која убедливо ...

Со Кипар имаме победа и реми: Се памети хет-трикот на Бошко Ѓуровски! — отвора на SportSport

Противник во баражот за опстанок во Б Лигата на Нации ќе ни биде селекцијата на Кипар. Така сакаше ждрепката денеска во Нион. Првиот меч го играме на Кипар а реваншот на свој терен од 25 до 30 март 2027 година. Интересно, досега против оваа селекција сме играле двапати и имаме поведа дома, и реми на ...

Познати противниците за опстанок во Лига Б, жрепката в петок — отвора на Кајгана

Познати противниците за опстанок во Лига Б, жрепката в петок УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 - бараж Филип Здравески 18.11.2026 / 14:36 Фудбал Македонската репрезентација во март ја чека бараж двомеч за опстанок во Лига Б, а противник ќе биде една од четирите второпласирани репрезентации од Лига Ц. Белорусија, Кипар, Фарски Острови или Естонија - тоа се имињата меѓу кои се крие противникот за…

Се огласи Кек по повод селекторското место на Македонија — отвора на SportSport

Лавина од новинарски наслови, и „домино“ ефект предизвика вчера написот дека искусниот словенечки фудбалски стратег, и поранешен селектор на оваа репрезентација, Матијаш Кек е наследникот на Гоце Седлоски на клупата на Македонија. По серијата на порави во Лигата на Нациите, Б дивизија, и финишот со нула бодови на нашето конто, сосема очекувано е да почнат ...

Која е разликата меѓу Мрме, Благоја и Седло: Двајца професори и еден студент! — отвора на SportSport

Пишува: Зоран Ѓоршоски И дефинитивно оваа 2026 ќе остане запаметена како најцрната, најлошата, најкатастрофалната година за нашата А – репрезентација. Десет натпревари, само две ремија и осум порази со гол – разлика 1:23. Оваа 2026 ќе ја паметиме и по катастрофалниот, најцрниот циклус во едно натпреварување, овопат во Б Лигата на Нации, кога на шест ...

Спектакл во Кардиф, а Халанд во 90+6. минута со гол од пенал ја расплака Данска — отвора на SportSport

Вечерва со осум натпревари во А и Б сегментот, заврши Лигата на Нации. Најинтересно беше во Кардиф каде во еден спектакуларен меч, Португалија како гостин славеше против Велс со 2:3. Бруно Фернандеш донесе водство за Португалија уште во 11.минута, следуваа два гола на Велшаните за 2:1 и тоа преку Брукс и Томас за да во ...

ЛН: Познати два од четирите можни противници на Македонија во баражот за Лига Б — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација влегува во последната фаза од натпреварите во Лигата на нации, а со оглед на тоа што сигурно завршуваме како четврти во групата, веќе ги добиваме и можните ривали за баражот за опстанок во Лига Б. Две селекции веќе се сигурни потенцијални ривали на Македонија – Белорусија и Кипар, додека преостанатите две ќе ...

Словенците во прашалници по вчерашниот навивачки дебакл на Арената... каде исчезнаа навивачите во Скопје? — отвора на SportSport

Репрезентацијата на Словенија синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од последното коло од Лигата на Нациите, ни одржа фудбалска лекција. Не победи со 0:3 и си замина со планираните три бода. Колку и да боли поразот на терен, уште повеќе боли оној на трибините. Каде што официјално според УЕФА супервајзерот имаше не ...

Мизерија на трибините: Само 1.875 гледачи присуствуваа на дебаклот од Словенија — отвора на Кајгана

Мизерија на трибините: Само 1.875 гледачи присуствуваа на дебаклот од Словенија УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 Филип Здравески 17.11.2026 / 15:11 Фудбал Оваа македонска репрезентација веќе никој не сака да ја гледа. Пораз до пораз, еден постигнат гол откако нов селектор е на клупата, па трибините се сѐ попразни. Понеделничкиот дуел со Словенија го допре дното кога е во прашање посетата. Последниот…

Македонија веќе знае два од четирите можни ривали за баражот за опстанок во Б сегментот од Лига на нации — отвора на Спортманија

Македонската фудбалска репрезентација треба да го одигра последниот меч од Лига на нации, а ривал е Словенија. Без разлика на резултатот, јасно е дека Македонија ќе биде на последното место во групата, па нашата селекција ќе мора преку бараж да се бори за опстанок во Б сегментот од ова натпреварување. Противник на Македонија во баражот ...

Дориев: Ние играчите сме виновни, никој друг — отвора на Кајгана

Дориев: Ние играчите сме виновни, никој друг УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 Филип Здравески 17.11.2026 / 08:58 Фудбал Македонската репрезентација синоќа повторно разочара, губејќи со убедливи 3:0 среде Скопје од Словенија и ја заврши 2026 година без ниту една победа. Еден од актерите на теренот, крилниот напаѓач Љупче Дориев, кој влезе во игра на полувреме, смета дека вината за резултатите е…

Седлоски со порака: И се извинувам на македонската јавност за сите овие порази! — отвора на SportSport

Веднаш по натпреварот и поразот од Словенија со 0:3, селектоорот Гоце Седлоски со првична изјава.Прво тој и се извини на македонската јавност за настапите во Лигата на Нации, за сите овие порази, рече дека и самиот не очекувал вакво нешто. „Морам да се извинам во мое име и од името на играчите на македонската јавноста ...

Седлоски: Оставка? Да преспиеме, да видиме како ќе се одвиваат работите — отвора на SportSport

Кој што прави, Македонија во штотуку завршената Лига на Нации, Б дивизија, губеше. Од сите. Од првото коло, па се до ова вечерашново последно, и дебаклот пред празната Арена во Скопје од Словенија со 0:3. Македонија не одигра ништо. Поточно, одигра колку да загуби. Од Словенија која што во моментов не важи за фудбалска супер ...

Алиоски брутално искрен: Лесно е да се бараат виновници, но сите сме виновни! — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со пораз од Словенија (0-3) на Арената “Тодор Проески“ ја завршува најлошата епизода. Нашиот најдобар национален тим има шест порази и само еден постигнат гол во овој дел од Лигата н Нации, што е поразително особено ако се земе во предвид дека во минатото против силни селекции сме играле многу подобро. ...

Боштјан Цесар: Направивме нешто големо во Скопје вечерва — отвора на SportSport

Репрезентацијата на Словенија вечерва во Скопје беше дојдена да ја одработи задачата, да освои три бода, да ја победи Македонија и да ја заврши оваа Лига на Нации како што сака. И го стори тоа. На најдобар можен начин. Совршени деведесет минути на противникот во кој што ни даде три гола, не прими ниту еден ...

Словенија со прва радост во Скопје! Празни трибини, полна мрежа – нова мизерија на Македонија! (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Празни трибини, празна противничка мрежа, и најважно, и во исто време најтажно, празно бодовно салдо на фудбалската репрезентација на Македонија по крајот на овогодинешната Лига на Нации, Б дивизија. Ова е исходот од целата оваа кампања која што вечерва финипираше со „лузерско крешчендо“ олицетворено во поразот на Македонија од Словенија со конечни 0:3. Меч во ...

Полувреме на Арената: Штурм и носи водство на Словенија против лошата Македонија — отвора на SportSport

Нема ново добро полувреме на фудбалската репрезентација на Македонија. Има уште едни разочарувачки 45. Минути овојпат на домашен терен на празната Арена Тодор Проески во Скопје, против Словенија во рамките на последниот дуел од Лигата на Нациите. На полувреме губиме со 0:1, а притоа словенците промашија и неколку ситуации за втор гол. Погодија и греда, ...

Познати се стартните состави: Седлоски тргнува со Растодер, Чурлинов, Елмас во нападот, го нема Дориев — отвора на SportSport

На нешто повеќе од еден час до почетокот на средбата од 6.коло во Б Лигата на Нации во групата 1, меѓу Македонија и Словенија, кој се игра на Арената во Скопје, познати се и стартните состави на двете селекции. Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски се одлучи за следните единаесет стартери: Димитриевски, Илиевски, Младеновски, Муслиу, Алиоски, ...

Интересно: Денеска претседателите на федерациите на Македонија и Словенија слават родендени! — отвора на SportSport

Вечерва од 20.45 часот на Арената во Скопје, се среќаваат Македонија и Словенија во натпревар од 6.коло во Б Лигата на Нации. Покрај останатите занимливости поврзани со овој натпревар, еве и еден што директно не е поврзан со натпреварот туку со двајцата водечки луѓе на Фудбалските федерации на Македонија и Словенија. Имено денеска на Масар ...

Македонија VS Словенија: Ќе биде ли победа, барем за крај?! — отвора на SportSport

Вечерва А-репрезентацијата на Македонија ќе го одигра својот последен натпревар од Б Лигата на Нации во групата Г. Ривал во рамките на 6.коло во групата 1 ни е селекцијата на Словенија. По тие пет порази на претходните пет натпревари, со постигнат само еден гол, логично е да се постави прашањето дали селекторот Гоце Седлоски има ...

Фуенте откако падна митот за непобедливоста на Шпанија: Нека се обиде некој да нѐ надмине — отвора на Кајгана

Фуенте откако падна митот за непобедливоста на Шпанија: Нека се обиде некој да нѐ надмине УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 Филип Здравески 16.11.2026 / 12:50 Фудбал Сите добри работи во животот имаат крај, вели стих од еден евергрин хит, па така дури и најдобрите шпански фудбалери загубија по 43 натпревари без пораз, во низа, а Англија имаше чест да ги потсети како е да се биде губитник, во…

СпортСпорт дознава: Чеферин вечер ќе го следи дуелот во Скопје — отвора на SportSport

Како што дознава СпортСпорт, на вечерашниот натпревар од Б Лигата на Нации меѓу Македонија и Словенија ќе има посебен или специјален гостин. Тоа ќе биде претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Познато е дека овој меч за гостите ќе биде од пресудно значење за обезбедување на второто место во групата 1 како и за вториот барабан ...

Херера, Фетаи и Митровски на трибини за дуелот против Словенија! — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на Арената „Тодор Проески“ ја пречекува Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации. Во составот за оваа средба во комбинација нема да бидат тројца фудбалери: Себастијан Херера, Имран Фетаи и Димитар Митровски кои не се пријавени. Во однос на претходниот натпревар против Шкотска, во составот ...

Тухел возвишен откако ја запре моќната Фурија: Против нив половина час изгледа како три — отвора на Кајгана

Тухел возвишен откако ја запре моќната Фурија: Против нив половина час изгледа како три УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 Филип Здравески 16.11.2026 / 09:46 Фудбал Томас Тухел беше пречекан со мешан прием од англиската јавност кога Фудбалската асоцијација (ФА) му ги предаде клучевите од националниот тим на Англија- колевката на фудбалот - на странец, и, меѓу сите опции, најмалку симпатичен тренер за…

10.10.2019: Вечерта кога Елмас блескаше во победата на Македонија против Словенија! (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Македонија и Словенија вечерва по деветти пат ќе ги одмерат силите, а традицијата е апсолутно на наша страна. Во тие осум меча имаме 4 победи, а по двапати сме играле без победник и сме биле поразени. Последниот меч, оној од овој циклус во Б Лигата на Нации кој се одигра на 29 септември “Стожице“ во ...

Ова веќе станува пракса на противниците: Словенија нема да одржи тренинг во Скопје — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје го игра последниот дуел од тековната Лига на Нации против селекцијата на Словенија. Ние се бориме да ги освоиме првите бодови, односно за прв пат во оваа кампања да останеме непоразени, а Словенија има осум бодови и се бори тоа второ ...

Чурлинов и Митровски: Утре максимално, за победа против Словенија — отвора на SportSport

На фудбалската репрезентација на Македонија и преостануваат уште деведесет минути за да во оваа Лига на Нации успее да обезбеди барем бод, откако ги загубивме досега сите натпревари од оваа Б дивизија. По поразот во Едимбург од Шкотска, го овековечуваме погодокот на Растодер, прв по во оваа кампања но за бод, односно позитива ќе треба ...

Седлоски: Покажавме дека можеме, на поразите наскоро ќе им дојде крај — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра последниит дуел од оваа Лига на Нации кампања Б дивизија, против репрезентацијата на Словенија. Нашиот национален тим се врати од Шкотска, последното пак гостување годинава, каде што загубивме со 2:1. Конечно постигнавме гол, по стотици минути астиненција од ...

Лига Нации: Данска ја растури Португалија во Брага! — отвора на SportSport

Португалија – Данска 1:4 е исходот од вечерашниот меч во А Лигата на Нации кој се одигра во Брага. Неверојатен резултат, невидена бламажа на Португалците на стартот на новата ера без Роналдо. А пред почетокот на мечот, па и во таа 7.минута се беше во знакот на иконата на португалскиот фудбал. Фановите и самите негови ...

Растодер: Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, штета што не освоивме бод! — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација успеа да постигне гол, но не и да победи против Шкотска на гостински терен во натпревар од Лигата на Нации. Од Глазгов нашиот национален тим се враќа со пораз од 2-1. Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Елмин Растодер, кој покажа дека огромен потенцијал и треба да биде стандардно место во ...

Столе: Ситуацијата за пеналот можеше да ја свири на било која страна! — отвора на SportSport

Македонија вечерва во Глазгов во 5-тиот меч во Б Лигата на Нации забележа уште еден пораз, оојпат со 2:1. Повторно Столе Димитриевски беше нашиот херој, сепак иако спаси неколку чисти голови на крајот и тој не успеа да ја спаси Македонија од нов пораз. По мечот тој со свој коментар и за ситуацијата за пеналпт ...

Седлоски: Не заслуживме пораз, овие момци можат многу повеќе — отвора на SportSport

Македомската фудбалска репрезентација со пораз се враќа од гостувањето кај Шкотска. Вечерва на Хемпден парк во Глазгов, го одигравме претпоследниот дуел од Лигата на Нациите, Б дивизија, и загубивме со 2:1. Пораз кој што ја продолжи серијата наши неуспеси, сеуште немаме бод освоено во оваа кампања, но конечно пак постигнавме гол по 844 минути. Шкотска ...

Без голови во Марибор, Германија убедлива во Белград, Холанѓаните ја понижија Грција — отвора на SportSport

Покрај мечот во Глазгов, во кој Македонија доживеа нов пораз, вечерва се одиграа уште девет меча во Лигата на Нации. Од нашата група 1 во Б Лигата на Нации, Словенија и Швајварија одиграа без голови. Па така сега Швајцарците и официјално се први во групата. Во А Лигата на Нации, Германија среде Белград со 3:1 ...

Се радуваме на гол, поразите ги броиме! — отвора на SportSport

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација во најновото издание на Лигата на Нациите, Б дивизија. Овојпат на гостувањето кај Шкотска, каде што иако одигравме најдобри деведесет минути во оваа кампања сепак, загубивме со конечни 2:1. Откако заврши дуелот, можеме да констатираме дека Македонија овојпат ама навистина немаше среќа, затоа што загуби на незаслужен начин. Ајде ...

Полувреме во Глазгов: Мектоминеј промашува „зицери“, Столе засега е нашиот херој — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација на полувреме од дуелот во Глазгов, против домаќинот Шкотска, во рамките од претпоследното коло од Лигата на Нациите, има активен резултат, 0:0. Јасно е дека Македонија се брани на овој меч, но засега тоа на избраниците на селекторот Гоце Седлоски им оди од рака. Домаќинот промаши серија на ситуации, пред се Скот ...

Познат составот на Македонија...ја напаѓаме Шкотска со Растодер, Дориев и Чурлинов — отвора на SportSport

Македонскиот фудбалски национален тим вечерва во Глазгов го игра претпоследниот дуел од актуелната Лига на Нации кампања, Б дивизија против домаќинот Шкотска. Стартниот состав е веќе познат, а во него се наоѓаат стандардниот на голот Димитриевски. Во последната линија Алиоски како лев бек, Муслиу, Младеновски и Илиевски. Во средниот ред се Гаштаров, Елмас и Барди, ...

Ечи македонска песна во Глазгов... убава атмосфера пред дуелот Шкотска – Македонија (ВИДЕО) — отвора на SportSport

На неколку часа пред стартот на дуелот во Глазгов, помеѓу Шкотска и Македонија кој што вечерва од 20:45 на Хемпден парк се игра во рамките од претпоследното коло од актуелната Лига на Нации, Б дивизија, атмосферата е и повеќе од убава. Во локалните пабови се пее песна, како што е и вообичаено, но овојпат е ...

Може ли Македонија вечерва во Глазгов барем до гол, барем до бод? — отвора на SportSport

Вечерва од 20.45 часот на “Хемпден Парк“ во Глазгов, во меч од 5.коло во Б Лигата на Нации во групата 4, нашата А-репрезентација ќе ги одмери силите со силната селекција на Шкотска. Селекција која играше на последното СП 2026 и селекција која во овој циклус во Скопје славеше со 0:2. Македонија е во серија од ...

Лига Нации: Клоп и Германија на гости во Белград, Словенија ја пречекува Швајцарија — отвора на SportSport

Вечерва на програмата се уште 10 натпревари во Лигата на Нации во сегментите А, Б, Ц и Д. Секако дека за нас најинтересно ќе биде во Глазгов каде од 20.45 часот играме со Шкотска. Вториот меч од нашата група се игра во Марибор, каде се среќаваат Словенија и Швајцарија. Во А Лигата на Нации, Германија ...