Почна предвремениот откуп на тутунот во Прилеп, за прва класа ќе се плаќаат 435 денари за килограм

Фото: Национално
Известуваат 7 медиумиПрв објави Нова Македонија · · последен

Преглед

Тутунскиот комбинат Прилеп денеска го започна предвремениот откуп на тутунот од годинашната реколта. Интересот кај тутунарите за предавање на „жолтото злато“ уште на првиот ден е поголем во споредба со минатата година, а очекувањата се дека претстојната откупна сезона ќе помине успешно.

Прочитај на Нова Македонија

Клучни точки

  • Покрај откупните цени, се најавува и предлог за зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари за килограм тутун. [Национално]
  • Прв, со 34 откупни пункта вратите за откуп ги отвори прилепскиот тутунски комбинат, а уште три од вкупно 10-те откупни компании во земјава започнаа со преземање на годинашниов род на тутунот. [MakPress]
  • Само во првите часови беа откупени повеќе од шест тони тутун. [Фактор]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 435 — Нова Македонија, Press24, Плусинфо, Национално, MakPress, Фактор
  • 96 — Плусинфо
  • 34 — Фактор

Сите извештаи (7)

  1. Нова Македонијапрв

    Почна предвремениот откуп на тутунот во Прилеп, за прва класа ќе се плаќаат 435 денари за килограм

    Тутунскиот комбинат Прилеп денеска го започна предвремениот откуп на тутунот од годинашната реколта. Интересот кај тутунарите за предавање на „жолтото злато“ уште на првиот ден е поголем во споредба со минатата година, а очекувањата се дека претстојната откупна сезона ќе помине успешно. На почетокот на откупот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче ...

  2. Press24

    Почна откупот на тутунот: 435 денари за килограм прва класа, се најавува и зголемување на субвенциите

    Започна откупот на годинешната реколта по цена од 435 денари за килограм тутун од прва класа, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при посетата на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп, кој денес има отворено 34 откупни пункта, а на кои досега се откупени повеќе од шест тони тутун. „Очекуваме повеќе ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Плусинфо

    ПОЧНА ОТКУПОТ НА ТУТУН, ПРВАТА КЛАСА ОДИ ПО ЦЕНА ОД 435 ДЕНАРИ Серафимовски очекува 96% од произведениот тутун да се рангира во прва класа

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  4. Национално

    ПОЧНА ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ 435 денари прва класа, најавено и зголемување на субвенциите

    Започна откупот на годинешната реколта на тутун, при што откупната цена за првата класа изнесува 435 денари за килограм. Покрај откупните цени, се најавува и предлог за зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари за килограм тутун. За таа цел, ќе се разговара со Сојузот на тутунари и останатите производители, по што ќе бидат ...

  5. MakPress

    Почна откупот на тутунот по 435 денари, прв ги отвори пунктовите Прилепскиот тутунски комбинат

    Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта. Прв, со 34 откупни пункта вратите за откуп ги отвори прилепскиот тутунски комбинат, а уште три од вкупно 10-те откупни компании во земјава започнаа со преземање на годинашниов род на тутунот. Комбинатот дава повисока цена од ланската од 420 денари и е 435 денари за килограм тутун. Родот, ... The post Почна откупот на тутунот по 435 денари, прв ги…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.