Пјонгјанг

20 настани во последните 30 дена, од 27 медиуми

Северна Кореја тестираше касетна бомба што може да се монтира на балистички ракети — отвора на MakPress

Северна Кореја тестираше касетна бомба што може да се монтира на тактички балистички ракети и објави дека ќе воведе различни видови касетни боеви глави до крајот на годината, објави денеска севернокорејската агенција КЦНА. Според извештаите, Севернокорејската управа за за ракетни сили вчера го спроведе тестот за да ја процени борбената прилагодливост и силата на касетната ... The post Северна…

Северна Кореја тестира нови ракети: тврди дека можат да ја претворат областа во пепел — отвора на Макфакс

Северна Кореја остро ги отфрли обвинувањата на американското ФБИ дека стои зад кражбата на шест милијарди долари од берзата за криптовалути Binance. Речиси истовремено, Пјонгјанг изврши пробно лансирање на стратешки крстосувачки ракети – што претставува нов приказ на воените капацитети на земјата, пренесува „Еуроњуз“. Лансирањето уследи веднаш откако Ким Јо-џонг, влијателната сестра на…

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Пјонгјанг ги негира обвинувањата на САД за хакерскиот напад врз „Бајненс“ — отвора на Локално

Северна Кореја ги отфрли обвинувањата за вмешаност во неодамнешниот грабеж на криптовалути на платформата „Бајненс“ (Binance)....

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја — отвора на Вечер

Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Трамп сака нова средба со Ким Џонг Ун, Северна Кореја го игнорира — отвора на Рацин

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но најновите дипломатски разговори покажуваат дека Вашингтон не се откажува од барањето Пјонгјанг целосно да го напушти нуклеарното вооружување. Разликите меѓу двете страни остануваат големи, а засега нема потврда дека се подготвува нов лидерски самит. На средбата одржана ...

Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance: Како Ким Џонг-ун ја изгради најстрашната хакерска група во светот? — отвора на Инфомакс

Се сомнева дека Северна Кореја стои зад најголемиот досега регистриран сајбер-грабеж, при што од Binance, најголемата берза за криптовалути во светот, биле украдени околу 6,3 милијарди долари во криптовалути. Според анализите на американските компании за сајбер-безбедност, нападот има сличности со претходните операции на хакерската група „Лазарус“ и други организации поврзани со Пјонгјанг.…

Хакери украле 6,3 милијарди долари од Бајненс, најголемата светска берза за криптовалути — отвора на Мета.мк

13 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: ФакторБриф+5

Ким Џонг-ун: Северна Кореја мора да покаже апсолутна супериорност кај беспилотните летала — отвора на Макфакс

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја мора да демонстрира „апсолутна супериорност“ во технологијата за беспилотни летала. Тој го изјави ова за време на посетата на изложба и демонстрација на беспилотни воздухопловни технологии, објави денеска државната новинска агенција KCNA. Демонстрација на воена технологија Според KCNA, на демонстрацијата на огнена моќ биле прикажани…

Северна Кореја лансираше околу десетина балистички ракети: тензиите на границата растат — отвора на Макфакс

Северна Кореја денес истрела околу десетина балистички ракети кон морето, соопшти јужнокорејската војска. Ова лансирање доаѓа само неколку дена откако Пјонгјанг се закани дека ќе го обнови пропагандното емитување преку разгласи долж границата и ќе распореди ново оружје во областа што ги раздвојува двете земји, пренесува АП. Ракетите беа истрелани неколку дена откако севернокорејскиот лидер ...

Студентски визи за присилна работа: Русија и Северна Кореја ги кршат санкциите на ОН — отвора на ТРН

Руска мрежа од посредници финансирана од Пјонгјанг префрла работници од Северна Кореја во руски фабрики за воено производство, кршејќи ги меѓународните санкции на ОН. Според новиот извештај на правната организација „Глобал рајтс комплајанс“ со седиште во Хаг, работниците работат под присила и во нехумани услови. Севернокорејскиот режим им одзема најголем дел од заработката за финансирање ...

Швајцарија отвора дипломатска канцеларија во Северна Кореја. Министерот пристигнува — отвора на Независен весник

Швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис патува во Северна Кореја оваа недела, потврди швајцарската влада во понеделник. Целта на посетата се политички разговори и официјално отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Пјонгјанг. Политички разговори и продолжување на дијалогот Посетата на Касис започнува во четврток, а тој ќе се сретне со севернокорејски претставници на...

Инцидент со мина и хаубица на границата: Растечки тензии меѓу Северна и Јужна Кореја — отвора на Макфакс

Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја се зголемија оваа недела, по писмото испратено од Пјонгјанг до Советот за безбедност на ОН – во кое се повторуваат обвинувањата дека Сеул го исценирал инцидентот со нагазна мина во септември – како и по забележувањето на севернокорејска хаубица во близина на границата. Хаубица во близина на границата Присуството ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Северна Кореја ќе постави звучници за „психолошка војна“ на границата со Јужна Кореја — отвора на МИА

Северна Кореја подоцна овој месец ќе ги вклучи звучниците за „психолошка војна“ долж границата со Јужна Кореја, изјави Ким Јо Џонг, сестрата на север...

Ким Џонг Ун во кома? Се шират драматични тврдења за здравјето на севернокорејскиот лидер — отвора на ТРН

На социјалните мрежи се шират драматични тврдења за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Според непотврдени информации што ги пренесува британскиот таблоид The Sun, Ким наводно доживеал мозочно крвавење, по што паднал во кома и бил префрлен на итно лекување во Кина. Во објавите на интернет се тврди дека севернокорејскиот лидер бил транспортиран ...

Тензиите меѓу двете Кореи растат: Северот ѝ нареди на својата војска да биде во состојба на готовност — отвора на Макфакс

Северна Кореја им нареди на своите гранични единици да преземат „брза и одлучна акција“ доколку јужнокорејските сили ја загрозат нивната безбедност. Оваа директива, за која известија државните медиуми, го зголемува ризикот од конфликт долж силно чуваната граница, пренесува Ројтерс. Потегот на Пјонгјанг доаѓа еден ден откако Сеул најави дека „одлучно“ ќе ја казни секоја нова ...

За Пјонгјанг вежбите на Јужна Кореја, Јапонија и на САД се нова закана за војна на Корејскиот Полуостров — отвора на MakPress

Заедничките воени вежби на Јужна Кореја, Јапонија и САД предизвикуваат нова закана од војна на Корејскиот Полуостров и во регионот, јавија денеска северонокорејските медиуми. Коментарот е објавен откако јужнокорејската морнарица денеска објави дека ќе спроведе заеднички поморски вежби наречени Хогук со американската морнарица од 20 до 23 октомври, пренесоа американски медиуми. Претходно денеска...

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување — отвора на Вечер

Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“. Ким Јо Џонг, влијателната сестра на се

Јужна Кореја ѝ се заканува на Северна: „Одлучно ќе ве казниме“ — отвора на Макфакс

Јужна Кореја најави строг одговор доколку Северна Кореја ги спроведе своите закани за зајакнување на своето воено присуство по должината на границата. Ова дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји. Министерството за национална одбрана во Сеул изјави дека е длабоко загрижено од заканите на Пјонгјанг. Според Ројтерс, Северна Кореја објави планови за распоредување дополнително тактичко ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Алгоритми за војување: Пјонгјанг тестираше подводно торпедо со вештачка интелигенција — отвора на ТРН

Северна Кореја изврши успешно тестирање на нов подводен систем на торпедно оружје опремен со вештачка интелигенција за откривање цели и автономно наведување. Според државната новинска агенција КЦНА (KCNA), подводниот тест е изведен во четвртокот како дел од редовните воени истражувања, а потврдува ракетен погон развиван низ повеќе од 180 опити во изминатите пет години. Овој ...

Северна Кореја тестираше два вида крстосувачки ракети што се лансираат од подморница — отвора на Нова Македонија

Северна Кореја во средата тестирала два вида стратешки крстосувачки ракети што се лансираат од подморница, со цел да ги провери оперативните способности на својата морнарица и сигурноста на одвраќањето од воени закани, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, пренесува „Ројтерс“. Пјонгјанг продолжува со развојот на современи подморници способни за лансирање ракети, како и со...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: КурирMakPress+1