Вајц ја повика Кос да посредува за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Фото: Плусинфо
Известуваат 13 медиумиПрв објави Нова Македонија · · последен

Во овој настан:ВајцКос

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Клучни точки

  • Единствениот начин да се излезе од тој ќорсокак е страните да разговараат меѓусебно – односно, владите на Бугарија и на Северна Македонија да седнат и да разговараат. [Плусинфо]
  • „Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат справуваат со билатералните прашања. [МКД.мк]
Прочитај на Нова Македонија

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (13)

  1. Нова Македонијапрв

    Вајц ја повика Кос да посредува за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен Пакетот за проширување, Вајц ги посочи Хрватска и Црна Гора како позитивен пример ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Денешен

    Томас Вајц ја повика Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот со Бугарија, таа вели дека тоа зависи од Македонија

    Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија. - Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат справуваат со билатералните прашања. Сакам да…

    Истиот текст го објавија и (5):
  3. Плусинфо

    МАРТА КОС ДА ПРЕЗЕМЕ ПОАКТИВНА УЛОГА ВО ДЕБЛОКИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА Известувачот Томас Вајц со апел до еврокомесарката за проширување

    Единствениот начин да се излезе од тој ќорсокак е страните да разговараат меѓусебно – односно, владите на Бугарија и на Северна Македонија да седнат и да разговараат. Ве молам комесарке Кос да вложите напори во оваа дипломатска насока – порача Вајц.

  4. Скопје Инфо

    Вајц бара поголемо дипломатско ангажирање на Брисел за спорот меѓу Македонија и Бугарија

    Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да преземе дипломатски иницијативи за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи дека билатералните несогласувања не треба да го попречуваат напредокот на земјите кон членство во Европската Унија.

  5. МКД.мк

    Вајц ја повика Кос да се ангажира дипломатски за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    „Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат справуваат со билатералните прашања. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Пленковиќ и на премиерот Спајиќ што разговараат меѓусебно, што седнаа на иста маса и што наоѓаат решенија за билатералните прашања. Бидејќи билатералните прашања во никој случај не смеат да го попречуваат ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.