ЗЕЛЕНСКИ

40 настани во последните 30 дена, од 33 медиуми

Кремљ му порача на Зеленски: Путин е подготвен за разговор — отвора на ТРН

Рускиот претседател Владимир Путин би одговорил на телефонски повик од украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку Киев одлучи да го побара, изјави денеска Јуриј Ушаков, советник на Путин за надворешна политика. „Мислам дека, секако, би се јавил. Путин никогаш не одбивал разговори“, изјави Ушаков во разговор со новинарот Павел Зарубин за руската државна телевизија „Вести“. Ушаков ...

Лавров до Зеленски. Сакаш средба со Путин? Дојди во Москва! — отвора на Национално

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да отпатува во Москва доколку сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. „Ако Зеленски сака да се сретне, треба да дојде во Москва; ние ќе ја обезбедиме неговата безбедност“, изјави Лавров на прес-конференција по првиот ден од состанокот на министрите ...

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот — отвора на А1он

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околината, како и повеќе од 80.000 во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Тој на платформата „Икс“ наведе дека синоќа руски беспилотни летала погодиле термоелектрана во Киев и четири...

ЗЕЛЕНСКИ: Трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија би можеле да се одржат од 6 до 10 ноември во Абу Даби — отвора на Денешен

Трилатералните преговори на техничко ниво меѓу Украина, САД и Русија би можеле да се одржат од 6 до 10 ноември во Абу Даби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека конечниот датум и место на состанокот сè уште не се утврдени. „Средбата треба да се одржи во Абу Даби, но, како што знаете, има многу различни чувствителни прашања и предизвици на Блискиот Исток. Не знам…

Зеленски: Украина погоди руска фабрика за ракети и уништи воена опрема вредна 70 милиони долари — отвора на МКД.мк

Украинските сили ја погодија фабриката Каменски во руската Ростовска област, која е дел од руската одбранбена индустрија и учествува во производството на ракети, објави Зеленски на Телеграм. „Нашите напади со долг дострел даваат резултати во Ростовската област. Погодена е фабриката Каменски, претпријатие од руската одбранбена индустрија што се занимава со производство на ракети“, наведе Зеленски.…

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами — отвора на Скопје1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да добие покана за учество на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.Тој посочи дека поканата ќе зависи од проценката на американскиот претседател Доналд Трамп, односно дали присуството на Зеленски би можело да донесе „нешто позитивно“, пренесува Ројтерс.Рубио откри и дека за…

Зеленски во Истанбул на разговори со Ердоган за безбедноста и дипломатијата — отвора на Независен весник

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна во Истанбул, каде што ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „Пристигнавме во Истанбул со тимот. Ни претстојат важни разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Работиме на зајакнување на одбраната на нашите граѓани, меѓудржавното партнерство со Турција и конкретните дипломатски перспективи. Има важни прашања…

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ДенешенMakPress

Евакуирани жителите на окупираниот украински град Олешки, кои со недели се заробени на линијата на фронтот без храна и вода — отвора на Телма

Луѓето евакуирани од разурнатиот украински град Олешки, кој е под руска окупација, пристигнаа на територијата на Украина, потврди претседателот Володимир Зеленски. Жителите на овој град на линијата на фронтот со недели беа заробени без храна, вода и електрична енергија. Условите биле толку тешки што многумина биле принудени да готват плевел од своите градини за да ...

Украинските сили поминаа 15 километри низ гасовод за упад зад руските линии кај Купјанск — отвора на ТРН

Украинските сили изведоа сложена подземна операција во близина на Купјанск, напредувајќи повеќе од 15 километри низ подземни гасоводни инсталации за да удрат зад руските одбранбени позиции. Акцијата под кодно име „Велес“ резултираше со елиминација на повеќе од 100 руски војници и заробување на уште 30, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Маневарот претставува директен одговор на…

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија Трамп во спасувањето на населението од окупираниот украински град Олешки — отвора на Локално

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е спроведена хуманитарна операција за спасување и евакуација на населението...

САД одобрија продажба на ракети „Patriot“ на Украина во вредност од 2,1 милијарди долари — отвора на Нетпрес

Американскиот Стејт департмент во петокот објави дека одобрил продажба на Украина на 500 ракети „Patriot PAC-3“ во вредност од 2,1 милијарди долари. Украина ќе ги плати ракетите со донации од Канада, Германија и Норвешка преку американската програма US JUMPSTART и со национални средства од заемот на Европската унија за поддршка на Украина, според соопштението на ...

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија — отвора на А1он

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе води „важни преговори“ во Турција, како дел од дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија. Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека разговорите се поврзани со продолжување на преговорите, планирани за ноември, чија цел е да се најде решение...

Лавров: Коментарите на Зеленски не се од помош, ставот на Русија е непроменет — отвора на Нетпрес

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави ноќта кон саботата дека ставот на Русија за конфликтот во Украина не се променил и дека коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за континуираните напади врз руски цели не придонесуваат за подготовки за нови преговори. Зборувајќи со новинарите на маргините на состанокот на Г20 во Атланта, Лавров ...

Зеленски е подготвен директно да разговара со Путин за територијалните прашања — отвора на Макфакс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за територијалните прашања со цел да се стави крај на војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, пренесува „Киев пост“. Во интервју за финскиот весник „Хелсингин Саномат“, Сибиха потврди дека Киев го координирал телефонскиот разговор меѓу Путин, финскиот…

Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели — отвора на Press24

Украина ги дефинираше клучните области за понатамошна употреба на оружје со долг дострел на територијата на Руската Федерација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски соопшти дека по поднесениот извештај за извршените длабоки напади во текот на септември и октомври, се подготвуваат нови дејствија на поголеми оддалечености. „Секој руски напад врз нашите градови и заедници…

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Телма

Зеленски: Украинските ракети и дронови ќе можат да погодуваат цели уште подлабоко на руска територија — отвора на Скопје1

Украина работи на проширување на досегот на своите ракети и беспилотни летала, со цел да може да погодува цели уште подлабоко на руска територија, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.По добивањето извештај за нападите од долг дострел во септември и октомври, Зеленски објави дека руските цели од Јамал до Западен Сибир веќе се наоѓаат во дострелот на украинските сили.„Секој руски…

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина — отвора на А1он

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за турско-американските билатерални односи, како и за регионалните и глобалните случувања, соопшти денеска кабинетот на Ердоган. За време на разговорот, Ердоган изјави дека ќе продолжи да работи на развојот на односите меѓу Турција и Соединетите Држави – кои...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки — отвора на А1он

„Фајненшл тајмс“ објави детали за малку позната иницијатива за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД, која се одвивала во јануари и февруари 2023 година. Во центарот на иницијативата бил неофицијален комуникациски канал, воспоставен со цел да се најде решение за војната, речиси една година по почетокот на руската инвазија....

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ — отвора на Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара по телефон со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Одговарајќи на прашањето што би се случило доколку Макрон или Мерц го повикаат Кремљ, Песков за каналот на Телеграм „Јунашев лајв“ изјави дека Путин би одговорил на повикот.„И тој би се јавил на…

🎥Зеленски контра Трамп, ракетирана рафинерија во Самара. Масовен напад врз Москва, еден загинат во Киев — отвора на Плусинфо

Беспилотни летала рано утрово погодиле голема рафинерија за нафта во градот Новокујбишевск во регионот Самара, која работи како дел од државната компанија Роснефт, неколку часа откако американскиот весник Вол стрит џурнал објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски попуштил под притисокот на Доналд Трамп и ги запрел нападите врз руските енергетски објекти.

Еден загинат во ноќни руски напади на Киев, оштетени се и неколку објекти — отвора на 360 степени

Само неколку часа пред нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките служби имаат информации за подготовки...

Зеленски ги повика западните земји да преземат акција по „ужасниот“ напад руски дрон врз железничката станица во Днепар — отвора на Курир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги повика западните држави да преземат мерки по „ужасниот“ руски напад со беспилотно летало врз железничката станица во Днепар, при што загинаа најмалку 13 луѓе. - Колку уште терористички напади треба да изврши Русија против нашиот народ откако беа укинати санкциите против некои руски олигарси и рускиот енергетски сектор? Потребна е одлучна и…

Зеленски: Мировните разговори во ноември би можеле да го отворат патот за средба со Трамп и Путин — отвора на 360 степени

Претседателот на Украина вели дека сè уште не е утврден конечниот датум за планираните мировни преговори меѓу...

Зеленски чека одговор од Москва. Дали ќе седнат на иста маса Трамп, Путин и украинскиот претседател — отвора на Национално

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека засега не знае кога би можела да се одржи средба на лидерите на Украина, САД и Русија, нагласувајќи дека нејзиното одржување сега зависи од руската страна. „Не знам кога ќе имаме состанок со Русија на лидерско ниво. Денес зависи од руската страна, бидејќи тие никогаш порано не поддржале таков ...

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски — отвора на Независен весник

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Наскоро ќе биде организирана средба и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на дипломатските напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина што ...

20 извештаи (сите извештаи)11 препишани

Известуваат и: БрифКурир+12

Големи преговори во ноември? Зеленски има посебно барање — отвора на Макфакс

Украина очекува трилатерални разговори со Соединетите Држави и Русија во ноември, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека во дипломатскиот процес и во одлуките за завршување на војната мора да бидат вклучени и европските земји. Зеленски нагласи дека Украина инсистира ниту една европска земја да не биде исклучена од процесот на носење одлуки, пренесува „Укринформ“. Според ...

Зеленски стравува од нова поделба на сферите на влијание меѓу САД, Русија и Кина — отвора на Нова Македонија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека евентуалната средба меѓу лидерите на САД, Русија и Кина би можела да доведе до прераспределба на сферите на влијание меѓу големите сили, без соодветно да се земат предвид интересите на помалите држави, објавија француските медиуми. Според извештаите, се подготвува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот…

5 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: НетпресMakPress

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања — отвора на А1он

Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања поврзани со мировното решение, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој го изјави ова на прес-конференција во Хелсинки, заедно со неговите колеги Елина Валтонен од Финска и...

Холандија ѝ вети воена помош на Украина од 500 милиони евра — отвора на Макфакс

Холандија ќе ѝ обезбеди на Украина воена помош во вредност од 500 милиони евра оваа зима, изјави денеска холандскиот премиер Роб Јетен по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Хаг, пренесува „Ројтерс“. „Средствата ќе бидат искористени за набавка на беспилотни летала и друга опрема неопходна за зајакнување на одбраната на Украина“, рече Јетен. Претходно ...

Захарова: Зеленски се обидува да ги попречи дипломатските напори на Русија и САД за решавање на конфликтот во Украина — отвора на Макфакс

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска го обвини украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дека се обидува да ги попречи дипломатските напори на Русија и САД за решавање на конфликтот во Украина. „Во момент кога руската и американската страна вложуваат дипломатски напори за обновување на консултациите за решавање на украинскиот конфликт, Зеленски…

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Зеленски: Русија сака договор со НАТО за преобликување на безбедносниот поредок во Европа — отвора на Независен весник

Москва сака посебен договор со НАТО или со САД, што всушност би значело промена на безбедносната инфраструктура во Европа и во светот, изјави претседателот Володимир Зеленски. Кремљ ги претставува овие барања како „безбедносни гаранции“ за себе, во услови на тековни преговори за ставање крај на војната во Украина, им рече претседателот на новинарите на прес-брифинг. ...

Зеленски објави дека украинските сили повратиле територии со офанзивните операции „Вивалди“ и „Велес“ — отвора на Сакам да кажам

Володимир Зеленски изјави дека украинските сили повратиле територии преку серија офанзиви, вклучувајќи една претходно непозната операција, во која трупите користеле ...

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва — отвора на Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му биде гарантирана безбедноста доколку дојде во Москва, соопшти Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.Според Ушаков, Путин ова го кажал за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александер Стуб…

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 дена — отвора на Курир

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои законот предложен од Володимир Зеленски, за продолжување на воената состојба за 90 дена, како и законот за продолжување на општата мобилизација за истото време, што го вклучува периодот од 1 ноември до 29 јануари 2027 година, објави парламентот денеска на својата интернет-страница. Од почетокот на целосната руска инвазија на Украина на 24 февруари...

10 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: ДенешенPress24+3

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори — отвора на А1он

Британскиот аналитичар и воен коментатор Александар Меркурис оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не се залага за крај на конфликтот со Русија, туку за негово замрзнување. „Зеленски сака прекин на огнот, а не преговори. Тој сака да го замрзне конфликтот – сценарио во кое Украина не би имала апсолутно никакви...

Путин разговараше со лидерите на Финска и Норвешка: Неочекуван телефонски повик од Хелсинки — отвора на Инфомакс

Кабинетот на претседателот на Финска соопшти дека претседателот на таа земја, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторникот телефонски разговарале со претседателот на Русија, Владимир Путин. „Претседателот на Финска, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторник, на 27 октомври, во Хелсинки остварија телефонски разговор со претседателот на ...

Путин телефонски разговарал со лидерите на Финска и Норвешка — отвора на Мета.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со двајцата нордиски лидери по нивниот разговор со Путин. Минатата недела Зеленски се сретна со нив, како и со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф во Осло

Зеленски: Речиси еден месец чекаме американско одобрение за ракети „Патриот“ и НАСАМС — отвора на Инфомакс

Украина речиси еден месец чека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет да го одобри трансферот на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и НАСАМС, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Барањето доаѓа во услови на засилени руски напади врз енергетската и цивилната инфраструктура пред зимата. Зеленски наведе дека му наложил на својот тим повторно да го ...

Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата — отвора на Макфакс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изборите во Србија. „Во Србија се случија промени, победа на Студентската листа. Ова е очигледно ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ. Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им обезбедува повеќе можности на луѓето. Подготвени сме да продолжиме ...

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот — отвора на А1он

„Фајненшел тајмс“ (Financial Times) објави детали за една малку позната иницијатива за мировни преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Држави, која се одвиваше во јануари и февруари 2023 година. Во сржта на иницијативата беше неофицијален канал за комуникација, воспоставен со цел да се најде решение за војната, една година по...