Закани

10 настани во последните 30 дена, од 22 медиуми

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш — отвора на А1он

Утрово се примени закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш. Заканите биле упатени преку телефонски повици. Полицијата постапува по пријавите за бомбите.

Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС — отвора на Press24

Во канцеларијата на Народното собрание на Република Српска денеска пристигнала е-порака со заканувачка и вознемирувачка содржина, во која се упатуваат повици за насилство и собирање средства за цели на џихад. Според соопштението од кабинетот, авторот на пораката се претставува како член на „џихадот во БиХ“, а текстот содржи повеќе неповрзани барања и повици за ликвидација. ...

Има ли крај - ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА, компаниите би почувствувале последици за само еден ден — отвора на Вечер

Недостигот на вода станува еден од најголемите ризици со кои се соочува европската индустрија, покрај заканите како што се сајбер-нападите и прекините во синџирите на снабдување. Во студија спроведена од Schneider Electric раководители од повеќе од половина од анкетираните индустриски компании предупредија дека недостигот на вода би можел да го загрози нивниот раст во текот на следните пет...

Станкоска: Заканите и повиците за насилство врз жените не смеат да се нормализираат – денес давам исказ во Обвинителството — отвора на Антропол

Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, денес ќе даде исказ во Основното јавно обвинителство Скопје во врска со кривичната пријава што ја поднесе против заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов. Како што информира Станкоска во објава на социјалните мрежи, случајот се однесува на заканите, навредите и повиците за физичко и ...

Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат враќање на договорите за плати — отвора на Инфомакс

Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови од јануари доколку компанијата до крајот на следната недела не ја повлече одлуката за раскинување на договорите за плати. Според Ројтерс, спорот ги опфаќа и долгогодишните правила за работното време и надоместоците за одмор. Работничкиот совет тврди дека раководството планира замрзнување на платите за околу 660.000 вработени. reuters.com ...

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог — отвора на А1он

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека заканите и санкциите против Иран мора ефективно да се укинат за да се создадат услови за дијалог. Во објава на платформата „Икс“ (X), тој истакна дека преговорите се бесмислени сè додека се засилуваат притисоците и се ограничуваат можностите за соработка. „Не може постојано...

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“ — отвора на А1он

Полицијата во Северна Ирска и Шкотска истражува заканувачки електронски пораки испратени до стотици училишта, за кои се верува дека се лажни. Министерот за образование во Стормонт изјави дека училиштата во Северна Ирска добиле закани за поставени бомби, но тие не се третираат како реални. Полициската служба на Северна Ирска (PSNI)...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Авион итно пренасочен кон Софија поради дојава за бомба — отвора на Press24

Авион кој сообраќаше на линијата од Тел Авив кон Виена е итно пренасочен и слета на аеродромот во Софија по добиено предупредување за закана од бомба. Авионот безбедно слета во бугарската престолнина, по што безбедносните служби веднаш ги започнаа потребните проверки и истрага за случајот. Одлуката за пренасочување била донесена со цел да не се ...

21 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: БрифТРН+11

Закани со бомби и со терористички напади во институции во Албанија. Пораките стасале од мејл од Саудиска Арабија — отвора на Плусинфо

Заканите со бомби доаѓаат во време кога во Албанија продолжуваат протестите, кои траат веќе седми ден. Денеска протести се одржуваат не само во Тирана, туку и во други албански градови – Лежа, Мирдита, Милот, Скадар, Елбасан и Валона.

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија — отвора на 24 Инфо

Закана со бомба на лет од Тел Авив кон Виена предизвикала вистинска драма во воздухот, откако патнички авион на австриската авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“ синоќа бил принуден да го прекине летот и да слета на аеродромот во Софија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во авионот од типот „Ербас А320“ се наоѓале вкупно 57 лица, од кои ...