Нобелова

18 настани во последните 30 дена, од 23 медиуми

Го основа Црвениот крст и ја освои првата Нобелова награда за мир: приказната за Анри Динан — отвора на ТРН

Во јуни 1859 година младиот женевски бизнисмен Анри Динан патувал во северна Италија со надеж дека ќе се сретне со францускиот император Наполеон III и ќе добие поддршка за своите деловни планови во Алжир. Наместо со императорот, се соочил со последиците од битката кај Солферино, една од најкрвавите битки во 19 век, по која илјадници ...

Нобеловецот Пол Кругман: Интернетот би можел да стане затворена заедница, а ние посиромашни — отвора на Независен весник

Американскиот економист и добитник на Нобелова награда Пол Кругман предупреди дека хакерите со помош на вештачката интелигенција (ВИ) би можеле да го принудат светот да го замени отворениот интернет со затворени мрежи, слични на оградени населби, а тоа би можело да нè направи посиромашни во наредните години. Кругман го напиша ова во текст објавен на ...

„Настанот“ од Ани Ерно на македонски: промоција и разговор со публиката — отвора на ТРН

Македонскиот превод на „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година, ќе биде претставен на книжевна средба во организација на Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“. Настанот ќе се одржи на петти ноември со почеток во 19:00 часот во просториите на Францускиот институт. Покрај промоцијата, организаторите најавуваат разговор ...

Развиен нов тип клетка чувствителна на светлина: Може да стане „жив“ пејсмејкер — отвора на МКД.мк

Нова биоинженерски создадена клеточна структура се контролира со помош на светлина, користејќи технологија за која е доделена Нобеловата награда во 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот, Александар Романов. Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина…

Американски професор: Студентите во Србија заслужуваат Нобелова награда за мир — отвора на ТРН

Студентското движење во Србија покажа дека суштински политички промени можат да се постигнат со ненасилно дејствување, оцени американскиот професор и експерт за конфликти Едвард П. Џозеф. Според него, студентите за своите напори заслужуваат Нобелова награда за мир. Во анализа објавена во списанието „Форин полиси“, предавачот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ ги издвои дисциплината, упорноста и...

Кенеди Помладиот: 500 милиони Арапи не создаваат ни наука ни книжевност (ВИДЕО) — отвора на МКД.мк

„Во светот има 500 милиони Арапи. И сепак тие не создаваат наука. Тие не ја добиваат Нобеловата награда. Тие не го добиваат Филдсовиот медал. Тие не ја добиваат Волфовата награда. Тие не создаваат книжевност“, кажа Кенеди во понеделникот во Гранд Рапидс. Кенеди претходно зборуваше за речиси илјада години „златна доба“ на исламскиот свет. Тој кажа ...

Трамп синоќа повторно ја нападна Норвешка, нарекувајќи ја „скапана земја“ — отвора на Бизнис вести

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа повторно ја нападна Норвешка, нарекувајќи ја „скапана земја“. Тој изјави дека норвешките имигранти не се добредојдени во САД, поврзувајќи го тоа со одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир. Трамп тоа го изјави на политички митинг одржан во Мичиген во пресрет на изборите за Конгресот следната недела. ...

Марија Корина Мачадо е подготвена за разговори со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез — отвора на Независен весник

Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, е подготвена да се сретне со привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, по враќањето од егзил, изјави нејзината портпаролка, цитирана од француските медиуми. „Мачадо изрази подготвеност да седне на преговарачка маса не само со Родригез, туку и со секој друг со кого ...

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“ — отвора на Скопје1

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Норвешка на предизборен собир во Мичиген, изразувајќи го повторно незадоволството што годинава не ја доби Нобеловата награда за мир.Обраќајќи им се на присутните во салата „Меккормик плејс арена“ во Порт Хјурон, Трамп повтори дека, според него, запрел осум војни. Тој откри и дека една недела пред објавувањето на добитникот ѝ кажал на...

Артконект го издаде романот „Белина“ — отвора на Нова Македонија

Неодамна, издавачката куќа „Артконект“ го издаде романот,,Белина“ од добитникот на Нобелова награда за литература Јун Фосе. „Белина“ е невообичаен роман во кој главниот лик одлучува да вози без да знае каде оди, сè додека не заглави во една шума. Така и ќе западне во неволја – но дали практично сам ќе ја повика неволјата? Движењето ...

Жените, моќта и бунтот против патријархатот: на денешен ден е родена Дорис Лесинг — отвора на ТРН

Дорис Лесинг, британската писателка која во 2007 година, на 87-годишна возраст, ја доби Нобеловата награда за литература, е родена на 22 октомври 1919 година во Керманшах, во тогашна Персија. Шведската академија ја опиша како епичарка на женското искуство, а таа во текот на животот одбиваше да се вклопи во однапред зададени категории, вклучително и во ...

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за медицина за контрола на нервните клетки со светлина — отвора на Смарт портал

Нобеловото собрание при институтот Каролинска на 5 октомври ги прогласи Карл Дајсерот од Универзитетот Стенфорд, Петер Хегеман од Хумболтовиот универзитет во Берлин и Георг Нагел од Универзитетот во Вирцбург за добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година. Наградата е за откритијата поврзани со јонските канали што се отвораат на светлина и за оптогенетиката, ...

На денешен ден во 2013 година почина нобеловецот Лоренс Клајн — отвора на Бизнис вести

На 19 октомври 2013 година почина Лоренс Клајн, истакнат американски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1980 година. Тој остави значаен придонес во развојот на економетријата и примената на математичките и статистичките методи во економските истражувања. Клајн е роден на 14 септември 1920 година во Омаха, во американската сојузна држава Небраска. Својата ...

На денешен ден во 1945 година е роден Ангус Дитон, добитник на Нобеловата награда за економија — отвора на Бизнис вести

На 19 октомври 1945 година во Единбург, Шкотска, е роден Ангус Стјуарт Дитон, истакнат економист и универзитетски професор, познат по истражувањата за потрошувачката, сиромаштијата и економската благосостојба. Во 2015 година ја доби Нобеловата награда за економија за анализата на потрошувачката, сиромаштијата и благосостојбата. Дитон студирал на Универзитетот во Кембриџ, каде што ги стекнал...

На денешен ден Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир: Парите наместо за протокол отидоа за најсиромашните — отвора на ТРН

Норвешкиот Нобелов комитет на денешен ден, 17 октомври 1979 година, соопшти дека Нобеловата награда за мир ѝ се доделува на Мајка Тереза. Родена во Скопје како Гонџа Бојаџиу, таа го посвети животот на најсиромашните во индиската Калкута. Одлуката претставуваше пресвртница во препознавањето на солидарноста, а нејзиното прво барање по признанието беше откажување на раскошниот традиционален ...

Петтемината кои не му ја доделија Нобеловата награда на Трамп: Кои се тие? — отвора на Рацин

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остана без Нобеловата награда за мир, а одлуката на Норвешкиот Нобелов комитет предизвика остри реакции од Белата куќа. Трамп го обвини комитетот дека е воден од „радикални идеолози“ и оцени дека одлуката оставила „неизбришлива дамка врз Норвешка“. Но, зад изборот стојат петмина членови со различни политички и професионални биографии, од ...

Нобелова награда за методата што со светлина открива како работи мозокот — отвора на Радио МОФ

Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година за откритијата што доведоа до развој на оптогенетиката, метода која овозможува со светлина да се контролира активноста на одредени нервни клетки. Таа им помага на научниците да истражуваат како настануваат сеќавањата, чувствата и однесувањето. Развојот на ...

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор — отвора на Сител

Ниту се закити со златен медал на Олимписки игри, ниту доби некакво меѓународно признание кое би го номинирало за Нобелова награда. Едноставно, излезе од куќен притвор. Со факели, димни бомби, огномет и стотици поддржувачи поранешниот прв вицепремиер Артан Груби по осум месеци излезе од куќен притвор кој му заврши синоќа на полноќ. Во еуфорична атмосфера се поздравуваше со насобраните граѓани...