Уапсен 28-годишен скопјанец бидејќи го запалил возилото на мајка му - се заканувал дека ќе го запали и станот

Фото: Либертас
Известуваат 11 медиумиПрв извештај · последен

Преглед

Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(28) од Скопје. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

Прочитај на Скопје Инфо

Клучни точки

  • Според информациите од МВР, инцидентот се случил утрото на 19 ноември, околу 05:50 часот, на подрачјето на Чаир. [Press24]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (12)

  1. Скопје Инфо

    Уапсен 28-годишен скопјанец бидејќи го запалил возилото на мајка му - се заканувал дека ќе го запали и станот

    Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(28) од Скопје. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

  2. Press24

    Хорор во Скопје: Синот и го запалил автомобилот па се заканувал дека ќе го запали и станот

    28-годишен скопјанец е приведен откако се сомничи дека запалил автомобил во сопственост на неговата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Според информациите од МВР, инцидентот се случил утрото на 19 ноември, околу 05:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот наводно го опожарил автомобилот „Опел Корса“ со скопски ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Скопје1

    Го запалил автомобилот на мајка му, па се заканувал дека ќе го запали и домот – приведен 28-годишник

    28-годишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека го запалил автомобилот на својата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, случајот се случил на 19 ноември, околу 5:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот наводно го опожарил возилото „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, кое…

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Фокус

    Уапсен е 28 годишен скопјанец – го запали возилото на мајка му

    МВР информира дека вчера наутро во 06:30 часот на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници...

  5. Инфомакс

    Ја запалил колата на мајка си, па се заканувал дека ќе го запали и станот – приведен 28-годишник

    28-годишен скопјанец е приведен откако, според сомневањата на полицијата, го запалил автомобилот на неговата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 ноември, во раните утрински часови, околу 05:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот, како што ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.