Енвидија

40 настани во последните 30 дена, од 23 медиуми

„Њујорк тајмс“: Трамп најмалку двапати бил предупреден за можна кинеска шпионажа во „Енвидија“ — отвора на Проверено

Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку двапати бил известен за можна кинеска шпионажа во американскиот гигант за проиводство на чипови „Енвидија“, но овие извештаите не ги сфатил сериозно, тврди „Њујорк тајмс“. Како што наведува весникот, на Трамп наводно најмалку двапати му било посочено дека Алис Хуанг, која имаше љубовна врска и блиски контакти со извршниот директор ...

Трамп бара „Енвидија“ да го врати Џенсен Хуанг на чело на компанијата — отвора на Скопје1

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно побара од управниот одбор на „Енвидија“ повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, иако компанијата веќе соопшти дека не планира да го врати на функцијата. Неговиот повик дојде во време кога во јавноста се појавија нови наводи за контакти на жената поврзувана со Хуанг со кинеската разузнавачка служба.Според „Њујорк тајмс“, Алис Хуанг…

Американските разузнавачи истражуваат наводна кинеска шпионка поврзана со Енвидија — отвора на ТРН

Американските разузнавачки служби истражуваат наводи за кинеска шпионка Алиса Хуанг, поранешна директорка на сингапурската компанија „Мегаспид интернешнл“, која наводно била во љубовна врска со Џенсен Хуанг, поранешен директор на технолошката компанија Енвидија. Ова го изјави директорот на Националната разузнавачка служба на САД, Џеј Клејтон, посочувајќи дека Енвидија постојано е мета на обиди за…

NVIDIA повеќе не е меѓу трите највредни американски компании — отвора на Скопје1

Компанијата Енвидија (Nvidia) падна зад Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл, според пазарната вредност и сега е четврта највредна американска компанија, по продолжениот пад на вредноста на нејзините акции.Пазарната вредност на Енвидија се проценува на 3,03 билиони долари, додека вредноста на акциите на компанијата во последните 24 часа паднала за 14,01 отсто и сега изнесува 125,53…

Дали пукна меурот на вештачката интелигенција? „Насдак“ изгуби сѐ што доби годинава, а „Енвидија“ бележи историски пад — отвора на ТРН

Петокот, 20 ноември, инвеститорите долго ќе го паметат. Технолошкиот индекс „Насдак“ изгуби повеќе од пет отсто за само еден ден, бришејќи го целиот раст остварен од почетокот на годината. Пад забележаа и другите големи американски берзи, а најтешко беа погодени најголемите технолошки компании, чии акции од рекордните вредности на почетокот на октомври поевтинија речиси 20 ...

Акционери ја тужат „Алибаба“ за прикривање врски со фирма осомничена за набавка на чипови од „Енвидија“ — отвора на Скопје1

Акционери на кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ поднесоа тужба пред федералниот суд во Менхетен, обвинувајќи ја компанијата дека ги довела во заблуда инвеститорите и ги прикривала своите деловни врски со сингапурска компанија осомничена дека му помогнала на Пекинг да дојде до напредните чипови за вештачка интелигенција на американската „Енвидија“, објави „Ројтерс“.Во предложената колективна…

Скандалот со „Енвидија“ отвора можности за индиските играчи во ВИ-секторот — отвора на Bloomberg Adria

Со години релативно слаб играч во глобалната трка за вештачка интелигенција, Индија сега гледа можност во геополитичките превирања што ја потресуваат индустријата.

По заминувањето на Џенсен Хуанг, новата директорка на „Енвидија“ веднаш вети покачување на платите — отвора на ТРН

Првата средба на вработените во „Енвидија“ без Џенсен Хуанг траела околу 50 минути, но најважното прашање било одговорено уште на самиот почеток: платите ќе се зголемат. Привремената директорка Колет Крес најавила дека вработените во декември ќе добијат покачувања и нови акции, неколку месеци порано од првично предвидениот рок. Според информации до кои дошол „Вајрд“, Крес ...

Маск жали за 474 милиони долари вложени во избори, а заминувањето на Хуанг го нарече грешка — отвора на ТРН

Илон Маск оцени дека заминувањето на Џенсен Хуанг од челната позиција на „Енвидија“ не е паметна одлука и додаде дека се чувствува прилично глупаво што потрошил најмалку 474 милиони долари за среднорочните избори во САД. Своите ставови, во кои се осврна и на можното спојување на „Спејсекс“ и „Тесла“, тој ги изнесе во средата на ...

Антропик го направи најголемото берзанско деби во историјата и вреди 1,5 билиони долари — отвора на ТРН

„Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот. Дополнително, преку приватен пласман се обезбедени 26 милијарди долари, во кој учествуваат „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Еј-Ем-Ди“. И „Енвидија“ планира да вложи 10 милијарди долари во компанијата. Со побарувачка седум пати поголема од понудената количина на акции, Антропик ...

„Енвидија“ нема да го врати Џенсен Хуанг на директорската функција: Управниот одбор едногласно ја одбил можноста — отвора на ТРН

Американската технолошка компанија „Енвидија“ објави дека нема намера повторно да го назначи Џенсен Хуанг за извршен директор, иако основачот и поранешен челник на компанијата јавно изјави дека е подготвен да се врати на функцијата. Претседателот на Управниот одбор на „Енвидија“, Харви Џонс, ја потврди одлуката за време на вчерашното претставување на деловните резултати на компанијата, ...

„Енвидија“ престанува со продажба на чипови за вештачка интелигенција во Кина — отвора на Проверено

Американскиот производител на компјутерски чипови „Енвидија“ го запира извозот на моќни чипови за вештачка интелигенција во Кина, соопшти в.д. извршната директорка а технолошкиот гигант Колет Крес, за време на објавувањето на кварталните резултати. Крес наведе дека во текот на минатиот квартал, „Енвидија“ продала компјутерски чипови од серијата „Хопер“ во Кина во вредност од 2,4 милијарди, ...

Ќерката му била десна рака, зетот станал потпретседател: Џенсен Хуанг ја водел „Енвидија“ како семејна фирма — отвора на ТРН

Џенсен Хуанг често им раскажувал на соговорниците дека за успехот најмногу ѝ должи на сопругата Лори. Се запознале во осумдесеттите години, кога двајцата студирале електротехника. На еден гостин, за време на дружење со коктели во Сан Франциско по уште еден рекорден квартал за компанијата, му раскажал дека секоја вечер се враќа дома до 18:30 часот ...

„Енвидија“ ја отфрли можноста за враќање на Џенсен Хванг на директорската функција — отвора на Сакам да кажам

Технолошкиот гигант „Енвидија“ категорично ја отфрли можноста за враќање на коосновачот Џенсен Хванг на директорската функција, истовремено објавувајќи дека продажбата ...

Енвидија одби да го врати Хуанг, но тој може да бира директори во одборот на компанијата — отвора на Мета.мк

По откривањето на врските на Јенсен Хуанг, вклучително и онаа со кинеската бизнисменка Алис Хуанг, американските разузнавачки агенции се обидуваат да утврдат до кој степен се нејзините врски со Министерството за државна безбедност на Кина

Хуанг: Подготвен сум да се вратам во Нвидија — отвора на Рацин

Јенсен Хуанг, коосновач и до неодамна извршен директор на американскиот технолошки гигант „Нвидија“, изјави дека е подготвен да се врати на чело на компанијата доколку одборот го покани. Хуанг го имаше своето прво јавно појавување откако поднесе оставка минатиот четврток, поради скандал поврзан со вонбрачни афери, вклучително и врска со жена за која се сомнева ...

По скандалот, Енвидија воведува посебни безбедносни контроли — отвора на ТРН

Американската технолошка компанија Енвидија денеска соопшти дека во рамките на својот Управен одбор формира тело што ќе го надгледува почитувањето на државните прописи за национална безбедност и контрола на извозот. Одлуката доаѓа по објавените информации дека извршниот директор Џенсен Хуанг поднел оставка, откако било откриено дека имал љубовна врска со жена за која постојат сомневања ...

„Енвидија“ ја засилува контролата по новите ограничувањата за извоз на чипови во Кина — отвора на Bloomberg Adria

„Енвидија“ формираше нов комитет задолжен за надзор на прашањата поврзани со националната безбедност и извозните контроли, откако американската влада презеде чекори за да го ограничи пристапот на Кина до моќните чипови на компанијата.

Маск е меѓу 175.000 луѓе кои бараат Хуанг да се врати за извршен директор на „Енвидија“ — отвора на MakPress

Илон Маск е еден од многуте технолошки лидери и инвеститори кои бараат поранешниот шеф на „Енвидија“ (Nvidia), Џенсен Хуанг, да биде вратен на својата позиција, јавува ДПА. Овие барања доаѓаат само четири дена откако поранешниот извршен директор поднесе оставка од гигантот за производство на чипови, по скандалот поврзан со вонбрачни афери, вклучително и наводи за ... The post Маск е меѓу 175.000…

И Трамп е за тоа Хуанг да се врати на чело на „Енвидија“ — отвора на Bloomberg Adria

Претседателот Доналд Трамп ги поддржа повиците за враќање на Џенсен Хуанг на позицијата главен извршен директор на „Енвидија“.

Што ги поврзува „Енвидија“, „Мајкрософт“ и компанијата што го приземји американскиот авиосообраќај? — отвора на ТРН

За повеќето Американци, името Л3Харис технолоџис (L3Harris Technologies) до минатиот петок беше непознато. Тој ден, техничар на компанијата во центар за контрола на воздушниот сообраќај во јужниот дел на Арканзас инсталирал нов рутер. Истрагата засега се фокусира на погрешно конфигурирана функција на уредот, која испраќала непотребни податоци до останатата мрежна опрема. Дефектот предизвикал…

САД воведоа нови мерки за ограничување на пристапот на Кина до технологијата за вештачка интелигенција — отвора на Проверено

Администрација на САД објави пакет мерки за блокирање на пристапот на Кина до американската технологија за вештачка интелигенција преку трети земји, како реакција на скандалот што доведе до заминувањето на извршниот директор на „Енвидија“, Јенсен Хуанг. Согласно овие привремени мерки од Министерството за трговија на САД, операторите на дата центри во Сингапур, Малезија, Тајланд, Индонезија ...

„Енвидија“ заслужна за половина од растот на Израел — отвора на Bloomberg Adria

Израелската економија забележа раст од осум отсто (на годишно ниво, сезонски прилагодено) во трите месеци заклучно со септември, надминувајќи ја медијаната од 5,7 отсто предвидена од осум економисти анкетирани од „Блумберг“.

Нов пресврт во Енвидија по аферите со Хуанг, се организира кампања за негово враќање, Вашингтон бара одговори — отвора на Фактор

Само неколку дена по оставката на Џенсен Хуанг, американскиот технолошки гигант Енвидија се соочува со нови превирања. Додека управниот одбор бара негов наследник, влијателни личности од Силиконската Долина организираат кампања за враќање на човекот кој ја водеше компанијата повеќе од три децении. Истовремено, американската администрација бара темелни промени во раководството и одговори за можни…

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања — отвора на Прва линија

Промената на врвот на американската технолошка компанија NVIDIA (Енвидија) отвори прашања за корпоративното управување, контролата на извозот на напредни чипови и влијанието на политиката врз индустријата за вештачка интелигенција. Во меѓувреме, се појавија информации дека нејзиниот основач Џенсен Хуанг размислува да се врати на директорската функција. Според официјалната пријава до американската…

Бесент смета дека „Енвидија“ мора да побара нов извршен директор надвор од компанијата, Хуанг размислува да се врати — отвора на Мета.мк

Сојузниците на Хуанг формираат кризен штаб составен од раководители од Силиконската долина, кои ќе лобираат за враќање на поранешниот шеф на „Енвидија“ и ќе се обидат да обезбедат поддршка од Белата куќа

Бесент бара драстични промени, нов шеф на „Енвидија“ однадвор! — отвора на Bloomberg Adria

„Енвидија“ утре ги објавува кварталните резултати под водство на Колет Крес, а министерот за финасии на САД, Скот Бесент бара драстични промени во раководството и одговори за извозот на чипови.

Маск потпиша петиција за враќање на поранешниот директор на Nvidia — отвора на Скопско Ехо

Енвидија без Хуанг: што значи оставката за гејмерите и нивните компјутери — отвора на ТРН

Оставката на Џенсен Хуанг на 12 ноември ги урна акциите на Енвидија, но цените на графичките картички „Џифорс“ нема да паднат поради тоа пред Црниот петок, на 27 ноември. Технолошките медиуми што ја анализираат ситуацијата се согласуваат дека главната причина за високите цени е недостигот од меморија, а не тоа кој ја води компанијата. Меморијата, ...

Скандалот што ја потресе Енвидија: зошто жените се во насловите, а Хуанг во втор план? — отвора на ТРН

Џенсен Хуанг на 8 ноември, во писмо до вработените во Енвидија, призна дека бил неверен и се извини, а четири дена подоцна поднесе оставка. Во меѓувреме, насловите за скандалот со Хуанг низ светот и во регионот почнаа да се вртат околу „мистериозната жена“, наместо околу одлуките на човекот кој 33 години ја водеше компанијата. Потврдените ...

Мажот прави скандал, жената презема: Колет Крес и стаклената карпа во Енвидија — отвора на ТРН

Финансиската директорка Колет Крес од 12 ноември привремено ја води Енвидија. Основачот Џенсен Хуанг поднесе оставка по неколкунеделен скандал поврзан со вонбрачни врски и наводи за контакти со лице поврзано со кинеското разузнавање. Нејзиното назначување повторно ја стави во фокус теоријата за стаклената карпа, според која жените почесто добиваат раководни позиции кога компанијата се наоѓа ...

„Енвидија“ ги тресе берзите, „Мајкрософт“ ги запира канцелариите: Кој го држи светот на стаклени нозе? — отвора на ТРН

Ретко се случува две големи технолошки кризи да се совпаднат во иста недела, речиси во ист ден. Џенсен Хуанг ја напушти „Енвидија“, а „Мајкрософт 365“ беше недостапен во повеќе од 70 земји и во петокот влезе во вториот ден од прекинот – еден од најдолгите во историјата на сервисот. Која од двете кризи е поголема? ...

Корупција и секс скандали: Фијаското со Енвидија го „тресе“ и министерот Лутник кој беше во Скопје, ќе стигне ли до Трамп? — отвора на Фактор

Во сржта на секс скандалите на „протераниот“ директор на Енвидија се отвораат сериозни сомнежиза длабока корупција, која продира до врвот на американската администрација на претседателот Доналд Трамп. По среднорочните избори и промената на политичката моќ, произлегоа информациите дека Јенсен Хуанг, основачот и поранешен главен извршен директор на гигантот за чипови „Енвидија“ имал вонбрачна афера…

Американски сенатор бара сослушување на Џенсен Хуанг и министерот Хауард Лутник поради „Енвидија“ и Кина — отвора на ТРН

Претседателот на Комитетот за банкарство на американскиот Сенат, Тим Скот, испратил писма до министерот за трговија Хауард Лутник и поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, повикувајќи ги да сведочат пред комитетот за најновите случувања во компанијата и прашањата поврзани со националната безбедност на САД. Барањето доаѓа по медиумските извештаи за наводна љубовна врска на ...

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: USB

Прашања

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште една вработена во „Енвидија“ — отвора на Инфомакс

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, имал интимна врска со уште една вработена во компанијата, објави Ројтерс на 12 ноември, повикувајќи се на две лица запознаени со случајот. Агенцијата не го објави името на вработената и наведе дека не успеала да стапи во контакт со неа. Новото тврдење се однесува на друга вработена, покрај ...

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33 години – скандалот со наводни афери ја потресе технолошката компанија — отвора на Инфомакс

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, по објавите за негови две наводни вонбрачни врски, од кои едната со жена обвинета за шпионажа во корист на Кина, објави компанијата. Финансиската директорка Колет Крес привремено ќе ја преземе функцијата, додека Управниот одбор бара постојан наследник. Со тоа завршува 33-годишното раководење на ...