Пленковиќ

20 настани во последните 30 дена, од 32 медиуми

Премиерот Пленковиќ ја објави новата минимална плата во Хрватска – 1.130 евра бруто — отвора на Независен весник

Минималната бруто плата во Хрватска ќе изнесува 1.130 евра од 1 јануари 2027 година, објави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната владина седница. Тоа е за 80 евра повеќе од оваа година, кога минималната плата е 1.050 евра бруто. „Денес, бруто минималната плата е 1.050 евра. По консултациите, одлучивме дека сега ќе изнесува 1.130 евра, ...

Индекс.хр: После Унгарија и Србија – Дали Хрватска е следна? — отвора на Рацин

По речиси 14 години политичка доминација, Александар Вучиќ претрпе изборен пораз во Србија. Само пред неколку месеци, Виктор Орбан беше соборен од власт во Унгарија по 16 години. Дали Хрватска, каде што ХДЗ е на власт континуирано од 2016 година, може да биде следна? Иако е јасно дека владата на Пленковиќ не го изгради авторитарниот ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Пленковиќ: Победниците на изборите во Србија имаат голема одговорност — отвора на Макфакс

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес изјави дека разговарал со лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, по победата на вонредните парламентарни избори во Србија, и изразил очекување дека односите меѓу двете земји ќе се подобрат. Пленковиќ оцени дека граѓаните на Србија испратиле јасна порака на изборите дека сакаат промени, но исто така нагласи дека победниците сега ...

5 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ОпсерверMakPress

Хрватскиот премиер ја коментираше победата на студентите во Србија — отвора на МКД.мк

Пленковиќ веќе го контактирал носителот на листата на студентите Илија Срдановиќ и му ја честитал победата. U telefonskom razgovoru s gospodinom Ilijom Srdanovićem čestitao sam njemu i Studentskoj listi na uvjerljivoj pobjedi na izborima u Srbiji. Zaželio sam im uspjeh u formiranju vlade i daljnjem djelovanju. Poruka građana Srbije bila je vrlo jasna – željeli ...

Пленковиќ во Црна Гора: Постигнавме голем напредок за обештетување на затворениците — отвора на Телма

Хрватска и Црна Гора постигнаа голем напредок по прашањето за обештетување на затворениците во логорот Морињ, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од Црна Гора каде што учествува на самитот на Берлинскиот процес. Црна Гора е водечка меѓу сите земји-кандидатки во преговорите за членство во Европската Унија, но Хрватска нагласи дека...

Не успеа уште еден обид за импичмент на Пленковиќ во Саборот — отвора на MakPress

Уште еден обид за импичмент на премиерот Андреј Пленковиќ, инициран од опозицијата, денеска не успеа во хрватскиот парламент. Парламентарното мнозинство со 79 гласа му даде доверба на Пленковиќ, додека 54 пратеници беа за предлогот на највлијателната опозициска СДП. На гласањето му претходеа дискусии во кои имаше тешки навреди и препукувања откако Никола Грмоја тврдеше дека ... The post Не успеа...

Владата на Пленковиќ го „преживеа“ Госпиќ — отвора на Независен весник

Мнозинството во Парламентот во Хрватска со 79 гласа и 54 гласа за и против го поништи предлогот на СДП за отповикување на владата на премиерот Андреј Пленковиќ, со што пропадна уште еден обид на опозицијата да ја собори владејачката влада. По целоутринските препирки и низата побарани паузи, претставниците на парламентарното мнозинство, како што се очекуваше, ...

Црна Гора најавува решение за три спора со Хрватска, отворените прашања влијаат врз патот кон ЕУ — отвора на Фактор

Црна Гора најавува напредок во решавањето на три спорни прашања со Хрватска – името на базенот во Котор, спомен-плочата во поранешниот логор Морињ и обесштетувањето на поранешните затвореници. Подгорица најавува одговор за овие прашања, додека Загреб бара конкретни резултати во поширокиот спор што ги опфаќа и исчезнатите лица, воените злосторства, имотните барања, поморската граница и школскиот...

Осум барања од Загреб. Хрватска поставува услови за европскиот пат на Црна Гора — отвора на Национално

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги информирал лидерите на земјите-членки на Европската Унија за осум барања до Црна Гора, кои, според Загреб, треба да бидат решени пред земјата да добие согласност за завршување на пристапните преговори. Интервенцијата на Пленковиќ се одразила и врз формулацијата на заклучоците за Црна Гора. Во споредба со претходниот нацрт, конечниот текст ...

Повик на востание во Црна Гора поради хрватските услови за влез во ЕУ — отвора на Рацин

Лидерот на црногорската Демократска народна партија, Милан Кнежевиќ, повика на востание доколку владата во Подгорица ги прифати осумте барања на Хрватска за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. На неговата изјава денеска реагираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој оцени дека ваквите повици не се конструктивни и изрази уверување дека црногорскиот државен врв нема ...

Пленковиќ ѝ одржа лекција на Софија, но дали и Загреб ја научи? — отвора на Плусинфо

Ако билатералните блокади ѝ нанеле толкава штета на Македонија, дали Хрватска има политичко и морално оправдување да го условува европскиот напредок на Црна Гора со решавањето на сопствените билатерални прашања?

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

Европски лидери сѐ погласно јавно го преиспитуваат Брисел — отвора на Нова Македонија

Изјавата на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, за бриселските преседани во однос на Македонија во евроинтегративниот процес Изјавите на Андреј Пленковиќ, критиките на Зоран Милановиќ и пошироките европски сомнежи за политизацијата и двојните стандарди во процесот на проширувањето на ЕУ отвораат прашање што Скопје веќе подолго време јасно го поставува. Имено, дали европската интеграција сè ...

Пленковиќ: Две држави ѝ одземаа на Македонија 21 година од приближувањето до ЕУ — отвора на Мета.мк

Премиерот пред состанокот на Европскиот совет во Брисел зборувајќи за хрватско-црногорските односи ги потенцираше кочниците со кои се соочува Македонија во евроинтеграцискиот процес

Пленковиќ интервенираше во Брисел за да го отежне патот на Црна Гора кон членство во ЕУ, објавија хрватските медиуми — отвора на Макфакс

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги информираше лидерите на земјите-членки на ЕУ за осумте хрватски барања до Црна Гора, кои таа земја треба да ги реши за да добие „зелено светло“ од Загреб за завршување на преговорите за пристапување. По интервенцијата на Пленковиќ, заклучоците за Црна Гора беа делумно изменети во споредба со претходниот нацрт, од ...

Пленковиќ ја спомна Македонија, Германија го притиска за Црна Гора „Ова е различно од 21 година блокада за Скопје“ — отвора на Плусинфо

Хрватскиот премиер тврди дека Загреб не го блокира европскиот пат на Црна Гора како што 2 земји членки го правеле тоа со Македонија.

Пленковиќ негира дека бил под притисок во врска со Црна Гора — отвора на Нетпрес

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во петокот дека делови од заклучоците за проширувањето на Европската унија кои се однесуваат на Црна Гора се променети по негова иницијатива, испраќајќи порака до Подгорица да ги реши отворените прашања, и негираше дека Загеб е под притисок од некои земји-членки поради тоа. „Ги изменивме заклучоците на наша иницијатива, кои ...

Пленковиќ остро ги осуди антисемитските пораки во Сплит: „Исклучително сум разочаран“ — отвора на Локално

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во Брисел го коментираше буџетот на Европската Унија и повтори дека...

Пленковиќ ја спомена Македонија. Две држави ја блокираа 21 година, осум услови за Црна Гора, а Србија испраќа „смешни ноти“ — отвора на Национално

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека Хрватска јасно и транспарентно ги претставила осумте нерешени прашања што Црна Гора мора да ги надмине за да продолжи со напредокот во пристапните преговори со Европската Унија. Според него, станува збор за прашања што со години остануваат отворени, а се директно поврзани со европските вредности и ...

Германија го притиска Пленковиќ за членството на Црна Гора во ЕУ — отвора на Рацин

Германија го засилува дипломатскиот притисок врз Хрватска да ги реши отворените спорови со Црна Гора и да не го попречува нејзиното членство во Европската Унија. Берлин бара од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ конструктивен пристап, предупредувајќи дека блокадата на Подгорица може да го загрози целиот процес на проширување, објавува „Еуроњуз“, повикувајќи се на четворица европски функционери ...

Пленковиќ ги отфрли како смешни и бесмислени обвинувањата на Вучиќ за мешањето на Хрватска во изборите во Србија — отвора на Бриф

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата на Александар Вучиќ за наводното мешање на Хрватска во српската изборна кампања и ја оцени протестната нота на Белград поради пишувањата на хрватските медиуми како смешна и „целосен нон сенс“. „Мислам дека повторно станува збор за некаков спин што треба да ја поткрепи тезата дека Хрватска, како ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: МКД.мкMakPress