Протечени податоци: 450.000 Руси загинаа во војната во Украина

Известуваат 7 медиумиПрв објави Рацин · · последен

Преглед

Според протечените податоци од руската државна агенција за статистика Росстат, повеќе од 450.000 Руси загинаа во војната во Украина. Ова ја направи војната четврта најчеста причина за смрт во Русија од 2022 година, пишува The Moscow Times.

Прочитај на Рацин

Клучни точки

  • Доколку бројките се точни, војната од 2022 година станала четврта најчеста причина за смрт во Русија, објави „Москоу тајмс“. [ТРН]
  • Како што јавуваат медиумите, системот на „Росстат“ бил предмет на сајбер-напад во периодот од 29 октомври до 1 ноември. [Press24]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (7)

  1. Рацинпрв

    Протечени податоци: 450.000 Руси загинаа во војната во Украина

    Според протечените податоци од руската државна агенција за статистика Росстат, повеќе од 450.000 Руси загинаа во војната во Украина. Ова ја направи војната четврта најчеста причина за смрт во Русија од 2022 година, пишува The Moscow Times. Русија официјално не ги објави своите загуби на бојното поле од септември 2022 година и редовно ги отфрла ...

  2. ТРН

    Хакери дошле до податоци на руската статистика: Во војната загинале над 450.000 Руси

    Според податоци за кои се тврди дека се украдени од руската државна статистичка служба Росстат, во војната во Украина загинале повеќе од 450.000 Руси. Доколку бројките се точни, војната од 2022 година станала четврта најчеста причина за смрт во Русија, објави „Москоу тајмс“. Русија официјално не ги објавува своите загуби на бојното поле од септември ...

  3. Скопје1

    Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

    Повеќе од 450.000 руски државјани загинале во војната во Украина, според податоци кои наводно протекле од руската државна агенција за статистика „Росстат“. Станува збор за едно од најзначајните откривања досега за руските загуби, објави „Москов тајмс“.Русија последен пат официјално ги објави загубите на фронтот во септември 2022 година, а независните процени редовно ги отфрла како недоверливи.…

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Инфомакс

    Хакери украдоа податоци од „Росстат“: Во војната во Украина загинале повеќе од 450.000 Руси

    Во војната во Украина загинале повеќе од 450.000 Руси, покажуваат податоците што протекоа од руската државна статистичка агенција „Росстат“ по кибернапад, со што војната стана четврта најчеста причина за смрт во Русија, објави „Москов тајмс“. Иако Русија официјално ги нема објавено своите загуби на бојното поле од септември 2022 година и редовно ги отфрла независните ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Press24

    Хакерски упад во „Росстат“: Протечени податоци откриваат дека во војната во Украина загинале над 450.000 Руси

    Податоците што протекоа од руската државна статистичка агенција „Росстат“ по успешен кибернапад откриваат дека во војната во Украина животот го загубиле повеќе од 450.000 руски државјани. Како што јавуваат медиумите, системот на „Росстат“ бил предмет на сајбер-напад во периодот од 29 октомври до 1 ноември. За заднинската акција се одговорни хакерските групи „Белоруски сајбер партизани“ ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.