Појасот

14 настани во последните 30 дена, од 15 медиуми

Убиен шефот на внатрешната безбедност на Хамас во Газа — отвора на Рацин

Наим Абу Нахал, шефот на апаратот за внатрешна безбедност на Хамас во Газа, е убиен во израелски воздушен напад во западниот дел на градот Газа. Информацијата првично ја соопштил палестински безбедносен извор за АФП, а потоа неговата смрт ја потврдило и Министерството за внатрешни работи под контрола на Хамас. Израелската војска и внатрешната безбедносна служба ...

„Оксфам“: Штетите врз животната средина го загрозуваат опстанокот на луѓето во Газа — отвора на Проверено

Воената кампања на Израел во Газа го претвори целиот Појас во токсична пустина, при што водата, почвата и воздухот се тешко загадени поради масовната употреба на експлозивно оружје и уништувањето на системите за водоснабдување, канализација и пречистување, се наведува во извештај на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“. „Секој што дише, јаде, пие или дури и само ...

Зимата носи нова опасност за Газа: на 350.000 семејства итно им е потребно засолниште — отвора на Скопје1

Доаѓањето на зимата дополнително ја загрозува состојбата на раселените Палестинци во Појасот Газа, каде што на околу 350.000 семејства итно им е потребно соодветно засолниште, предупреди Министерството за јавни работи и домување во енклавата.Според податоците на Министерството, околу 270.000 семејства, односно повеќе од еден милион раселени лица, веќе подолго од три години живеат во шатори во кои…

Израелски тенкови навлегоа во централниот дел на Газа – тројца загинати, илјадници цивили во страв од нова ескалација — отвора на 4NEWS

Израелската армија започна нова воена операција во централниот дел на Појасот Газа, каде што тенкови навлегле во подрачја надвор од досегашната израелска...

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа — отвора на Скопје1

Израелската војска префрлила околу 3,5 милиони фотографии од Палестинци на облачната платформа на „Амазон“, со цел нивна анализа преку технологија за препознавање лица. Ова го откриваат доверливи документи од почетокот на 2024 година, во период кога Израел спроведувал интензивна воена операција во Појасот Газа, објави британскиот весник „Гардијан“.Фотографиите биле поставени од воениот оддел…

Високопоставен командант на Хамас убиен во израелски воздушен напад врз Појасот Газа — отвора на Либертас

– Военото крило на Хамас насловено како Бригадите „Изедин ал Касам“, соопшти дека во израелски воздушен напад вчера бил убиен 53-годишниот Самир Абу Јунис, високорангиран командант на групата во јужниот град Рафа во Појасот Газа, кој учествувал во планирањето на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израелската армија денеска потврди дека извршила ...

Синот на Трамп инвестира во воени роботи: Израел преговара за набавка на 1.000 хуманоидни машини — отвора на Скопје1

Американската компанија „Фаундејшн фјучр индустрис“, во која инвеститор и главен стратешки советник е Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, преговара со израелската војска за испорака на најмногу 1.000 хуманоидни роботи што би можеле да се користат во тунелите под Појасот Газа, објави „Фајненшл тајмс“.Станува збор за роботите „Фантом МК1“, наменети за индустриска и воена…

Израел гранатираше болница во Газа — отвора на Антропол

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени рано утринава во израелски напад врз болница во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, соопшти Цивилната заштита во Газа. Во соопштението се наведува дека меѓу повредените во нападот врз болницата Насер има и вработени во таа здравствена установа, пренесе „Ал Џезира“. Се истакнува дека ...

6 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: ТРН

Прашања

Објавени тајни списи на основачот на Израел кои звучат како злокобно пророштво: „Газа ќе нѐ уништи“ — отвора на Независен весник

Во пресрет на војната од 1956 година, основачот на Израел, Давид Бен-Гурион, го нарече Појасот Газа „непријатна“ цел, а подоцна предупреди дека останувањето во Газа со отпор и меѓународна изолација може да ја уништи земјата, според документите објавени од архивата на израелската армија. Архивата на израелската армија и безбедносните структури на Министерството за одбрана ...

ОН предупредуваат дека зимата дополнително ќе ја влоши хуманитарната криза во Појасот Газа — отвора на Либертас

Обединетите нации и Палестинската самоуправа вчера предупредија дека претстојната зима може дополнително да ја влоши хуманитарната криза во Појасот Газа, каде што стотици илјади луѓе сѐ уште живеат во шатори и привремени засолништа по израелското бомбардирање. Повеќе од два милиони луѓе зависат од засолништа и хуманитарна помош, изјавија официјални лица на прес-конференција во Рамала на ...

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили во Појасот Газа — отвора на Инфомакс

Американските воени подготовки се во тек во близина на границата со Појасот Газа, во пресрет на планираното распоредување меѓународни стабилизациски сили во палестинската енклава, објавија денеска израелските медиуми, пренесува Анадолија. Израелскиот портал „Вала“ објави дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дала согласност САД првично да распоредат околу 250 странски војници. Израел…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени — отвора на Скопје1

Околу 70.000 шатори во кои се сместени раселени Палестинци биле поплавени во Појасот Газа за само 12 часа по почетокот на првата зимска бура. Првичната штета се проценува на околу три милиони долари, соопшти владината канцеларија за медиуми во Газа.Од таму информираат дека се урнале десетици ѕидови, има повредени, а оштетените згради претставуваат сѐ поголема опасност од уривање. Цивилната…

Жителите на Газа наоѓаат начин да добијат електрична енергија: Прават ветерни турбини од метален отпад — отвора на Фактор

Жителите на Појасот Газа, соочени со речиси целосно уништување на електричната мрежа, наоѓаат алтернативни начини за производство на електрична енергија, правејќи импровизирани ветерни турбини од старо железо и делови пронајдени меѓу урнатините. Во камп за раселени лица во Кан Јунис, во јужна Газа, импровизирани ветерни турбини се вртат на морскиот ветер над бројни шатори, обезбедувајќи им на…

Три лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа — отвора на Независен весник

Најмалку тројца Палестинци загинаа, а неколку лица се повредени во денешните израелските напади во Појасот Газа. Локалните здравствени власти информираа дека две лица загинале, а шестмина се ранети во два одделни воздушни напади во Кан Јунис, на југот од енклавата, додека третото лице загинало во израелски воздушен напад во градот Ал Мусадар. Израелската армија соопшти ...