Халкида

14 настани во последните 30 дена, од 24 медиуми

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветната кратенка за нашата држава во ТВ преносот — отвора на Спортманија

15 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: SportSportЕкипа+8

Македонија падна во Халкида – Грција славеше со 29:24 — отвора на Паноптикум

Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2028 - Грција славеше со 29:24 во Халкида по лошото прво полувреме на избраниците на Кирил Лазаров. Следниот голем тест е Шведска, а дуелот во Грција покажа што мора да се поправи.

Македонските ракометари одиграа катастрофално и со убедлив пораз се враќаат од Грција (ВИДЕО) — отвора на Спорт+

Македонската машка ракометна репрезентација одигра катастрофален натпревар на гостувањето во Грција од каде се враќа со убедливи пораз. Во дуелот од 2.кло од квалификациите за Европскиот шампионат 2028-ма, Македонија загуби од Грција со 29-24. Дека ова ќе биде еден од најлошите настапи на македонските ракометари последните неколку години, се виде уште во првиот дел. Освен водството на почетокот…

Македонија немоќна против Грција во Халкида — отвора на Телма

Македонската ракометна репрезентација загуби од Грција на гостински терен со 29-24 во рамки на 2.коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Во Халкида, нашиот тим одигра очајно прво полувреме, а во вториот дел во еден момент имаше и негатива од девет голови. Во финишот се изборивме за нешто попристоен, но сепак болен пораз ...

Македонија пред сериозен тест во Халкида, Грција повеќе не е ракометен аутсајдер — отвора на Телма

Македонската машка ракометна репрезентација денеска гостува кај Грција во рамки на второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред себе имаат сериозен предизвик во битката за пласман на уште едно големо натпреварување. Македонија во првото коло од квалификациите имаше само полесен тренинг против Луксембург, откако во средата ...

Две ознаки за Македонија на ист ракометен дуел. Грција победи во Халкида со 29:24 — отвора на Плусинфо

Грчката јавна телевизија ЕРТ ја прикажала македонската репрезентација со ознаката NMKD, според кадар објавен од „Курир“. Европската ракометна федерација за истиот натпревар ја користи меѓународната ознака MKD.

Полошо не можеше: Грците ни одржаа лекција по ракомет — отвора на Екипа

Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 29-24 на гостувањето во Халкида против Грција, во второто коло од квалификациите за ЕП 2028. Пораз што боли, уште повеќе ако се знае дека е претрпен од јужниот сосед, а убедливата разлика може сериозно да ни ги замрси сметките во обидот да се стигне до второто ...

На семафорот во Халкида стои кратенката МКД — отвора на Спортманија

Македонските ракометари излегоа да се загреваат пред дуелот со Грција, и неколкуте македонски навивачи кои се таму, се сместија на трибините, а засега нема никаква најава за некаква пеколна атмосфера во која би играле нашите ракометни репрезентативци. Салата во Халкида е мала, собира околу 1.500 луѓе, и во очи паѓа и моментот со кратенката МКД ...

Македонија ја има традицијата, Грција се потпира на „пеколната“ атмосфера — отвора на SportSport

Македонската ракометна репрезентација ќе ја бара втората победа во битката за пласман на Европското првенство во 2028 година. По убедливото издание против Луксембург на домашен терен, следен противник е селекцијата на Грција. Натпреварот се игра денеска (16 часот) во спортската сала „Тасос Камбурис“ во Халкида. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар. Противникот во последната година ...

Обезбеден директен телевизиски пренос од ракометниот спектакл Грција – Македонија — отвора на Спортманија

Убави вести за љубителите на ракометот во Македонија, обезбеден е директен телевизиски пренос од натпреварот Грција – Македонија кој се игра денеска од 16 часот во Халкида, а е и од квалификациите за Европско првенство 2028 година. Македонската публика мечот ќе може да го проследи на Арена М3 Премиум каналот. Кај нашиот јужен сосед, нивната ...

Букмејкерите веруваат во Македонија, ракометарите се фаворити против Грција (Фото) — отвора на Спортманија

Утрешното гостување на машката македонска ракометна репрезентација против Грција, може да биде клучен натпревар во квалификациите за Европското првенство 2028, бидејќи со победа, се чини дека ширум ќе ни биде отворена вратата за пласман на следното ЕП кое ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Средбата ќе се игра во Халкида на островот Евија, ...

Кузмановски: Мора да сме претпазливи со Грците — отвора на Курир

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, ќе биде лидер на нашиот национален тим на гостувањето во Халкида кај Грција. Кузмановски изјави дека ни следи средба со една борбена екипа, која покажала што може со пласманот на СП 2027. „Мислам дека имаме анализирано и собрано доволно видео-материјал од екипата на Грција. Тие покажаа во изминатите квалификации против Холандија една добра…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Денешен

Грците предупредуваат: Македонија е најважниот натпревар, потребна ни е поддршка од навивачите! — отвора на SportSport

Грција е следниот противник на македонската ракометна репрезентација. За разлика од нашите момци, нашиот јужен сосед со убедлив пораз од Шведска (33-24) ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Натпреварот помеѓу Грција и Македонија се игра во недела, во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида, која има капацитет од 1.620 гледачи. Влезот за ...

Бесплатен билет за сите - Грците сакаат да ја наполнат салата за дуелот со Македонија — отвора на Скопје Инфо

Грчката ракометна репрезентација очекува голема поддршка од домашните навивачи за неделниот дуел против Македонија, па влезот на натпреварот во Халкида ќе биде бесплатен. фото: Фејсбук/ Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница