Десет деца повредени на ескалатор во трговски центар во Белград

Фото: Рацин
Известуваат 8 медиумиПрв објави Рацин · · последен

Преглед

10 деца биле повредени денес на ескалатор во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Според информациите потврдени од Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија, седум деца се здобиле со тешки повреди, а три со полесни.

Прочитај на Рацин

Клучни точки

  • Како што јавија српските медиуми, седум од децата се сериозни повредени, а три минале со полесни повреди. [Проверено]
  • Десет деца на возраст од осум и девет години беа повредени денес при пад на ескалатор во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. [Независен весник]
  • Десет деца се повредени во сериозен инцидент што се случил на 17 ноември во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, откако дошло до масовен пад на подвижни скали. [Булевар]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 10 — Press24
  • 15 — Скопје1

Сите извештаи (8)

  1. Рацинпрв

    Десет деца повредени на ескалатор во трговски центар во Белград

    10 деца биле повредени денес на ескалатор во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Според информациите потврдени од Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија, седум деца се здобиле со тешки повреди, а три со полесни. Сите деца се пренесени во Ургентниот центар. Несреќата се случила околу 14:35 часот. Повредените деца се на возраст ...

  2. Press24

    Хорор во трговски центар во соседството – 10 деца повредени на ескалатор, седум се со тешки повреди

    Десет деца на возраст од осум и девет години се повредени денеска во несреќа на ескалатор во белградскиот трговски центар „Галерија“, при што седум од нив се здобиле со тешки, а три со полесни повреди, потврди Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија. Сите повредени деца, пет момчиња и пет девојчиња, се пренесени ...

  3. 24часа

    (ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО БЕЛГРАД: Десет деца повредени во трговскиот центар „Галерија“

    Десет деца на возраст од осум и девет години се повредени во несреќа на ескалатор во белградскиот трговски центар „Галерија“. Седум се со тешки повреди.

  4. Мета.мк

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    Според информациите потврдени од белградската Итна помош за Н1, три деца се здобиле со полесни повреди, додека седум се тешко повредени. Сите десет деца биле пренесени во Ургентниот центар

  5. Проверено

    Десет деца повредени при пад од ескалатор во трговски центар во Белград

    Десет деца на возраст од 8 и 9 години се повредени попладнево при пад од ескалатор во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Како што јавија српските медиуми, седум од децата се сериозни повредени, а три минале со полесни повреди. Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Меѓу повредените има пет момчиња и пет ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.