Исклучителни археолошки откритија на Исар–Марвинци: Откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање

Известуваат 10 медиумиПрв објави Бизнис вести · · последен

Преглед

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за урбаниот развој, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Прочитај на Бизнис вести

Клучни точки

  • Нови археолошки откритија на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово откриваат дел од богатото минато на овој простор. [Скопје1]
  • Седум метри под денешната површина на Исар-Марвинци кај Валандово, археолозите открија мермерен базен со зачуван систем за загревање. [Рацин]
  • Монументален базен од римскиот период, со димензии поголеми од 4,5 на 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, е откриен при најновите археолошки истражувања на локалитетот Исар-Марвинци кај Валандово, соопшти Археолошкиот музеј. [Национално]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Исар–Марвинци

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (10)

  1. Бизнис вестипрв

    ИСКЛУЧИТЕЛНИ АРХЕОЛОШКИ ОТКРИТИЈА НА ИСАР–МАРВИНЦИ: ОТКРИЕН МОНУМЕНТАЛЕН КОМПЛЕКС НА РИМСКА БАЊА СО ЗАЧУВАН СИСТЕМ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ

    Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за урбаниот развој, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град. Овогодишните истражувања, реализирани од Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија – Скопје, беа насочени кон истражување на дел од…

    Истиот текст го објавија и (2):
  2. Скопје Инфо

    (ФОТО+ВИДЕО) Откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање - исклучителни археолошки откритија на Исар–Марвинци

    Националниот археолошки музеј денеска информираше дека археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово годинава донеле исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

  3. Сакам да кажам

    НА ИСАР МАРВИНЦИ ОТКРИЕН МОНУМЕНТАЛЕН РИМСКИ БАЗЕН СО СИСТЕМ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ

    Монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри е откриен со новите археолошки ...

  4. Инфомакс

    (Видео) Каде и да копаш ќе најдеш историја: Откриен монументален комплекс на римска бања, мермерен базен и антички систем за загревање кај Валандово

    Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска беше на локалитетот Исар–Марвинци, каде што одблизу се запозна со најновите исклучителни археолошки откритија, кои уште еднаш го потврдуваат непроценливото историско и културно богатство на овој простор. Она што го откриваат археолозите е навистина фасцинантно – монументален комплекс на јавна римска бања, со голем базен обложен со повеќе…

    Изменето од издавачот (2 верзии)Исто како текстот на
  5. Скопје1

    (Видео) Исар–Марвинци открива нови тајни: Монументална римска бања на седум метри под земја

    Нови археолошки откритија на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово откриваат дел од богатото минато на овој простор. Станува збор за монументален комплекс на јавна римска бања, со голем базен обложен со повеќе од осум видови мермер и добро зачуван антички систем за загревање.Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска го посети локалитетот и одблизу се запозна со најновите наоди.…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.