Царина

8 настани во последните 30 дена, од 36 медиуми

Голема акција на зелениот пазар во Чаир: запленети 135 килограми тутун — отвора на Макфакс

По сузбивање на меѓународна група на организиран криминал со увози на цигари, Царина со засилени контроли и на зелените пазари – со сеопфатен пристап до жестока борба со нелегалната трговија со тутун, велат од Царинската управа. „Царински службеници од Царинарница Скопје и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи извршија претрес на тезги на зелениот ...

Директорите на Царина, БЈБ и Финансиска полиција на годишна конференција за спроведување на законот во САД — отвора на Бизнис вести

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, учествуваа на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Нивното учество, како што соопшти Царинската управа, е на покана на Меѓународната програма за ...

Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања — отвора на Скопје1

Обид за криумчарење лекови наменети за лекување пациенти со малигни заболувања бил спречен на граничниот премин Богородица. Мобилен тим од Одделението за оперативни работи открил 29 вијали од лекот „Xgeva“, со вредност од 336 илјади денари, како и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети, скриени во кутија за прва помош во автобус.Лековите биле пренесувани без почитување на пропишаните процедури за...

Лек за малигни заболувања криумчарен во кутија за прва помош, запленети 29 вијали на Богородица — отвора на 4NEWS

Обид за нелегално внесување лек што се користи при лекување малигни заболувања е откриен на граничниот премин Богородица. Царинските службеници заплениле 29...

Ставил златен накит вреден 4 милиони денари во перница за врат – Го фатија на Богородица — отвора на Press24

Златен накит вреден околу четири милиони денари бил откриен кај тетовчанец, сопственик на златарница, кој се обидел нелегално да го внесе во земјава криејќи го во перница за врат. Накитот бил откриен при контрола на автобус што сообраќал на релацијата Истанбул – Гостивар, на граничниот премин Богородица. Иако патниците биле прашани дали имаат стока за ...

Царина заплени 595 сребрени прстени — отвора на Република

Царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата. Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот е снимен со телесни камери.