СЗО

9 настани во последните 30 дена, од 24 медиуми

Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген — отвора на Press24

Министерот за здравство Сашо Клековски, ги претстави клучните приоритети на македонското здравство на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, што се одржува во Копенхаген. За време на своето обраќање пред министрите за здравство од регионот, Клековски посочи дека сите европски земји се соочуваат со слични предизвици во овој сектор. ...

СЗО ги повикува младите да даруваат крв: Светска кампања собра над 9.000 заложби од 177 земји — отвора на Reporter.mk

Светската здравствена организација ја истакна потребата од нова генерација редовни крводарители, објавувајќи дека кампањата „Drop Your Drop“ собрала повеќе од 9.000 заложби за дарување крв ... СЗО ги повикува младите да даруваат крв: Светска кампања собра над 9.000 заложби од 177 земји

Колку всушност треба да се движиме: На возрасните им требаат најмалку 150 минути неделно — отвора на Независен весник

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува возрасните да имаат најмалку 150 до 300 минути умерена физичка активност неделно, што е приближно половина час на ден, пет дена во неделата, со вежби за зајакнување на мускулите најмалку двапати неделно. Препораките се дел од упатствата за физичка активност и седентарен начин на живот објавени од СЗО во 2020 ...

Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување — отвора на Курир

Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), бремените жени изложени на топлотни бранови имаат ризик од предвремено породување и до 26 отсто, што може да предизвика смрт на плодот, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес. Достапните информации укажуваат дека бебињата родени во 2024 година биле почесто изложувани на топлотни бранови од новороденчињата од 1986...

Епидемија во Бангладеш како предупредување до целиот свет — отвора на МКД.мк

Бангладеш, чија програма за рутинска вакцинација ослабе за време на 2025 година, пријави 202.000 сомнителни случаи на мали сипаници, од кои 22.000 се лабораториски потврдени, од почетокот на епидемијата во средината на март до 9 октомври, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Ова е најголем број сомнителни случаи на оваа болест регистрирани во која било земја ...

Кој во Македонија е најизложен на хронични болести, новите податоци на СЗО откриваат важни разлики — отвора на Рацин

Мажите и жените немаат еднакви показатели за здравствен ризик, а разлики се забележуваат и во исхраната на децата според материјалната состојба. Но новата база не овозможува рангирање на македонските општини според ризикот од рак, дијабетес или срцеви заболувања. Националниот просек може да сокрие кој потешко стигнува до превентивен преглед, кој почесто е изложен на ризици ...

Зголемен број на случаи на мали сипаници во Турција поради намалување на вакцинацијата — отвора на Курир

Од почетокот на оваа година во Турција се регистрирани речиси 3.000 случаи на мали сипаници поради намалување на покриеноста со вакцинација и страв од нови епидемии на болеста, објави електронското издание на „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на податоци од Турската медицинска асоцијација и специјалисти за заразни болести. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека...

Алкохолот го зголемува ризикот од рак на дојката, но жените ретко го слушаат тоа од лекар — отвора на Рацин

Само 15 отсто од испитаниците во 14 земји знаеле дека алкохолот може да предизвика рак на дојката, а во 2020 година му се припишуваат околу 39.200 нови случаи на ова заболување во европскиот регион на СЗО. Експертите предупредуваат дека разговорот за алкохолот премногу често изостанува од здравствените консултации. Алкохолот е познат ризик за заболувања на ...

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата — отвора на Нова ТВ

Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври, годинава се одбележува под мотото „Слушнати лични искуства: Вистински гласови, вистински промени“, со повик луѓето што живеат со ментални здравствени состојби да добијат вистинско влијание врз политиките и услугите што го засегаат нивниот живот. Според Светската здравствена организација (СЗО), целта на кампањата за 2026 година е да се ...