Дигиталното евро сѐ поблиску – првите плаќања во 2027 година

Фото: Независен весник
Известуваат 7 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Преглед

Доколку Европската Унија го усвои потребниот законски пакет до крајот на годинава, новата форма на европската валута би можела да биде подготвена за прво издавање во 2029 година.

Прочитај на ТРН

Клучни точки

  • Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на неговата техничка функционалност, оперативни процеси и корисничко искуство би требало да почне во втората половина на 2027 година, изјави денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Пјеро Чиполоне. [Независен весник]
  • Ова го соопшти членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, обраќајќи се пред Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент. [Национално]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ЕЦБ

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ЕЦБДигиталното евро би можело да биде воведено по усвојувањето на законската рамка[МИА]

Сите извештаи (7)

  1. ТРНпрв

    Дигиталното евро сѐ поблиску – првите плаќања во 2027 година

    Доколку Европската Унија го усвои потребниот законски пакет до крајот на годинава, новата форма на европската валута би можела да биде подготвена за прво издавање во 2029 година. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, на 10 ноември пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент изјави дека усвојувањето на законската рамка ...

  2. МИА

    ЕЦБ: Дигиталното евро би можело да биде воведено по усвојувањето на законската рамка

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на неговата техничка функ...

    Речиси идентичен текст
  3. Независен весник

    ЕЦБ: Дигиталното евро би можело да биде воведено по усвојувањето на законската рамка

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на неговата техничка функционалност, оперативни процеси и корисничко искуство би требало да почне во втората половина на 2027 година, изјави денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Пјеро Чиполоне. Обраќајќи му се на Одборот за економски и монетарни политики ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Press24

    На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро. Пилот проектот за тестирање на неговата техничка функционалност, оперативни процеси и корисничко искуство би требало да почне во втората половина на 2027 година. Ова денеска го изјави членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Пјеро Чиполоне. Обраќајќи му се на Одборот за економски и ...

  5. Фактор

    Европа се подготвува за дигиталното евро: Познато е кога почнува тестирањето и кога би можело да влезе во употреба

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а првото пилот-тестирање на новата форма на европската валута треба да започне во втората половина на 2027 година. Доколку законската рамка биде усвоена до крајот на оваа година, дигиталното евро би можело да биде подготвено за првично издавање во 2029 година. Ова го најави членот на Извршниот одбор на…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.