Суперлига

38 настани во последните 30 дена, од 14 медиуми

“Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми — отвора на Битола њуз

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 26:26 (11:14) Во натпреварот од 11. коло на Суперлигата во Битола Еурофарм Пелистер 2 се врати од четири гола негатива... The post “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми first appeared on Bitola News.

Работнички продолжува да игра без грешка, МЗТ ја прекина серијата на порази — отвора на Дерби

Кошаркарките на Работнички продолжуваат да играат без грешка во Суперлигата, а најнова жртва им е составот на ТФТ кој беше надигран во салата „Лазар Лечиќ“ со 104:84. „Центарци“ играат со голема самодоверба и тоа го покажаа против ТФТ, тим кој низ годиниве беше доста незгоден за нив. Меѓутоа денеска Работнички доминираше, ги доби сите четири ...

МЗТ Скопје убедлив против Штип за крај на серијата порази — отвора на Спорт+

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа КК Штип со 96:74 во последниот натпревар од осмото коло во македонската кошаркарска Суперлига. Со овој дуел во СЦ „Јане Сандански“ е комплетирано осмото суперлигашко коло, а домаќинот се врати на победничкиот колосек. За „сино-белите“ ова е шеста победа сезонава, со која остануваат на второто место на табелата веднаш зад непоразениот Работнички.…

Скопје преку Тиквеш до втора победа во Суперлигата (ВИДЕО) — отвора на Дерби

Кошаркарите на Скопје 2023 забележаа победа над Тиквеш од 97:94 во единствениот натпревар од денешната програма во Суперлигата. Домаќините бараа прекин на серијата од четири порази, мисија, цел која успеаа да ја остварат и тоа преку една вистинска драма. Во последната минута се влезе со минимална предност на гостите од 94:93, но прво Младеновиќ даде ...

Вардар рутински до нов триумф и продолжување на извонредната серија во Суперлигата — отвора на Дерби

Актуелниот македонски шампион Вардар 1961 запиша нова победа во Суперлигата, вкупно единаесетта во исто толку натпревари во натпреварувачката 2026/2027. „Црвено-црните“ новото славје во забележаа во салата Автокоманда во Скопје каде го решија домашниот Мулти Есенс со 38:33. Вардар на овој меч не настапија со најдобриот состав, недостасуваа неколку клучни играчи, но и без нив немаше ...

Скопје ја прослави втората сезонска победа — отвора на SportSport

Кошаркарите на Скопје ја забележаа втората победа во новата сезона од македонската Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 97-94 во премиерниот натпревар од осмото коло. Актуелниот вицешампион на Македонија до триумфот стигна по голема борба и неизвесна завршница, во натпревар во кој двете екипи имаа свои добри периоди. Најефикасен во победничкиот состав ...

Работнички оди на „осум од осум“ на дерби пресметката со ТФТ — отвора на SportSport

Пет натпревари се на програмата во осмото коло на МТЕЛ Суперлигата. Натпреварите од осмото коло на МТЕЛ Суперлигата носат неколку интересни пресметки, а во центарот на вниманието е дуелот меѓу Работнички и ТФТ. Екипата од „Градски парк“ е единствената со максимален ефект во досегашниот дел од шампионатот, со седум победи од исто толку натпревари, и ...

Алкалоид поуспешен од Еурофарм Пелистер во дербито — отвора на Независен весник

Во дербито од 11. коло во македонската Суперлига, вечерва на домашен терен, ракометарите на Алкалоид го совладаа Еурофарм Пелистер со 30-28. Битолскиот тим, кој во вторникот го совлада Магдебург во Лига Европа, добро го почна натпреварот во скопска Автокоманда и предводен од капитенот Филип Кузмановски поведе со 3-1. Составот на Кирил Лазаров одговори со серија ...

Потпретседателот на Е. Пелистер по поразот од Алкалоид: „Срам да ви е на сите играчи и тренери!“ — отвора на SportSport

Потпретседателот на Е. Пелистер, Бојан Стерјев, со остри пораки на социјалните мрежи реагираше по поразот на битолчани од Алкалоид со 30-28 во дербито од 11. коло во македонската Суперлига. Стерјев не го криеше разочарувањето од изданието на екипата, упатувајќи критики кон играчите и тренерскиот штаб. „Се обезбедено, за вака да ни вратите! Срам да ви ...

Ученикот го надмудри учителот: Лазаров и Алкалоид се израдуваа на победа против Червар и Еурофарм Пелистер — отвора на Дерби

Два дена по големиот подвиг и победата над бундеслигашот Гумерсбах, Еурофарм Пелистер имаше тежок испит во домашното првенство, а вечерва во Суперлигата претрпе нов пораз од директен ривал за висок пласман. Дербито меѓу Алкалоид и Пелистер се играше денеска во салата во Автокоманда, каде домашниот тим беше поконцентриран во текот на сите 60 минути и ...

Вечерва се среќаваат учителот и ученикот, Лазаров против Червар — отвора на Скопје Инфо

Ракометниот клуб Алкалоид денеска го пречекува Еурофарм Пелистер во дерби-натпревар од домашната Суперлига, во кој посебно внимание привлекува дуелот меѓу тренерите Кирил Лазаров и Лино Червар.

Петорка на 7. Коло: Пал е МВП , ГКК Штип со двајца во најдобрата петорка — отвора на SportSport

Џокрол Пал одигра натпревар за паметење во дресот на ГКК Штип и заслужено е најкорисниот играч на седмото коло од МТЕЛ Суперлигата. Со извонредни 38 поени и индекс на успешност 41, американскиот интернационалец го предводи изборот на најдобрите петмина кошаркари во изминатата рунда. ЏОКРОЛ ПАЛ (ГКК ШТИП) Пал блесна на дуелот против Скопје, на кој ...

Охрид го освои Кавадарци и ја продолжи победничката серија во Суперлигата — отвора на Дерби

ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога и обезбеди победа над ГРК Тиквеш (39:25) во мечот од единаесеттото коло во ракометната Суперлига. „Гладијаторите“ играат на високо ниво и во тековнава сезона и потврда за тоа е што ова за нив беше деветта победа во шанпионатот, шеста во низа. Гостинскиот состав го потврди својот квалитет уште во ...

Работнички на седмо небо, навивачите почнуваат да веруваат во титула — отвора на Спортманија

Кошаркарскиот клуб Работнички има фантастичен старт на сезоната во Суперлигата, лидер е со седум победи во седум кола, и фановите почнуваат да се надеваат дека можеби ова е сезоната во која клубот може да ја врати шампионската титула во своите витрини. Работнички е рекордер со 15 титули, но во последните 16 години има само една, ...

Работнички го сруши шампионот во „Јане Сандански“ и остана перфектен во Суперлигата — отвора на Дерби

Кошаркарките на Работнички издвојуваа победа над МЗТ Скопје од 74:60 во дерби натпреварот од 7. коло во Суперлигата. Ова беше прва сезонска битка на вечните ривали, соочување во кое поуспешни беа центарци кои ја искористија добрата форма, самодовербата, но и фактот што шампионот не може да смета на сите свои играчи во моментов и тоа ...

МКК Куманово ја декласираше Струмица — отвора на SportSport

Кошаркарите на МКК Куманово забележаа убедлива победа над Струмица со 85:48, во последниот денешен натпревар од седмото коло на македонската Суперлига. Кумановци уште од почетокот ја презедоа контролата и ја добија првата четвртина со 21:8, а потоа постојано ја зголемуваа предноста до конечни 37 поени разлика. Најефикасен во победничкиот состав беше Камерон Гуден со 18 ...

Пал со 38 поени го однесе Штип до трета победа сезонава — отвора на SportSport

Кошаркарите на Штип забележаа победа над Скопје 2023 со 103:94, во еден од вечерашните натпреваро од седмото коло на македонската Суперлига. Домашниот состав одигра одлично во нападот и со 32 постигнати поени во последната четвртина го скрши отпорот на скопјани, кои во третата четвртина успеаја да направат пресврт и да влезат во завршницата со предност ...

Без изненадување во Битола: ГРК Тиквеш само лесен тренинг за Пелистер — отвора на SportSport

Пелистер им се врати на победите во Супер-лигата. После убедливиот пораз во вечното дерби, битолчани на домашен терен славеа против ГРК Тиквеш со 37-26. Ова беше осма победа за избраниците на Лино Червар, имаат еден пораз и реми. На другата страна кавадарчани имаа скор од четири порази, пет победи и реми. Во првите 15 минути ...

Драма во Кавадарци, драма во Гевгелија и победи на Тиквеш и ТФТ — отвора на SportSport

Вечерва во рамките на 7.коло во елитната кошаркарска лига се одиграа два меча кои и тоа како беа драматични и на кои Тиквеш дома славеше со Пелистер со 72:70, а во Гевгелија ТФТ како гостин го победи Кожув со 86:88 и тоа по едно продолжение. Битолчани во Кавадарци подобро го отворија мечот, по првиот период ...

Вардар и Алкалоид вечерва во директен судир за врвот во ракометната Супер лига — отвора на Спорт+

Ракометарите на Вардар и на Алкалоид вечерва ќе ги одмерат силите во големото дерби од десеттото коло во Супер лигата. Оваа пресметка на двете водечки екипи на табелата е последниот од денешните натпревари во 10-тата рунда од домашното првенство. Средбата се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“, откако домаќините обезбедија услови за вистински ракометен спектакл пред полни трибини. Дуелот…

Градското дерби помеѓу Вардар и Алкалоид ќе го гледате на Јутуб! — отвора на SportSport

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра градското дерби помеѓу Вардар и Алкалоид, натпревар од десеттото коло во Суперлигата. Актуелниот македонски првак има девет победи во низа, запоседнувајќи го врвот на табелата, додека, пак, тимот од Автокоманда има осум победи и еден пораз. Избраниците на Кирил Лазаров може да се надеваат на сензација и ...

Охрид без мака најде решение за Младост во „Билјанини извори“ — отвора на Дерби

Вториот натпревар од десеттата рунда во македонската Суперлига се одигра вечерва во Охрид, каде истоимениот тим запиша очекувана победа над Младост. Избраниците на Борис Ројевиќ стигнаа до осмиот триумф во домашното првенство, и тоа на натпревар на кој не форсираа премногу лесно да го откажат противникот. Младост парираше во добар дел од мечот и на ...

ГРК Охрид победнички против Младост — отвора на SportSport

Ракометарите на ГРК Охрид вечерва, во меч од 10.коло во нашата Суперлига, успеа да го победи составот на Младост со 24:20. Ова беше осма победа на охриѓани а седми пораз на тимот од Богданци, кој сеуште се нема израдувано на победа сезонава. На стартот големиот фаворит поведе со 3:0 и со тоа како да сакаше ...

Вардар соопшти кој може да го следи дуелот со Алкалоид! — отвора на SportSport

Викендов треба да се одигра уште еден дерби-натпревар, овојпат против градскиот ривал Алкалоид. Средбата е закажана за 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 18,30 часот, а домаќин е Вардар. Натпреварот од 10. коло во Суперлигата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, но во малата сала, соопштија од Вардар. „Причината за оваа промена ...

МТЕЛ Суперлига – петорка на 6. Коло: Гуден со еден индексен поен повеќе пред Сила — отвора на SportSport

Петмина кошаркари кои оставија силен индивидуален белег во натпреварите од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата. Камерон Гуден од МКК Куманово е најкорисниот играч на колото, со индексни 33 поени. КАМЕРОН ГУДЕН (МКК КУМАНОВО) И покрај тоа што неговиот одличен индивидуален настап не беше доволен за МКК Куманово да стигне до победа на гостувањето кај ТФТ, ...

Им требаше само еден бод во последните четири кола за да ја освојат титулата, но останаа без пехарот — отвора на Спортманија

Ченгду Ронгченг доживеа еден од најголемите колапси во историјата на фудбалот. На четири кола до крајот на Кинеската Суперлига, тимот требаше да освои само еден бод за теоретски да ја обезбеди шампионската титула. Сепак, на крајот се случи вистинска спортска трагедија за овој клуб. Ченгду Ронгченг ги загуби сите четири натпревари до крајот, а Далијан ...

МТЕЛ Суперлига – петорка на колото – 5: Рикиќ прв меѓу најдобрите — отвора на SportSport

Роберт Рикиќ, центарот на Работнички, е најкорисниот кошаркар во изборот на најдобрата петорка на петтото коло од МТЕЛ Суперлигата. Со 31 индексен поен, остварен на гостувањето против Скопје, го имаше највисокиот индивидуален учинок во оваа рунда. РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ) На гостувањето против Скопје, високиот центар на Работнички беше прв стрелец во својата екипа, но и ...

Вардар убедлив против Еурофарм Пелистер — отвора на Скопје Инфо

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:23 во првото големо дерби меѓу двата ривали оваа сезона во македонската Суперлига.

Струга го изненади Е. Пелистер 2 на гостувањето во Битола — отвора на SportSport

Ракометарите на Струга приредија пресврт во Битола и го совладаа Е. Пелистер 2 со 25:24, во натпревар од деветтото коло на Суперлигата. Домаќините имаа предност од 12:11 на полувремето, но стружани во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат бодовите. Мечот влезе во неизвесна завршница, а одлуката падна во последната минута. По ...

Алкалоид рутински до убедлива победа — отвора на SportSport

Ракометарите на Алкалоид вечерва како домаќини во меч од 9.коло во ракометната Суперлига, успеаја да слават со 37:27 против составот на Прилеп. Јасно беше и пред натпреварот дека избраниците на Кирил Лазаров се апсолутни фаворити, па прашање беше само со колкава разлика ќе слават против гостите од Прилеп. Ова е нивна осма победа сезонава. Прилеп ...

Работнички казнет со 82.400 денари, МКК Куманово со 66.400 денари — отвора на SportSport

Дисциплинската комисија при МКФ ги изрече казните за последното коло во нашата кошаркарска Суперлига. А таму Работнички и МКК Куманово заедно треба да платат 144.800 денари. И двата клуба добија казни врз повеќе основи и тоа пресметка на трибините на нивниот меѓусебен меч, како и поради техничките грешки. Работнички е санкциониран со 82.400 денари а ...

Изненадување во Струмица: Шампионот го претрпе првиот пораз — отвора на SportSport

Кошаркарите на Струмица приредија големо изненадување совладувајќи го МЗТ Скопје Аеродром со 87:79, во натпревар од 4. коло во Суперлигата. Дуелот беше изедначен во првото полувреме. Струмица ја доби првата четвртина со 26:26, а на паузата имаше предност од 47:44. МЗТ возврати во третиот период, добивајќи го со 20:17, но во последните десет минути домашниот состав ...

“Комити” им порачаа на „вардарци“: Победа против Пелистер е единствено сценарио (ФОТО) — отвора на SportSport

По денешното реми со германски Мелсунген (26:26) во Лигата на шампионите, навивачката група „Комити“ испрати јасна порака до ракометарите на Вардар пред големото дерби со Пелистер, кое викендов ќе се игра во домашната Суперлига. „Победа против Пелистер е единствено сценарио“, порачаа „Комитите“ во своето прво обраќање, ставајќи до знаење дека од вардарци очекуваат максимален ангажман ...

Пелистер победи на гостувањето во Новаци — отвора на Битола њуз

Новаци – Пелистер 0:2 (0:2) Екипата на Пелистер од Битола во рамките на 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија гостуваше во Новаци каде... The post Пелистер победи на гостувањето во Новаци first appeared on Bitola News.

Саша Илиќ повторно си поднесе оставка, Партизан ќе бара нов тренер! — отвора на SportSport

Саша Илиќ одлучи да се повлече од функцијата главен тренер на Партизан по поразот од Чукарички со 0-2 во 13-то коло од српската Суперлига. Како што објави „Спортски журнал“, легендарниот фудбалер на „црно-белите“ ја донесе конечната одлука по новиот неуспех и е подготвен да се повлече од тренерската позиција. Партизан претрпе уште еден болен пораз ...

Мулти Есенс со добар настап на гостувањето кај Струга, ама во финишот доживеа минимален пораз — отвора на SportSport

Струга – Мулти Есенс 32:31 е исходот од вечерашниот меч од 8.коло во нашара ракометана Суперлига. Треба веднаш да се напомене дека младиот состав на гостите и тоа како одигра добар меч, имаше на почетокот и водство а потоа мечот или имаше резултатски егал или домашните водеа со гол или двба разлика. На пауза се ...

Малус броеше до 11: РК Вардар го “прескокна“ и Прилеп и остана перфектен — отвора на SportSport

По Нант во ЛШ, шампионот славеше и во Прилеп. Нема дилеми, РК Вардар си “гази“ во домашниот шампионат. Доцна попладнево во меч од 8.коло во ракометната Суперлига, шампионот како гостин славеше против домашниот Прилеп со 29:38. Па така сега четата на Иван Чупиќ има супер – серија од осум победи во тие осум одиграни натпревари ...

ТФТ до втора победа сезонава — отвора на SportSport

Со конечно 84:70 тимот на ТФТ денеска на свој терен го совлада тимот на Штип, со што ја ја забележа втората победа во новиот Суперлига шампионат. Иако домаќинот не го отвори мечот најдобро, тоа сепак, на избраниците на тренерот Боро Даскаловски не им пречеше во продолжението на средбата да ја консолидираат својата игра и да ...