Би-би-си

40 настани во последните 30 дена, од 32 медиуми

Напад со нож пред Амбасадата на Израел во Белград – напаѓачот бил малолетник кој на Истаграм објавил фотографија со црно знаме — отвора на Телма

Припадник на српската Жандармерија се здобил со полесни повреди при напад со нож пред Амбасадата на Израел во Белград, при што напаѓачот бил убиен, соопшти Министерството за внатрешни работи, објави Би-Би-Си. Министерството за внатрешни работи го окарактеризира нападот како „терористички“. „Во терористички напад извршен синоќа, припадник на Жандармеријата – кој...

Израелските излезни анкети покажуваат дека нема јасен победник на клучните општи избори, објави Би-би-си — отвора на 360 степени

Утринските извештаи на медиумските куќи „Кан“ и „Канал 13“, кои ги ажурираа своите излезни анкети, покажуваат дека...

Америка и Израел одат на избори, последици ќе има целиот свет — отвора на А1он

Во наредните две недели, гласачите во Израел и во Соединетите Американски Држави ќе излезат на избори, а исходот од гласањето на двата континента ќе има директни последици за целиот свет, анализира Би-Би-Си. Израелците избираат нов парламент, а една недела подоцна Американците ќе гласаат за новиот состав на Конгресот. Изборите се...

Поранешниот шеф на ФБИ повторно пред суд во САД поради наводно откривање доверливи информации — отвора на Скопје1

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, повторно се соочува со кривична постапка во САД, овојпат поради наводно откривање информации за националната одбрана. Ова е трет обид на Министерството за правда да покрене постапка против долгогодишниот критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-Би-Си.Во судскиот поднесок се наведени две точки од обвинението, но без многу детали....

Кои се следните чекори за нова влада во Србија? — отвора на ТРН

Србија влегува во период на промена на власта по победата на Студентската листа на вонредните парламентарни избори на 25 октомври. Според прелиминарните податоци наведени во анализата на Би-би-си, листата освоила 52,65 проценти од гласовите, што би ѝ обезбедило околу 140 од вкупно 250 пратенички места. Коалицијата „Обединета Србија“, предводена од Српската напредна странка на Александар ...

Би-Би-Си: Како студентите го урнаа Вучиќ по 14 години политичка доминација? — отвора на ТРН

Движењето што се роди од голема трагедија започна со студентски блокади на сообраќајници, а прерасна во речиси секојдневни протести и национален бунт против корупцијата и негрижата на власта. За помалку од две години, студентите успеаја да ја прекинат 14-годишната политичка доминација на Александар Вучиќ, додека поддршката за неговата Српска напредна партија (СНС) постепено опаѓаше, сè ...

Трките во Ф1 ќе се вратат на стандардната должина во 2028 година — отвора на Нова Македонија

Гранпри-трките во Формула 1 ќе се вратат на нивната стандардна дистанца во 2028 година откако максималната должина беше скратена за следната сезона, пишува „Би-би-си“. Максималната дистанца на трката беше намалена за 15 км, од 305 км на 290 км, за сезоната 2027 година. Тоа намалување беше воведено поради ситуацијата околу промените во правилата за мотори ...

Фудбалери од Премиер-лигата студираат за да станат спортски директори — отвора на Нова Македонија

Курсот на ПФА вклучува сесии од истакнати личности, дизајнирани да им помогнат на студентите да разберат како функционираат различните области на фудбалската индустрија. Засега многумина остануваат фокусирани на играње фудбал. Но меѓу дипломците годинава може да има идни тренери, раководители и спортски директори што ќе влијаат на играта на различни начини, пишува „Би-би-си“ Сцената потсетува ...

Светот зборува за Србија. Би-Би-Си, „Гардијан“ и „Еуроњуз“ известуваат за изборен земјотрес — отвора на Национално

Светските и регионалните медиуми посветуваат големо внимание на вонредните парламентарни избори во Србија, пренесувајќи ја изјавата на Александар Вучиќ дека неговата политичка опција го загубила изборниот натпревар. Во извештаите се издвојува и високата излезност, која, според медиумските оценки, би можела да биде најголема во поновата политичка историја на земјата. Би-Би-Си објавува дека...

Немири во Париз по протестите, маскирани лица кршеа излози на автосалон — отвора на Макфакс

Немири избувнаа во Париз на крајот од денешните протести, кога групи маскирани млади лица почнаа да кршат излози на автосалони на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Интервентната полиција со палки се обидувала да ги растера групите, а на улиците биле употребени и водени топови и солзавец, поради што воздухот бил исполнет со густ чад. ...

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат залихи од храна и вода — отвора на Макфакс

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните да направат залихи од конзервирана храна и флаширана вода за да бидат подготвени за вонредни ситуации. Во време кога силни бури го погодуваат Обединетото Кралство, а неодамна имаше и прекини на интернет-врските предизвикани од голем безбедносен пропуст, Барнам изјави дека се чини оти неочекуваните настани стануваат сè почести, ...

5 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ОпсерверА1он+2

Судија побара од Трамп да објасни до 11 декември пред суд зошто ги тужи Би-Би-Си — отвора на Бриф

Американски федерален судија му наложи на претседателот Доналд Трамп да се појави на суд до 11 декември за да сведочи во неговата „тешка“ тужба за клевета од 10 милијарди долари против Би-Би-Си. Судијката од Мајами, Анџелик Лет, го побара тоа откако адвокатите на британскиот јавен радиодифузер изразија незадоволство од доцнењето на Трамп во присуството на ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Британски министер предупредува: Не смееме да им ја оставиме вештачката интелигенција на олигарсите — отвора на Скопје1

Велика Британија не смее да дозволи развојот и контролата на вештачката интелигенција да останат во рацете на технолошките олигарси, предупреди британскиот министер за вештачка интелигенција Канишка Нарајан, нагласувајќи дека државата мора активно да учествува во развојот на технологијата што веќе го менува пазарот на трудот, економијата и безбедноста.Во гостување во подкастот „Political...

Киев повеќе не произведува електрична енергија: Градоначалникот потврди дека инфраструктурата се распаднала — отвора на Нетпрес

Киев остана без сопствено производство на електрична енергија, и покрај тоа што троши приближно два гигавати дневно. Ова го изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за Би-Би-Си. Според градоначалникот, снабдувањето со електрична енергија на Киев е целосно зависно од унифицираниот енергетски систем на Украина. Покрај тоа, електричната енергија е од суштинско значење за ...

Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија — отвора на Макфакс

Британскиот принц Вилијам стана првиот член на кралското семејство што гостувал во популарното ток-шоу на Греам Нортон. За време на разговорот откри детали од приватниот живот, раскажа што сакаат да гледаат неговите деца и со што сонувал да се занимава како млад. Вилијам откри дека неговото семејство редовно го следи шоуто на Би-би-си „The Celebrity ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Мерц: Германија е цел на интензивна шпионажа — отвора на МКД.мк

Според официјални извори, осомничениот, идентификуван како Вадим Ј., собирал воени разузнавачки информации во Германија, пишува Би-би-си. Мерц го оцени разоткривањето на случајот како успех, но истовремено упати и предупредување. „Да не се залажуваме – активностите на руските разузнавачки служби во Германија и понатаму се на континуирано високо ниво“, рече тој. Оваа година во Германија беа ...

Макрон бесен на странските лидери. Вашите коментари се глупави и неприфатливи — отвора на Национално

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше коментарите на одредени странски лидери за актуелните протести во Франција, оценувајќи ги како „неприфатливи и глупави“. За време на својата дводневна официјална посета на Катар, Макрон изјави дека засега нема докази за директно странско мешање во протестите, но предупреди на манипулации со информации што придонесуваат за ширење...

ДНК од роднини и вештачка интелигенција: По три децении подигнато обвинение за убиство во САД — отвора на Фактор

ДНК-анализа преку семејни врски и вештачка интелигенција за пребарување полициски досиеја помогнале во истрагата за убиството на Ренди Гејл Сперино во Илиноис во 1993 година, објави Би-би-си. За убиството во мај годинава е обвинет Алберт Ли „Бади“ Зиглер, тогаш 70-годишен. Обвинението било потврдено во јуни, а во проверените извори нема потврда за осудителна пресуда. Сперино последен пат била...

Анализа на Би-Би-Си: Зошто PHP предизвика глобална битка за кибер безбедност? — отвора на Либертас

Повеќе од една деценија, сериозните недостатоци во технологијата што го поткрепуваше поголемиот дел од интернетот остануваа неоткриени, а беше потребна вештачка интелигенција (ВИ) за да ги открие и да предизвика глобално предупредување за кибер безбедност. Ранливостите се во програмскиот јазик наречен PHP, што се користи меѓународно од 2000-тите за креирање веб-страници, јави Би-Би-Си. Владите и ...

Веб-страници низ целиот свет недостапни откако вештачката интелигенција откри безбедносни пропусти — отвора на Нетпрес

Владини институции и компании ширум светот ги исклучија веб-страниците во средата откако беа откриени два сериозни безбедносни пропуста во PHP, програмскиот јазик на кој се базира поголемиот дел од интернетот. PHP се наоаѓа во заднината на популарните платформи за изработка на веб-страници, па затоа неговите слабости можат да влијаат на широк спектар на страници, од ...

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО) — отвора на Вечер

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни, полицијата била повикана во продавницата „В

Војната мора да заврши што е можно поскоро: Зеленски за разговорите со Русија и САД — отвора на Макфакс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека постои можност за одржување трилатерален состанок на лидерите на Русија, Украина и САД за решавање на прашања што можат да се решат само на највисоко ниво, нагласувајќи дека за Украина не може да се одлучи без нејзино учество. Зборувајќи за разговорите со претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, ...

Бунт во Гугл поради користењето на АИ во воени цели. Врвни експерти поднесуваат оставки — отвора на Плусинфо

Кога сфатив дека мојата компанија сè повеќе ја поддржува употребата на вештачката интелигенција во воени операции, почувствував срам што работам во Гугл - изјави Лигуори за Би-Би-Си.

САД повторно почнаа да споделуваат разузнавачки информации со Украина, по средбата на Зеленски и Виткоф — отвора на Мета.мк

Денеска Виткоф ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, по разговорите со Зеленски во Норвешка

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога — отвора на Вечер

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објаву

Совети за заштита од сè поубедливите ВИ-измамници — отвора на MakPress

Киберкриминалците денес користат вештачка интелигенција за да ги направат своите измами што е можно поубедливи, поради што е важно да се биде дополнително внимателен, пишува „Би-би-си (BBC)“. Технолошкиот напредок значи дека некои традиционални методи за препознавање измами веќе не се сигурни. Организацијата за кибербезбедност и заштита на потрошувачите „Вич? (Which?)“ истакнува дека...

Би-Би-Си ги објави деталите за кратењата со кои планира да заштеди 500 милиони фунти — отвора на 4NEWS

Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си најави затворање на телевизиските канали Би-Би-Си Три и Би-Би-Си Шкотска, како и на линеарната услуга на Би-Би-Си...

Саудиска Арабија погубила маж и жена поради „непристоен чин“ во џамија — отвора на Скопје1

Властите во Бангладеш дознале за погубувањето на двајца свои државјани во светиот град Мека дури откако казната била извршена, објавија локалните медиуми.Маж и жена од Бангладеш биле погубени минатата среда, откако биле осудени за извршување „непристоен чин“ во џамија, соопштило саудиското Министерство за внатрешни работи. Не било прецизирано за каков чин станува збор, а според информации што се...

Ова е еден од најубавите англиски градови — отвора на ТРН

Британскиот град Јорк, познат по своето средновековно наследство и живописните улици, се соочува со неочекуван туристички проблем. Според податоците пренесени од Би-Би-Си и британски „Гардијан“, бројот на посетители во првата половина од 2026 година се намалил за осум отсто во споредба со истиот период лани. Уште поголем пад е забележан кај посетите на градските туристички ...

Oткриени четири луксузни пловила за кои се претпоставува дека се поврзани со Ким Џонг Ун — отвора на Макфакс

Нови сателитски снимки откриваат четири луксузни пловила во близина на севернокорејскиот град Вонсан, за кои се верува дека ги користат лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, и неговото семејство, објави Би-би-си. Најголемото пловило е долго околу 80 метри, а на неговата палуба се наоѓа базен долг 50 метри, со четири патеки за пливање и ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Речиси милион млади Британци не работат ниту учат: Владата најавува промени — отвора на ТРН

Речиси еден милион млади луѓе во Велика Британија не се вклучени ниту во образованието, ниту на пазарот на трудот, ниту во стручна обука. Британскиот премиер Енди Бернам ја оцени состојбата како „економска катастрофа и морален неуспех“, предупредувајќи дека на цела генерација ѝ се одзема можноста да напредува. Во авторски текст за весникот „Тајмс“, Бернам порача ...

Авион итно пренасочен кон Софија поради дојава за бомба — отвора на Press24

Авион кој сообраќаше на линијата од Тел Авив кон Виена е итно пренасочен и слета на аеродромот во Софија по добиено предупредување за закана од бомба. Авионот безбедно слета во бугарската престолнина, по што безбедносните служби веднаш ги започнаа потребните проверки и истрага за случајот. Одлуката за пренасочување била донесена со цел да не се ...

21 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: БрифТРН+11

Москва го слави Трамп како „магионичар“: Руските медиуми бараат целосна капитулација на Украина — отвора на Вечер

Додека американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека замрзнувањето на санкциите против Русија е потег за отворање простор за мир, руските државни медиуми и печатот ги слават неговите потези, отворено велејќи дека Москва нема да се согласи на ништо друго освен на целосна капитулација на Украина, пишува Стив Розенберг, долгогодишен дописник на Би-би-си од Москва....

Кинеската економија повторно расте благодарение на вештачката интелигенција — отвора на Рацин

Економијата на Кина порасна со побрзо темпо во третиот квартал, опоравувајќи се од најслабите резултати во последните три години. Главен двигател на растот беше силниот извоз на технологија поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), објавува Би-Би-Си. Официјалните податоци покажаа дека втората најголема економија во светот порасна за 4,5 проценти во третиот квартал. Ова е подобрување во ...

Од радио во дневната соба до подкаст во автомобил, Би-Би-Си слави 104 години — отвора на ТРН

Од времето кога семејствата се собираа околу радиоприемникот до денешните подкасти што ги слушаме со слушалки, звукот остана дел од секојдневието, но начинот на кој го консумираме се промени целосно. На 18 октомври 1922 година во Лондон е основана Британската радиодифузна компанија, од која подоцна ќе произлезе Би-Би-Си. Во времето кога радиото сè уште било ...

Брзиот подем на поранешен трговец со уметнички дела до „најжежок“ млад тренер во Европа — отвора на Нова Македонија

ФУДБАЛ Брајтон ги жнее плодовите од довербата во Фабијан Хурцелер, човекот што стана најмлад постојан тренер во историјата на Премиер-лигата кога беше назначен во јуни 2024 година на 31-годишна возраст, пишува „Би-би-си“ Кога Брајтон загуби дома од Кристал палас во февруари во меч од англиската фудбалска Премиер-лига, Фабијан Хурцелер беше исвиркан од публиката и подложен ...

Околу 200 лица, меѓу нив и деца, пронајдени затворени во нелегален центар во Јужна Африка — отвора на Скопје1

Околу 200 лица, меѓу кои и малолетници, биле пронајдени во нехумани услови во објект во провинцијата Мпумаланга, на североистокот на Јужна Африка, за кој постои сомневање дека работел како нелегален центар за одвикнување од зависности. Дел од затекнатите лица биле врзани со синџири.Пастор кој управувал со установата и неговата сопруга се уапсени под сомнение за киднапирање, пренесува Би-би-си....

Масовно отпуштање вработени во Арсенал — отвора на Курир

Само неколку месеци откако по долга пауза ја освои Премиер лигата и објави рекордни приходи, раководството на лондонски Арсенал објави отпуштање на 60 вработени. Одлуката, како што објави денеска Би-Би-Си, е донесена на состанокот со извршниот директор Ричард Гарлик. Кратењето на работните места нема да влијаат на тренерскиот персонал, ниту во машкиот ниту во женскиот тим, туку ќе се однесуваат...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ДенешенMakPress

Мексиканец ги сокрил змиите и гуштерите во чорапи и шишиња од шампон, откриен на аеродром — отвора на Макфакс

Царинските службеници на аеродромот Келн-Бон во Германија откриле 92 змии и гуштери во багажот на 45-годишен пожарникар од Мексико, кој се обидел нелегално да ги внесе во земјата, пренесува Би-би-си. Мажот привлекол внимание бидејќи бил видно нервозен додека минувал низ зелениот коридор, наменет за патници кои немаат стока за пријавување. Откако тестот за дрога покажал ...

Труење со отров за полжави: Сомнителните зелени гранули во карито откриле обид за убиство во Австралија — отвора на Вечер

Една Австралијка е обвинета за обид за труење колешка со која наводно била во врска. Според полицијата на Западна Австралија, 43-годишната жена ставила гранули против полжави во јадењето со кари што го подготвила 58-годишната жртва. Инцидентот се случил во февруари, кога жртвата го донела ручекот на работа и го споделила со колегите, пренесува Би-би-си (BBC)....