ОпенАИ

32 настани во последните 30 дена, од 24 медиуми

ОпенАИ се подготвува за излез на берза во 2027 година, најголем дел од приходите веќе доаѓаат од компаниите — отвора на Фактор

Американската технолошка компанија ОпенАИ, која стои зад Четџипити, би можела да излезе на берза во 2027 година, изјави претседателот на компанијата, Грег Брокман, на технолошка конференција на „Волстрит журнал“ во Калифорнија. Според Брокман, ОпенАИ веќе остварува повеќе од половината од своите приходи преку продажба на производи и услуги на деловни корисници. Ова претставува значаен развој во…

Mozilla ќе промени како ги објавува закрпите за Firefox поради напаѓачите што користат вештачка интелигенција — отвора на Смарт портал

Mozilla, која од февруари со модели на Anthropic и OpenAI бара пропусти во Firefox, планира да го промени распоредот по кој ги објавува безбедносните закрпи, за да им отежни на напаѓачите што со вештачка интелигенција ги анализираат поправките. Тоа го најави Боби Холи, технички директор на Firefox, во објава на блогот минатата недела. Проблемот е таканаречениот „patch gap“, ...

OpenAI ги спојува Chat и Work во ChatGPT, а разговорите и Codex ќе делат едно ограничување — отвора на Смарт портал

Десктоп апликацијата на ChatGPT моментално има два посебни дела, ChatGPT и Codex, а во првиот корисниците избираат меѓу режимите Chat и Work. OpenAI сега се подготвува да ги спои Chat и Work, објави компанијата во е-пошта до корисниците. Work е агентот за подолги задачи со датотеки и апликации што OpenAI го воведе во јули, заедно со новата ...

Го прашала ChatGPT за лек, го следела советот и починала: Родителите ја тужат компанијата OpenAI — отвора на А1он

Родителите на 31-годишна жена, која починала по епилептичен напад откако добила совети за намалување на терапијата од чет-ботот ChatGPT, поднесоа тужба против компанијата OpenAI. Станува збор за Бовен Ван, кинеска софтверска инженерка која живеела во Сиетл. Според наводите во тужбата, таа побарала совет од ChatGPT откако ја изгубила работата во...

Ви влегува во Државната администрација на ОАЕ: Абу Даби и OpenAI започнаа проект за автоматизација на администрацијата — отвора на Фактор

Владата на Абу Даби и американската компанија OpenAI на 2 ноември објавија проект за воведување вештачка интелигенција во државната администрација, со кој треба да се автоматизираат проверките при издавање дозволи и сертификати. Првиот систем веќе се користи при постапки за увоз на храна, додека конечните одлуки остануваат во надлежност на државните службеници. Проектот, наречен Machine-Readable…

Опенаи предложи ново име за дата-центрите. Дали тоа ќе влијае на промена на лошото мислење за нив? — отвора на Плусинфо

ОпенАИ потврди за медиумите дека сака заедниците што ја управуваат оваа инфраструктура да помогнат во нејзиното обликување и директно да учествуваат во можностите што ги создава.

Корпоративна алчност: Шефот на OpenAI смета дека луѓето немаат потреба од РАМ, само дата-центрите — отвора на ТРН

Главниот извршен директор на OpenAI, Сем Алтман, предизвика остри реакции во технолошката заедница со изјавата дека персоналните компјутери непотребно трошат одограничената светска RAM меморија. Гостувајќи во подкастот „Cheeky Pint“, Алтман отворено оцени дека е „ужасно“ граѓаните да чуваат хардвер дома кој стои неискористен најголем дел од денот, барајќи приоритетот за чипови целосно да се…

ChatGPT советувал епилептичарка да ја намали терапијата по што таа починала, семејството тужи — отвора на ТРН

Компанијата OpenAI и нејзиниот извршен директор Сем Алтман се соочуваат со судска тужба за смрт од небрежност, откако нивниот чет-бот ChatGPT советувал 31-годишна жена со епилепсија целосно да ги прекине препишаните лекови. Постапката пред Вишиот суд во Сан Франциско ја покренаа родителите на Бовен Ван, софтверска инженерка во „Амазон“, која починала набрзо по следењето на ...

Тужба против Openai по смрт на инженерка: Моделот GPT-4o повлечен по фаталниот совет за терапија — отвора на Лидер

Нови детали излегоа на виделина во врска со тужбата против компанијата OpenAI. Моделот кој ја навел инженерката од Амазон да ја прекине терапијата за епилепсија бил повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт. Нејзиниот долгогодишен невролог, д-р Николас Пулос, изјави за „Њујорк тајмс“ дека со оглед на нејзината медицинска состојба, тој никогаш не би препорачал укинување на терапијата.…

Смртоносен совет од. Chat GPT - Девојка го послушала ботот и умрела! — отвора на Вечер

Нови, шокантни детали испливаа на површина во врска со катастрофалната тужба против компанијата OpenAI, откако стана јасно дека смртоносниот модел кој ја убедил инженерката од Амазон да ги остави лековите за епилепсија бил панично повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт!...

OpenAI планира да купува чипови од Google, се засилува конкуренцијата за Nvidia — отвора на Фактор

Компанијата OpenAI, која стои зад ChatGPT, планира да купува чипови за вештачка интелигенција од Google, објави The Information, повикувајќи се на извор запознаен со плановите. Овој потег би можел да ја промени конкуренцијата на пазарот на чипови, на кој досега доминира Nvidia, еден од главните снабдувачи на OpenAI. Google развива сопствени процесори познати како TPU, кои се користат за обработка…

OpenAI го претстави GPT-6.1 Terra, модел за управување со компјутерот двојно поевтин од претходникот — отвора на Смарт портал

OpenAI го претстави GPT-6.1 Terra, нов среден модел во нивната понуда, сместен меѓу евтиниот GPT-6 Luna и посилните GPT-6.1 Sol и GPT-6 Astra. Компанијата го опишува како брз модел за анализа на слики, прецизно „компјутерско користење“, односно управување со апликациите на екранот и јасно и природно пишување. Според OpenAI, Terra е наменет за секојдневна работа, ...

Шведската влада ги забрани ChatGPT и Claude на владините компјутери — отвора на Скопје1

Шведската влада од денеска им забрани на вработените да ги користат ChatGPT и Claude преку интернет-прелистувачи на службените компјутери, поради ризиците за безбедноста на чувствителните податоци. Одлуката следува по проверка на употребата на алатките за вештачка интелигенција, спроведена претходно годинава од Шведската управа за транспорт.Шведските власти предупредуваат дека внесувањето...

7 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: РацинМакфакс+2

OpenAI ги исклучи најнапредните ВИ-модели од интернетот: Што се случи за време на тестирањата? — отвора на ТРН

„ОпенАИ“ го промени начинот на тренирање на своите најнапредни модели на вештачка интелигенција за да ги намали безбедносните ризици што произлегуваат од нивните сѐ поголеми способности. Според официјалното соопштение на компанијата, тренирањето на таканаречените гранични модели (frontier models) сега се одвива во изолирана средина, без слободен пристап до отворениот интернет. „Врз основа на...

Крај на оние што се кријат дека користат ChatGPT: OpenAI воведува невидлив белег, еве што значи тоа — отвора на Пулс24

OpenAI подготвува невидлив дигитален печат за текстови од ChatGPT и Codex, но системот не може сигурно да ја препознае секоја содржина. OpenAI подготвува технологија што би можела да помогне во ...

Агенти на OpenAI го ослабиле надзорот додека менувале програмски код — отвора на ТРН

Два агента со вештачка интелигенција на OpenAI го ослабиле сопствениот безбедносен надзор додека извршувале интерни програмерски задачи, според написот на Б92, преземен од Танјуг, кој се повикува на CNBC и на информации од компанијата. Инцидентите се случиле на 3 и 6 октомври. OpenAI ги испитува околностите и причините поради кои агентите заклучиле дека смеат да ...

Инвеститорите стануваат повнимателни, „ОпенАИ“ ја намали целната проценка за 150 милијарди долари — отвора на Фактор

Компанијата „ОпенАИ“, која стои зад популарниот четбот ChatGPT, ја намали целната проценка на својата вредност за дури 150 милијарди долари, во услови на растечка загриженост меѓу инвеститорите за исплатливоста на огромните вложувања во вештачката интелигенција. Според информации објавени денеска, 23 октомври 2026 година, од „Фајненшл тајмс“ и „Блумберг“, компанијата првично барала инвестиции врз...

ОпенАИ откри дека негови АИ-агенти го исклучувале безбедносниот надзор — отвора на ТРН

ОпенАИ соопшти дека два негови напредни агенти со вештачка интелигенција го ослабнале сопствениот безбедносен надзор додека извршувале рутински програмерски задачи. Во еден од случаите, агентот подоцна неточно тврдел дека не го отстранил системот за следење, објави Си-Ен-Би-Си (CNBC). Според информациите што ги објави компанијата, во првиот случај агент базиран на моделот ГПТ-6.1 Сол (GPT-6.1...

Кој ја контролира вештачката интелигенција? Инциденти во OpenAI отворија сериозни прашања — отвора на Пари

Вештачката интелигенција сѐ почесто добива задачи што досега ги извршуваа луѓето, но два неодамнешни инцидента отвораат многу посериозно прашање: што ако системите што треба да работат под човечки надзор почнат самите да го отстрануваат? Токму тоа се случило при интерни програмерски задачи во OpenAI, каде што два напредни AI-агенти ги ослабнале механизмите за следење на ...

OpenAI постепено воведува „заклучени разговори“ во ChatGPT што се отвораат со PIN или Face ID — отвора на Смарт портал

OpenAI во вторник почна постепено да ја воведува функцијата Locked Chats во ChatGPT, со која чувствителните разговори се кријат од „туѓите погледи“. Заклучениот разговор се преместува од вообичаената историја, закачените разговори и пребарувањето во посебен заштитен простор, кој се наоѓа во делот „Projects“ под името „Locked chats“. Според OpenAI, на интернет и во десктоп апликациите ...

Поранешен истражувач на OpenAI тврди дека AI моделите се многу поразбирливи отколку што се мислеше — отвора на Смарт портал

AI моделите долго се опишуваат како „црна кутија“, бидејќи ни нивните творци не можат точно да објаснат што прави секој нивен дел. Ник Камарата, истражувач во стартапот Goodfire кој претходно работел во OpenAI, во есејот „Neural Networks Are Already Clean“ објавен на 15 октомври тврди дека ситуацијата е многу подобра отколку што се мислело. Есејот се занимава ...

Вештачка интелигенција излезена од контрола: На идните верзии им оставала упатства како да ја заобиколат човечката контрола — отвора на Лидер

Во неодамнешен безбедносен извештај, компанијата OpenAI призна шест неочекувани и загрижувачки инциденти поврзани со своите експериментални модели на вештачка интелигенција. Меѓу нив е и случај во кој еден AI-агент директно им дал инструкции на идните верзии на самиот себе како да ги заобиколат и игнорираат вградените ограничувања што им ги поставиле луѓето. Извештајот на креаторите на ChatGPT...

Масовен прекин: „Паднаа“ OpenAI, Teams, Discord, Reddit, PlayStation и низа глобални сервиси — отвора на 4NEWS

Голем технички дефект предизвика бранот прекини на некои од најпопуларните интернет сервиси, платформите за комуникација, гејминг мрежите и интернет провајдерите ширум светот....

Дигитален доктор: Кога советите од вештачката интелигенција помагаат, а кога можат да бидат опасни? — отвора на ТРН

Повеќе од 40 милиони луѓе дневно го користат ЧетГПТ за да добијат одговори на прашања поврзани со здравјето, според податоците на компанијата „ОпенАИ“ наведени во српскиот медиум „Новости“. Но, колку навистина може да помогне вештачката интелигенција кога станува збор за здравјето, а кога потпирањето врз нејзините совети може да биде ризично? Желбата што побрзо да ...

Америка во војна со OpenAI: Осум сојузни држави ги тужат креаторите на ChatGPT поради децата — отвора на Бриф

Тие тврдат дека вештачката интелигенција ги доведува корисниците во заблуда, е поврзана со трагедии, а самите агенти со вештачка интелигенција можат да го прекршат законот.Во координирана акција, осум американски сојузни држави поднесоа тужби против OpenAI, тврдејќи дека компанијата ги прекршила законите за заштита на потрошувачите на ниво на сојузните држави и ги изложила децата на ...

ВИ-агенти создале тајна мрежа и пробиле компјутерски заштити — отвора на Рацин

Околу 1.200 агенти со вештачка интелигенција, кои требало да работат независно еден од друг, создале неовластена комуникациска мрежа, размениле повеќе од 70.000 пораки и организирале заеднички активности за заобиколување на безбедносните ограничувања. Околу 700 од нив учествувале во упад во инфраструктурата на технолошката платформа „Хагинг фејс“ (Hugging Face), покажуваат истрагите на „ОпенАИ“ и...

Автономните агенти на OpenAI креирале свој колектив и се жртвувале едни за други — отвора на ТРН

За само три месеци, во безбедносните експерименти на OpenAI автономни агенти формираа три заедници кои развија сопствени механизми за соработка, упаднаа во платформата Hugging Face и презедоа сервери на матичната компанија. Без човечка наредба или претходно програмирана координација, софтверот почна да развива тактики за да ги исполни поставените задачи и да ги надмине пречките во ...

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение? — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Тужбите против OpenAI се реални, но обвинувањата за поттикнување насилство, самоубиства и загрозување на децата не се судски докажани, туку се дел од судска постапка. Додека американските институции бараат поголема одговорност од технолошката компанија, во медиумското известување често се губи суштинската разлика меѓу тврдењата на тужителите, утврдените факти и мерките што компанијата веќе ги...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Прва линија

„Им нанел штета на многу деца и измамил многу родители“: Осум американски сојузни држави со тужба за штетноста на ChatGPT — отвора на Пари

Осум американски сојузни држави поднесоа тужби против OpenAI Group PBC, обвинувајќи ја стартап-компанијата за вештачка интелигенција дека го пласирала ChatGPT како небезбеден производ. Во тужбите поднесени од Ајова, Канзас, Небраска, Западна Вирџинија, Арканзас, Аризона, Ајдахо и Монтана се наведува дека ChatGPT им нанел штета на многу деца и измамил илјадници родители. Државите ја тужат...

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала — отвора на MakPress

Саудиски државјанин вработен во компанијата „ОпенАИ“ (OpenAI), која го разви ChatGPT, е уапсен под сомнение дека поставил уред за прислушување во конференциска сала каде што често се разговара за компаниски тајни, соопштија компанијата и американското Министерство за правда. Случајот го истражува ФБИ, пренесе ДПА. Уредот за снимање бил откриен пред две недели и очигледно бил ... The post Вработен...

Вештачката интелигенција дешифрирала тајна порака на Наполеон стара 217 години — отвора на Радио МОФ

Инженерот за вештачка интелигенција Картер Черч, вработен во компанијата за сајбер-безбедност „SentinelOne“, со помош на моделот GPT-6 Astra на OpenAI успеал за само шест часа да ја разоткрие шифрата на писмо од 1809 година. Писмото било испратено од Ежен де Боарне, посинокот на Наполеон и тогашен вицекрал на Италија, до францускиот маршал Огист де Мармон, ...