Пацификот

11 настани во последните 30 дена, од 12 медиуми

Кина бара вредни метали: Робот нурна 5 километри до дното на океанот — отвора на Кајгана

Кина бара вредни метали: Робот нурна 5 километри до дното на океанот Александра Спасеска 20.11.2026 / 08:33 Бизнис Целта се метали за батерии, за кои Пекинг и Вашингтон се натпреваруваат во Пацификот. Кина го спроведе првиот тест за рударство од големи размери на морското дно на Тихиот Океан, каде што, помеѓу Хаваи и Мексико, спушти роботски машини на длабочина од дури 5.330 метри. Целта на…

EarthCARE откри како дождот ги разбива облаците што ја ладат Земјата — отвора на Рацин

Над југоисточниот Пацифик, во ниските облаци што одбиваат сончева светлина назад во вселената, дождот почнал да се засилува и до 25 часа пред облачниот слој да се разбие. Кога во него се отвориле празнини, поголем дел од темната океанска површина останал изложен на сонце. Европската вселенска агенција (ЕСА) на 19 ноември ги претстави наодите од ...

Во Пацификот откриен изгубен свет: Два острова кријат богатство од морски живот — отвора на ТРН

Далеку од населените места и интензивните човечки активности, во Тихиот Океан се наоѓаат два атола што на научниците им овозможуваат редок поглед во светот на морските екосистеми пред нивното значително нарушување од човекот. Новото истражување, објавено во научното списание Frontiers in Marine Science, покажува дека Бикар и Бокак, два од најоддалечените атоли на Маршалските Острови, ...

Трамп кон сојузниците од АСЕАН, по завршувањето на самитот во Манила: Ние секогаш сме со вас — отвора на МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја потврди посветеноста на Вашингтон кон регионот на Азија и Пацификот, и покрај тоа што пропушти клу...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Преживеал благодарение на „ел Нињо“?! Пијанист спасен од крузер по 9 часа во Тихиот Океан — отвора на Плусинфо

Тргнале на едночасовен пат, петмина се спасени по три месеци во Пацификот — отвора на ТРН

На 30 јули, деветмина тргнале со мал чамец од островот Мурило кон соседниот Руо, во Микронезија. Патувањето требало да трае околу еден час. На пат ги зафатила бура, а чамецот исчезнал. Американската крајбрежна стража ја прекинала потрагата по десет дена, без да најде трага од групата. Околу три месеци подоцна, жители на островот Фенинг во ...

Останаа само 76 орки во Пацификот: Акустичен AI систем ги спасува од бродовите — отвора на ТРН

Останаа само 76 единки од јужните резидентни китови убијци, кои секоја есен влегуваат во морето Салиш во американската сојузна држава Вашингтон во потрага по храна. Нивниот опстанок виси на конец поради интензивниот бродски сообраќај, чија подводна бучава целосно им ја попречува ехолокацијата. За да спречат критични загуби, океанолозите и локалните поморски власти активираа мрежа од ...

Преживеале три месеци во мал чамец среде океан: спасени пет лица, меѓу нив две деца, потрагата по уште четири лица продолжува — отвора на Скопје1

Пет лица, меѓу кои и две деца, биле спасени во островската држава Кирибати во јужниот дел на Тихиот Океан откако речиси три месеци плутале во мал чамец. Уште четворица патници се водат како исчезнати, соопштија надлежните служби.Преживеаните ги пронашле жители на островот Фанинг во неделата. Според проценките, тие поминале околу 5.400 километри, носени кон исток од Федералните Држави…

Чуда се случуваат: Пет лица пронајдени живи откако три месеци пловеа во Тихиот Океан — отвора на Пулс24

Пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени живи откако нивниот брод од Микронезија пловел околу три месеци во Пацификот, патувајќи околу 5.400 километри до оддалечен остров во Кирибати. ...

На Американците им се потребни 250 нови авиони за евентуалната војна со Кина — отвора на Антропол

Соединетите Американски Држави мораат темелно да ја модернизираат својата флота авиони-цистерни за полнење гориво во воздух, доколку сакаат да ја задржат способноста за изведување големи воени операции во западниот Пацифик и спротивставување на растечката воена моќ на Кина, предупреди американскиот Институт „Хадсон“. Во извештајот насловен „Отпорен оперативен дострел: Редизајнирање на полнењето…

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Пацификот во близина на Јапонија — отвора на Либертас

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Пацификот, во близина на јапонските острови Огасавара, на околу 1.000 километри јужно од Токио, и нема опасност од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот е регистриран на длабочина од 470 километри, објави „Индепендент“. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека островите биле погодени од земјотрес со...