Недостиг од кадар, пропуштени тестирања и слаба заштита: Ревизија алармира за ИТ безбедноста во ФЗО

Фото: Либертас
Известуваат 12 медиумиПрв објави Скопје1 · · последен

Преглед

Само седум од 42 систематизирани работни места во Секторот за информатика на Фондот за здравствено осигурување биле пополнети во периодот опфатен со ревизијата, односно 16,67 проценти.

Прочитај на Скопје1

Клучни точки

  • Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил низа слабости во информациските системи на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), особено во управувањето со ИТ безбедноста, заштитата на податоците, човечките капацитети и обезбедувањето континуитет во работењето. [Нова Македонија]
  • Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на информациската безбедност во Фондот за здравствено осигурување. [Журнал]
  • Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во безбедносните мерки и контроли на информацискиот систем на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, преку кој дневно се обработуваат просечно 15 милиони трансакции. [Рацин]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ФЗОДЗР

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ДЗРПотребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во Фондот за здравствено осигурување[Бизнис вести]
  • ДЗРБез обука и со малку кадар работи ИТ секторот во ФЗО[MakPress]

Сите извештаи (12)

  1. Скопје1прв

    Недостиг од кадар, пропуштени тестирања и слаба заштита: Ревизија алармира за ИТ безбедноста во ФЗО

    Само седум од 42 систематизирани работни места во Секторот за информатика на Фондот за здравствено осигурување биле пополнети во периодот опфатен со ревизијата, односно 16,67 проценти. Ова е еден од клучните наоди на Државниот завод за ревизија, кој утврдил повеќе слабости во заштитата на информацискиот систем на Фондот и оценил дека се потребни дополнителни мерки за зајакнување на неговата…

    Истиот текст го објавија и (2):
  2. Нова Македонија

    Ревизија во ФЗО: Пополнети само 7 од 42 работни места во ИТ секторот, утврдени слабости во сајбер-безбедноста

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил низа слабости во информациските системи на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), особено во управувањето со ИТ безбедноста, заштитата на податоците, човечките капацитети и обезбедувањето континуитет во работењето. Ревизијата на тема „Имплементација на безбедносни мерки и контроли во ИТ системот на Фондот за здравствено осигурување“ опфатила повеќе…

  3. Бизнис вести

    ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во Фондот за здравствено осигурување

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на информациските системи во Фондот за здравствено осигурување на тема „Имплементација на безбедносни мерки и контроли во ИТ системот на Фонд за здравствено осигурување”. Со ревизијата, како што соопшти ДЗР, се утврдени слабости во повеќе области значајни за информациската безбедност, особено во стратешкото и оперативното управување со ИТ, ...

  4. Фактор

    Само 7 од 42 ИТ-места биле пополнети во ФЗО, Фондот најавува мерки до крајот на 2027 година

    Само седум од 42 предвидени работни места во Секторот за информатика на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) биле пополнети во периодот од 2023 до 2025 година, а Фондот немал ниту офицер за безбедност на информацискиот систем. Ова се дел од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој утврдил дека на Фондот му се потребни дополнителни мерки за заштита на податоците и непречено…

  5. Антропол

    ДЗР констатираше низа на пропусти во работењето на Фондот за здравство – најкритично е во Секторот информатика

    Од 42 систематизирани работни места во Секторот за информатика на Фондот за здравствено осигурување, само седум биле пополнети во периодот опфатен со ревизијата, односно 16,67 проценти. Ова е еден од клучните наоди на Државниот завод за ревизија, кој утврдил повеќе слабости во заштитата на информацискиот систем на Фондот и оценил дека се потребни дополнителни мерки ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.