Црно Море

40 настани во последните 30 дена, од 41 медиуми

Напад со дронови во Црното Море кај Калиакра: Потона брод со 421 контејнер, сите 18 морнари се спасени — отвора на Инфомакс

Бродот што беше нападнат со дронови во Црното Море, во близина на нос Калиакра, потонал околу полноќ. На него имало 421 контејнер со различни видови товар. Надлежните институции треба да утврдат дали потонувањето предизвикало загадување на морската средина. Сите 18 членови на екипажот се спасени. Станува збор за 14 филипински и четворица украински морнари. По ...

Дрон погоди трговски брод во Црното Море. Екипажот успеал да се евакуира — отвора на Плусинфо

Бродот пловел кон романското пристаниште Констанца, откако претходно испловил од израелското пристаниште Хаифа.

Дронови потопија брод со опасен товар во Црно Море – расте загриженоста за безбедноста — отвора на 4NEWS

Нов сериозен инцидент во Црно Море ја зголеми загриженоста за безбедноста на поморскиот сообраќај. Контејнерски брод што превезувал опасни материјали потонал по...

Радев предизвика гнев во Романија. Го нарекоа „загубен путинист“ — отвора на Независен весник

Бугарскиот премиер Румен Радев предизвика силно негодување во Букурешт, откако ја обвини Романија дека поттикнува дополнителни напади врз трговски бродови во Црното Море, со тоа што ја посочува Русија како агресор. „Многумина мислат дека ако се посочи агресорот, нападите ќе престанат и дека тоа ќе ги заштити нашите територијални води од можни удари. Романското ...

ЕК: Нападите врз трговските бродови во Црното Море ги засегаат интересите на ЕУ — отвора на Курир

Нападите врз трговските бродови во Црното Море влијаат врз интересите на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, одговарајќи на прашање за вчерашниот инцидент во близина на брегот на Бугарија. - Целосно сочувствуваме со Бугарија по овие најнови напади. Нападите со беспилотни летала врз трговските бродови се дел од поширок модел на зголемени и опасни напади. Ова е неприфатлива…

Напади врз бродови во Црното Море: Турција се заканува со одмазда — отвора на Нетпрес

Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара е загрижена поради интензивните напади врз трговски бродови во Црното Море. Тој ги повика Москва и Киев да дејствуваат разумно, во согласност со принципот на безбедна пловидба на отворено море. Ѓулер, исто така, нагласи дека Анкара ги задржува „сите законски права“ во врска со нападите врз ...

Загрозена организацијата на Евровизија 2027: Бугарија може да го загуби домаќинството поради ескалацијата во Црното Море — отвора на Лидер

Бугарија, која следната година треба да биде домаќин на изборот за „Песна на Евровизија“ во Бургас на црноморскиот брег, би можела да ја загуби организацијата на престижниот музички натпревар доколку продолжи ескалацијата на воените дејствија во Црното Море. Во изминатите седмици во овие води беа погодени и потонаа повеќе бродови по напади со подводни дронови, јавија бугарските медиуми.…

Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брег — отвора на Либертас

Контејнерскиот брод *CONTSHIP JET*, кој пловел под либериско знаме, бил погоден додека пловел кон Констанца, а претходно испловил од Хаифа, Израел. Уште еден брод беше погоден од беспилотни летала во Црното Море – овојпат во близина на ’ртот Калиакра, на бугарскиот брег објави Maritime.bg. Контејнерскиот брод *CONTSHIP JET*, кој пловел под либериско знаме, бил погоден ...

Товарен брод погоден од три дрона во близина на Бугарија — отвора на Макфакс

Контејнерски брод што пловел под знамето на Либерија бил погоден од три поморски дрона во Црното Море, на околу 40 километри од Шабла, на североисточниот брег на Бугарија, соопшти денеска бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. Стојанов го потврдил нападот за време на трилатералната средба во Софија со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер и ...

Драма кај Бугарија: Три поморски дрона погодија товарен брод во Црното Море — отвора на Скопје1

Осумнаесет членови на екипажот на контејнерскиот брод „Контшип Џет“ биле спасени откако бродот бил погоден од три поморски дрона во Црното Море, на околу 16 наутички милји од бугарскиот брег.Според информациите што ги пренесе „Новините“, повеќе од 20 контејнери со опасни материи паднале во морето. Бугарските власти соопштија дека бродот претрпел три пробивања на трупот, но сè уште плови, иако е…

Русија првпат испорачува пченица преку арктичката рута — отвора на Нетпрес

Русија, најголемиот извозник на пченица во светот, првпат се сврте кон арктичката транспортна рута за да го испорача житото на меѓународните пазари, барајќи алтернатива на пристаништата на Црното Море и Балтичкото Море. Трговското пристаниште Мурманск и компанијата за тргување со житарки „Деметра Холдинг“ во средата објавија дека се товарат 3.400 тони жито од „клучните земјоделски ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Нов напад со дронови кај Бугарија, спасени 18 морнари — отвора на Рацин

Три дронови денеска погодија товарен брод во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Според првичните информации, спасени се сите 18 членови на екипажот. Нападот се случил токму за време на средбата на министрите за одбрана на Бугарија, Романија и Турција во Софија, посветена на безбедноста во Црното Море. Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов ...

Радев ја обвинува Романија за провоцирање на Русија — отвора на Независен весник

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека обвинувањата на Романија против Русија во врска со нападите со беспилотни летала врз бродови во Црното Море придонеле за ескалација на тензиите, притоа одбивајќи директно да ја посочи Москва како одговорна, пренесе романскиот медиум „Романија инсајдер“ (Romania Insider). Во напис со наслов „Бугарскиот премиер ја обвинува Романија за провоцирање ...

Изобилството на атлантската скуша во Црното Море ги намалува пазарните цени во Турција — отвора на Нетпрес

Невиденото изобилство на атлантската скуша во водите на Црното Море во Турција ги воодушевува купувачите на пазарот поради ниските цени, но во исто време ја загрозува еколошката рамнотежа, предупредуваат турските медиуми. Црноморските рибари изјавија дека атлантска скуша, бонито, како највкусен вид меѓу рибите, уништила голем број други живи организми, вклучувајќи ги и раците и дека ...

Нов напад во Црното Море: Русија погоди брод што пловел кон пристаништето „Черноморск“ — отвора на Инфомакс

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни товари во водите на Црното Море. Според руското Министерство за одбрана, пловилото било нападнато за време на пловидбата, додека превезувало товар наменет за Вооружените сили на Украина (ВСУ) кон пристаништето Черноморск. Од руското Министерство за одбрана официјално соопштија за инцидентот: „Брод за насипни товари е оштетен за време ...

Бугарија гласа за претседател — отвора на Фокус

Дронови потопуваат бродови пред брегот на НАТО: Црното Море станува опасна рута за трговијата — отвора на Рацин

Црното Море сè повеќе станува опасна зона за трговските бродови, а војната меѓу Русија и Украина се прелева кон поморските рути покрај Бугарија и Романија. Најмалку осум товарни бродови биле погодени или поврзани со инциденти во серијата напади со дронови од почетокот на октомври. Тројца морнари загинале, најмалку 28 се водат како исчезнати, а двете ...

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки — отвора на ЦИВИЛ Медиа

На гласачкото ливче има 27 кандидатски двојки. Меѓу најистакнатите се актуелната претседателка Илијана Јотова, која настапува со Кирил Валчев, поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров со Георги Кандев и лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, со Петар Волгин. Јотова ја презеде претседателската функција во јануари, по повлекувањето на Румен Радев, чија...

Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова — отвора на Фокус

13 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: УтроА1он+5

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат — отвора на Независен весник

Тoварен брод потона во Црното Море по сомнителен напад со беспилотно летало на 13 наутички милји од брегот на романскиот град Констанца, јавија романските медиуми додавајќи дека во моменто се водат спасувачки операции. Екипажот испратил сигнал за помош (SOS) и романските власти интервенирале за да ги спасат морнарите. На бродот имало 13 лица, од кои ...

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море — отвора на Скопје1

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази длабока загриженост поради новата ескалација на тензиите во Црното Море, откако товарен брод со украински и азербејџански членови на екипажот бил погоден од дрон во близина на романскиот брег.„Длабоко сум вознемирена поради уште една руска ескалација во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, оценувајќи дека...

Бугарија пред претседателски избори: Безбедноста на Црното Море во фокусот — отвора на Инфомакс

Бугарија во недела, на 25 октомври, ќе гласа на претседателски избори, во атмосфера обележана од загриженост за поскапувањата, војната во Украина и безбедносните ризици на Црното Море. Според последното истражување на „Маркет линкс“, претставено на бугарската телевизија bTV, претседателската кандидатка Илијана Јотова и нејзиниот кандидат за потпретседател Кирил Влчев имаат поддршка од 47,3...

Двајца загинати и петмина повредени во експлозија во рудник во Турција — отвора на 4NEWS

Двајца рудари загинаа, а петмина се повредени во експлозија на метан во рудник за јаглен во западниот дел на Турција, на брегот...

Бугарија избира претседател: Фаворитката порачува дека не ѝ треба коалиција за војна, туку за мир — отвора на Скопје1

Бугарија в недела избира претседател на избори на кои главни теми се безбедноста, војната во Украина и односите со Русија. Изборната кампања се одвива во услови на зголемени тензии во Црното Море, откако во серија напади со беспилотни летала биле погодени четири трговски брода во бугарската исклучива економска зона. Два брода потонале, а 21 морнар се води како исчезнат.Бугарскиот премиер Румен...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Рубио и Руте разговараа за безбедноста на Црното Море, постигнувајќи мирно решение за Украина — отвора на Независен весник

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за безбедноста на Црното Море, како и за тековните напори за посредување во мирно решение меѓу Русија и Украина, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека за време на телефонскиот разговор, Рубио и Руте разговарале и за подготовките за состанокот ...

Европскиот парламент со критики до владата на Радев за нејзиниот слаб одговор на Русија — отвора на Рацин

Европскиот парламент ја повикува Софија да премине од повици за сојузничка солидарност на конкретни дејствија. Во резолуцијата за безбедноста на Црното Море, европратениците изразуваат незадоволство од дипломатскиот одговор на Бугарија кон Москва и одложувањето на земјата во учеството во иницијативата на НАТО против беспилотните летала. Европскиот парламент ја критикуваше бугарската влада за...

Радев лут на ЕП за критиките за млака реакција за дроновите во Црно Море — отвора на Инфомакс

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата на Европскиот парламент, која се претвори во критики за неговата млака реакција за четирите брода погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море, од кои два потонаа. „Европскиот парламент го користат бугарските европратеници со ограничен политички легитимитет во сопствената земја за да водат кампања за своја ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат право да одбијат пловидба низ опасните води на Црното Море — отвора на ТРН

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското подрачје долж границата меѓу Романија и Бугарија во Црното Море итно да се прогласи за воена зона. Иницијативата следи по неодамнешен напад со дрон врз трговски танкер, при што еден хрватски морнар и шестмина колеги од Бенин се водат како исчезнати. Целта на синдикалниот апел е да им ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Инфомакс

Еден Хрват исчезнат, друг повреден, на бродот имало и Босанец: Нападнат танкер во Црното Море — отвора на Независен весник

Хрватски морнар, офицер на палубата, е исчезнат по нападот со беспилотно летало врз танкерот „Вајн Трејдер“ во Црното Море, а дури и една недела по инцидентот нема нови информации за него, бидејќи спасувачките екипи сè уште не можат да влезат во внатрешноста на бродот поради сериозни оштетувања. Нападот се случил на 15 октомври во раните ...

Напад со дронови врз танкер во Црното Море: Седум морнари исчезнати — отвора на Скопје1

Еден хрватски офицер на палубата е меѓу седумтемина членови на екипажот што се водат како исчезнати по напад со дронови врз танкерот „Wine Trader“ во Црното Море. Другиот хрватски морнар што бил на бродот е спасен и не е животно загрозен.Танкерот, кој пловел под знамето на Сан Марино, испратил повик за помош на 15 октомври околу седум часот наутро, откако на бродот избил пожар. Во тој момент се...

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион — отвора на МИА

Земјите членки на НАТО ќе распоредат дополнителни авиони за поморско набљудување, радарски системи, беспилотни летала и тимови за истраги на експло...

5 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: ЖурналСител+2

Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина — отвора на Нетпрес

Бугарија нема да учествува во новата финансиска помош на Европската унија за Украина, објави во вторникот бугарскиот премиер Румен Радев. На неодамнешниот европски самит, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од ЕУ дополнителни најмалку 70 милијарди евра за одбрана од руска инвазија следната година. „Како изгледа ова во однос на сè што се случува во Европа? ...

16 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: 4NEWSPress24+9

НАТО ќе ги засили надзорот во Црното Море — отвора на Либертас

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот во регионот на Црното Море поради воздушните напади врз бродовите. Амбасадорите на НАТО на денешниот состанок во Северноатлантскиот совет разговара за безбедноста во Црното Море. – НАТО веќе ги зајакна своите капацитети по должината на источниот дел, вклучително и арсеналот за борба против беспилотни летала. ...

19 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: СителКурир+12

Бугарската воена авијација ќе се активира многу почесто долж црноморскиот брег — отвора на Нетпрес

Ќе има многу поголемо активирање на бугарската авијација по должината на брегот на Црното Море и ќе дејствуваме во територијалните води, обелодени денеска пред новинарите бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Ова не треба да ги загрижува бугарските граѓани – ние спроведуваме интензивен надзор над територијалните води на Бугарија“, прецизираше министерот. Во врска со беспилотните ...

НАТО испраќа дополнителни воени капацитети во Црното Море по новите руски напади врз бродови — отвора на ТРН

НАТО ќе испрати дополнителни воени капацитети за надзор и извидување во Црното Море по новата ескалација на руските напади врз трговски бродови. На 20 октомври, во вторникот, биле нападнати уште пет товарни бродови, соопштија руски воени претставници. Според нивното соопштение, руската војска погодила три товарни брода во украинското пристаниште Рени и уште два брода што ...

Радев: Се врши хемиска анализа на експлозивот од нападот врз бродот „Челси-3“, утре пристигнуваат сојузнички тимови — отвора на Курир

Покрај испитувањето на остатоците од дроновите, во Бугарија се врши и хемиска анализа за утврдување на видот на експлозивот што беше употребен во нападот врз бродот „Челси-3“ во Црното Море, изјави денеска бугарскиот премиер Румен Радев. Истражните тимови работат со исклучителен интензитет, истакна Радев, додавајќи дека утре се очекува да пристигнат и тимови од сојузничките земји опремени со...

Калас: Путин засилува напади врз цивили и хибридни напади во Европа — отвора на Бриф

Рускиот претседател Владимир Путин отворено ги таргетира цивилите и ги интензивира хибридните напади низ цела Европа, изјави денеска високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Таа предупреди дека ескалацијата на руските напади во Црното Море загрозува човечки животи, регионалната стабилност и глобалната безбедност на храната. „Русија не...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ДенешенMakPress

НАТО ќе упати дополнителни авиони, радари и дронови во регионот на Црно Море по нападите на бродовите — отвора на МКД.мк

Ова е објавено по состанокот на Северноатлантскиот совет, главното политичко тело на западниот воен пакт одговорно за донесување одлуки, за безбедноста во Црно Море. Воениот портпарол на НАТО изјави дека експерти за разузнавање, како и тимови експерти за експлозивни направи, ќе бидат испратени во регионот. Северноатлантската алијанса досега се воздржа од припишување одговорност за неодамнешните ...

„Живеевме под советска чизма, не го сакаме тоа за нашите деца“: Протест во Софија се бараат оставки од Радев и Јотова — отвора на Инфомакс

Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред претседателството во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова поради нивната реакција на нападите врз трговски бродови во Црното Море, објави бугарскиот медиум „Свободна точка“. Демонстрацијата, организирана од Форумот за демократска акција, се одржа под слоганот: „Вашиот ‘мир’ е капитулација. Вашата...

Украина преговара со Турција за обнова на комерцијалната пловидба во Црното Море — отвора на Независен весник

Киев – Украина води преговори со Турција, Египет и Индија за повторно воспоставување на цивилната пловидба во Црното Море и извозот на земјоделски производи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Блумберг“, пренесува турскиот медиум „Хуриет Дејли Њуз“. Според Зеленски, овие три земји понудиле да гарантираат безбедно минување на бродовите што пловат под нивно знаме, кон ...