Чешка

25 настани во последните 30 дена, од 34 медиуми

Нова зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв — отвора на МКД.мк

Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје. На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други…

Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген — отвора на Press24

Министерот за здравство Сашо Клековски, ги претстави клучните приоритети на македонското здравство на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, што се одржува во Копенхаген. За време на своето обраќање пред министрите за здравство од регионот, Клековски посочи дека сите европски земји се соочуваат со слични предизвици во овој сектор. ...

Клековски: Македонија е благодарна на Чешка за поддршката во справувањето со трагедијата во Кочани — отвора на МКД.мк

Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Тој се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели. Клековски се сретна и со Флоренс Бауер, регионална ...

Поделени ставови во Чешка за еврото, индустријата бара промена, владата се противи — отвора на Скопје1

Чешката влада ја поддржа предложената уставна измена со која воведувањето на еврото би било условено со обезбедување мнозинство од три петтини во парламентот. Со оваа промена, националната валута, чешката круна, би добила уставна заштита, објави „Ројтерс“.Сепак, предлогот сè уште нема обезбедено доволна поддршка за да биде усвоен, бидејќи владејачката коалиција нема потребно мнозинство за промена...

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција — отвора на Курир

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Македонија, Н.Е. Ирена Гетцова. Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. На средбата се...

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе — отвора на Вечер

Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата. Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информа

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот — отвора на Курир

Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да влезат во зградата на чешкиот Парламент за време на протестот против промените во финансирањето на јавните медиуми, додека владејачката коалиција со гласање обезбеди усвојување на предлогот преку првата фаза од парламентарната процедура. Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, со поддршка на партијата Слобода и директна демократија, честопати го...

Протести во Чешка, Германија и Италија поради медиумите, депортациите и високите трошоци за живот — отвора на Скопје1

Протести поради финансирањето на јавните медиуми, депортациите и зголемените трошоци за живот денеска се одржаа во повеќе европски земји. Во Чешка, илјадници граѓани се спротивставија на промените во финансирањето на јавниот сервис, во Германија се протестираше против депортациите во Авганистан, додека во Италија антивоените собири во некои градови прераснаа во тензии и судири со полицијата.Во...

Чешката влада ги турка измените за финансирање на јавните медиуми, новинарите најавија штрајк — отвора на Макфакс

Чешката владејачка коалиција во раните утрински часови, во 4:36 часот, го изгласа во прво парламентарно читање предлогот за промена на финансирањето на јавните медиуми, и покрај предупредувањата дека новиот модел може да ја загрози нивната независност. Предлогот на популистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, која ја поддржува крајнодесничарската партија СПД, предвидува укинување...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

🎥 Демонстранти се обидуваат да влезат во чешкиот парламент. Не дозволуваат да се укинат претплатите за државната телевизија и за државното радио — отвора на Плусинфо

Чешката телевизија и чешкото радио најавија еднодневен штрајк за 3 ноември, додека граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“ и други организации ги повикаа граѓаните на нови протести.

Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа — отвора на Инфомакс

Дел од владините веб-страници во Европа привремено беа исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во PHP, програмски јазик што се користи за работа на голем број интернет-страници и услуги. Ројтерс објави дека институции во Холандија и Финска биле меѓу оние што превентивно ги исклучиле своите страници. Одлуките следувале во период кога операторите се обидувале да ...

8 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Press24Лидер+1

„Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага — отвора на Press24

Пред амбасадата на САД во Прага, чешки активисти денеска изведоа протестен перформанс со истурање црвена боја од буре на улицата, развивање на украинското знаме и скандирање на пароли како „Трамп е предавник“, оставајќи јасна порака: „Американско предавство на нафтата = европска крв“. Акцијата ја организираше чешката граѓанска иницијатива „Капутин“. Од таму преку соопштение за медиумите ...

Leapmotor има сериозен проблем, Чесите и Словаците сакаат да ги вратат своите автомобили — отвора на Нетпрес

Сопствениците на Leapmotor B10 во Чешка и Словачка добија порака на екранот: „Достапно е ажурирање за адаптивен темпомат и систем за одржување на возната лента. Инсталирајте?“ Но, по ажурирањето, нешто тргна наопаку. Вентилаторот на системот за ладење почна да работи со полн капацитет додека се полнеше дома и не застануваше. Со часови. Цела ноќ. И ...

Проститутките мора да плаќаат данок, пресуди Уставниот суд на Чешка — отвора на МКД.мк

Една Чехинка што се занимавала со проституција одби да го плати данокот што даночната управа дополнително ѝ го пресмета за 2013 и 2014 година. Таа го однесе случајот до Уставниот суд, тврдејќи дека доколку државата ѝ наплати данок на приходите од проституција, тогаш самата држава станува макро, што претставува кривично дело. Даночните органи забележале дека ...

Сè повеќе земји ги предупредуваат граѓаните за Франција. Патниците повикани да ги избегнуваат протестните зони — отвора на Плусинфо

Германија, Италија, Чешка, Полска, Холандија и низа нордиски и азиски земји ги повикуваат своите граѓани да избегнуваат демонстрации во Франција. Малезија советува да се одложат патувањата што не се неопходни, но засега не воведува ограничувања.

Европските и азиските земји со предупредување до своите граѓани во Франција: Бидете внимателни и не учествувајте во протести — отвора на 360 степени

Германија, Италија, Чешка и повеќе други земји ги повикаа своите граѓани да избегнуваат протести и да ги...

Девет земји ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни во Франција — отвора на ТРН

По викендот обележан со илјадници апсења, ограбени продавници, запалени јавни објекти и судири со полицијата, странските влади повикуваат на зголемена претпазливост. Според Ројтерс, Италија, Германија, Чешка, Полска, Холандија, Данска, Шведска, Финска и Норвешка ги советуваат своите државјани да избегнуваат масовни собири, протестни маршеви и места на кои постои опасност од нови судири....

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот круг од изборите, задавајќи удар на коалицијата на премиерот Бабиш — отвора на Инфомакс

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во вториот круг од изборите во Чешка, на кои се гласаше за пополнување на една третина од местата во Горниот дом на Парламентот – Сенатот, со што ѝ нанесоа удар на владејачката коалиција предводена од премиерот Андреј Бабиш, пренесе АП. По пребројувањето на сите гласови од Статистичката служба, центристичкото ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Пулс24MakPress

Катарина Илиевска Силјановска за „Игор Маџиров“: Европски продукции и сериозни теми во програмата за деца — отвора на ТРН

Претстави од Хрватска, Србија, Чешка и Шпанија, заедно со домашни продукции, беа дел од изборот за петтото издание на Меѓународниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Селекторката Катарина Илиевска Силјановска во разговорот за Трн ја објаснува програмската определба: различни театарски форми и приказни кои, покрај радоста и играта, отвораат и посложени прашања за младата публика. ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Затвор за тоталитарна пропаганда: Чешка експлицитно ги опфати и комунистичките движења што ги потиснуваат слободите — отвора на Булевар

Основaњето, поддржувањето и промовирањето комунистички, нацистички или други движења што докажано се насочени кон потиснување на човековите права и слободи во Чешка се казнува со затвор. Основната казна изнесува од една до пет години, а во потешките случаи законот предвидува од три до десет години затвор. Измената на Кривичниот законик ја потпиша претседателот Петр Павел ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Се огласи водителката чие интервју со чешкиот тренер ги „сруши“ мрежите: Верувам дека на неговата сопруга и беше драго — отвора на Пулс24

Чешката водителка Сабина Јакшова се огласи откако нејзиното интервју со Давид Оулел, тренерот на второлигашкиот тим ФК Вијагем Усти над Лабем, стана вирално.Разговорот бил снимен откако неговиот тим загуби со ...

Чешки судија исфрлен од фудбалот на 15 години поради поткуп — отвора на SportSport

Етичката комисија при Фудбалската асоцијација на Чешка му изрече строга казна на поранешниот прволигашки судија Симон Вејтаса, суспендирајќи го од фудбалот на период од 15 години. Покрај долгогодишната забрана за вршење судиска функција, 33-годишниот арбитер ќе мора да плати и парична казна од 150.000 чешки круни, откако беше прогласен за виновен за коруптивни дејствија. Вејтаса ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

🎥 За 10 секунди урнати највисоките радиокули во светот. Чешка се збогува со предавателите кои пренесуваа вести низ Централна Европа — отвора на Плусинфо

Објектот бил понуден на продажба со надеж дека некој ентузијаст или институција ќе го спаси за туризам или за итни кризни служби, но преговорите со потенцијалните купувачи пропаднале бидејќи никој немал доволно средства за сигурно управување.

Во Чешка со експлозив урнати некогаш највисоките радиокули на светот — отвора на ТРН

Радиодифузниот предавател Либлице, кој важеше за највисок предавател за среднобраново емитување на светот и највисока градба во Чешка, вчера беше урнат. Двете челични кули високи 355 метри беа урнати со минирање на дел од нивните потпорни сајли. Видеоснимките прикажуваат како кулите се срушија за само неколку секунди. За уривањето беа употребени околу 4,5 килограми специјален ...

Нон-пејпер на Австрија, Чешка и Словачка: Билатерални спорови да се решаваат меѓу земјите, без да се кочи пристапот кон ЕУ — отвора на Мета.мк

Австрија, Чешка и Словачка го наведоа спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забави процесот на пристапување, а во истиот контекст го споменуваат и спорот меѓу Бугарија и Македонија