Грчката полиција: Главниот товар во разбивањето на иранската мрежа го имаа безбедносните служби на Македонија

Фото: Журнал
Известуваат 7 медиумиПрви објавија Нова Македонија и Инфомакс · · последен

Преглед

Грчката Национална разузнавачка служба, преку соработка со странски партнери, помогнала во спречувањето незаконска активност на грчка територија, но главниот дел од истрагата за разоткривањето на наводната иранска мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија. Ова го изјави портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Прочитај на Нова Македонија

Клучни точки

  • Овој случај уште еднаш покажува колку е важно да постои добра соработка со странските власти и ефикасна разузнавачка мрежа. [Инфомакс]
  • Грчката полиција потврди дека клучна улога во разоткривањето на иранската мрежа осомничена за подготовка на напад во Грција имале безбедносните служби на Северна Македонија. [Press24]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (7)

  1. Нова Македонијапрв

    Грчката полиција: Главниот товар во разбивањето на иранската мрежа го имаа безбедносните служби на Македонија

    Грчката Национална разузнавачка служба, преку соработка со странски партнери, помогнала во спречувањето незаконска активност на грчка територија, но главниот дел од истрагата за разоткривањето на наводната иранска мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија. Ова го изјави портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, во интервју за државната телевизија ЕРТ. Таа нагласи дека во…

  2. Инфомакспрв

    Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Македонија: Портпаролката Димоглиду за иранската терористичка мрежа

    Овој случај уште еднаш покажува колку е важно да постои добра соработка со странските власти и ефикасна разузнавачка мрежа. И покрај тоа што не беше вклучена некоја служба на грчката полиција, Националната разузнавачка служба, преку соработката со други земји, успеа да спречи незаконска активност на нашата територија – посочи портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду ...

    Истиот текст го објавија и (3):
  3. Press24

    Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа

    Грчката полиција потврди дека клучна улога во разоткривањето на иранската мрежа осомничена за подготовка на напад во Грција имале безбедносните служби на Северна Македонија. Портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, изјави дека од грчка страна во случајот била вклучена Националната разузнавачка служба, додека главниот дел од истрагата го воделе македонските безбедносни служби.…

  4. Национално

    ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ОТКРИ КОЈ ЈА РАЗБИ ИРАНСКАТА ЌЕЛИЈА Главната улога ја имале македонските служби

    Главниот товар во истрагата за разбивање на иранската криминално-терористичка мрежа, која подготвувала напад на грчка територија, го понеле безбедносните служби на Македонија. Ова го потврди портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ. Димоглиду нагласи дека случајот уште еднаш ја потврдува важноста на меѓународната разузнавачка соработка…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.