Заливот

32 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

Во тек се подготовки за нов жесток удар на Иран, издадено е предупредување до земјите во Заливот — отвора на Вечер

Според WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите, пораките биле пренесени преку дипломатски и воени канали и се дел од растечкиот број индикации дека САД и Израел се подготвуваат за нова рунда интензивни борбени операции против

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас — отвора на Независен весник

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно го нападне Иран тоа ќе има „разорно влијание“ врз меѓународните пазари посебно на снабдувачите со гас и потрошувачите. – Разорното влијание на меѓународните пазари од каква била воена авантура што би ја иницирал Израел во регионот на Персиски Залив останува главна грижа и за ...

Блискиот Исток во состојба на висока приправност: Иран очекува напад во секој момент, странските амбасадори во Заливот разгледуваат евакуација — отвора на Инфомакс

Безбедносните тензии на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат, а дипломатските претставништва во земјите од Персискиот Залив наводно веќе разгледуваат планови за евакуација поради стравувањата од нов американски напад врз Иран и можен масовен одговор на Техеран низ целиот регион. Според информации што ги пренесува Дрор Балазада, висок аналитичар за Иран на израелскиот Канал 14, повикувајќи…

САД ја заоструваат поморската блокада на Иран: Американската морнарица доби овластувања да запира и претресува бродови, издадено предупредување за целиот регион — отвора на Инфомакс

Соединетите Американски Држави ја заоструваат контролата врз поморскиот сообраќај кон иранските пристаништа, со ново безбедносно предупредување кое опфаќа огромен дел од водите на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Персискиот Залив, Ормускиот Теснец, Оманскиот Залив и Арапското Море. Според поморското предупредување JMIC 016-26, објавено на 28 октомври од Заедничкиот поморски информативен центар…

САД ги повикаа пловилата да се држат подалеку од Ормуската Теснина — отвора на Курир

Американската војска денеска соопшти дека пловилата што немаат потреба да пловат меѓу пристаништата во Оманскиот Залив и Ормуската Теснина треба да се држат подалеку од тој поморски пат поради „зголемувањето на тензиите во регионот“. „Поради актуелната геополитичка ситуација, на пловилата што не мора да минуваат низ ова подрачје им се советува да останат на безбедно растојание за да избегнат…

„Подгответе се за кратка и интензивна воена кампања“ САД ги предупредија земјите од заливот дека претстои нов напад врз Иран — отвора на Плусинфо

Американската армија носи системи „Патриот“ од Тексас, нејзините сили во регионот се снабдуваат со муниција, додека бомбардерите и борбените авиони се подготвуваат за напади – наведува „Волстрит џурнал“.

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран — отвора на А1он

Американските власти ги предупредија земјите од Персискиот Залив да се подготват за можен краток, но интензивен воен судир со Иран, кој би можел да започне по американските избори за Конгресот (т.н. „избори на средината на мандатот“). Повикувајќи се на добро информирани извори, „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal) пренесува дека...

Трансокеанскиот брод станува најголемиот вештачки гребен во светот, ќе биде потонат во близина на Флорида — отвора на Независен весник

Океанскиот брод SS United States наскоро ќе се впушти во своето последно патување и ќе заврши на дното на Мексиканскиот Залив. Службениците на округот Окалоса објавија планови за потопување на историскиот брод SS United States во близина на брегот на Флорида во текот на втората недела од ноември, доколку времето дозволи. Бродот што некогаш ...

Пезешкијан: Воените дејствија на САД во Заливот го нарушуваат глобалното снабдување со енергенти — отвора на Нова Македонија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека воените дејствија на САД во регионот на Персискиот Залив го нарушуваат глобалното снабдување со енергенти, транспортот и формирањето на цените, со можни сериозни последици за светската економија. Тој ова го изјави на самитот на земјите извознички на гас во Москва, пренесе ДПА. – Денеска, воените интервенции на САД во ...

„Израел хајом“: Саудиска Арабија наводно нуди милијарда долари за примирје со Хутите преку Иран — отвора на Инфомакс

Саудиска Арабија наводно понудила една милијарда долари за договор со јеменските Хути за запирање на нападите врз кралството, со посредство на Иран, објави „Израел хајом“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Заливот. Според извештајот, саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, пристигнал во Техеран за разговори за примирје. Еден извор тврди дека парите ...

Електронска војна над Персискиот Залив: Масовно попречување на GPS-сигналите, авиони прикажуваат хаотични траектории – расте стравот од нов американски напад врз Иран — отвора на Инфомакс

Сериозни нарушувања на сателитската навигација се пријавуваат над Персискиот Залив и Ормускиот Теснец, во момент кога повторно растат тензиите меѓу САД и Иран. Според информации што кружат на платформите за следење на воздушниот сообраќај, комерцијални авиони прикажуваат необични и неправилни траектории на движење, што може да укажува на интензивно електронско попречување на GPS-сигналите. Според...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

„Шест месеци пред претседателските избори во Франција, Макрон ја доведе земјата на раб на колапс“ — отвора на МКД.мк

Макрон, кој им се обрати на новинарите по протестите одржани на 17 октомври, кога избувнаа немирите, а пред денешните собири, изгледаше вкочанет, статичен и неповрзан. Во понеделникот тој отпатува во Персискиот Залив откако присуствуваше на скап концерт на канадската пејачка Селин Дион, заедно со неговата сопруга Брижит и сопственикот на луксузната компанија ЛВМХ Бернар Арно. ...

Ирански генерал: Техеран нема да им дозволи на американските воени бродови да влезат во Персискиот Залив — отвора на МКД.мк

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и командант на нивната заедничка воена команда Али Абдолахи изјави дека американските поморски сили повеќе не се во можност да се приближат до водите околу Персискиот Залив или иранските води, пренесува агенцијата ИРНА. Тој го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека американската војска никогаш нема да се врати ...

Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз подводните интернет-кабли ако САД и Израел повторно нападнат — отвора на Инфомакс

Иран подготвил детални планови за напади врз подводните комуникациски кабли во Персискиот Залив доколку САД и Израел ги обноват воените удари врз земјата, изјавиле двајца високи ирански безбедносни функционери за Ројтерс. Според нивните тврдења, Техеран би можел и да ги попречува поправките за да ги продолжи прекините во комуникациите. Засега станува збор за наводи за ...

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови — отвора на Скопје1

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) се закани дека ќе ги нападне американските воени бази на Блискиот Исток доколку американската војска продолжи да ги придружува бродовите низ Ормускиот Теснец. Предупредувањето следува откако гардата соопшти дека нападнала четири танкери во Персискиот Залив, а уште три брода наводно налетале на морски мини, пренесува „Туркије“.„Американската војска...

Иран тврди дека седум танкери за нафта биле запалени или оштетени во Ормутскиот теснец — отвора на Пулс24

Иран во четврток соопшти дека седум танкери за нафта биле запалени или оштетени преку ноќ во Ормутскиот теснец, додека расте стравот од враќање на отворена војна. Иранската државна телевизија ја ...

Техеран соопшти дека 7 танкери се погодени или оштетени од мини во Ормускиот Теснец. Се подготвува терен за нова ескалација во Персискиот Залив — отвора на Плусинфо

Техеран најави проширување на листата на потенцијални цели, вклучувајќи инфраструктура како што се подводни кабли и дата-центри. Во меѓувреме, САД распоредуваат дополнителни воени сили во регионот, вклучувајќи и трет носач на авиони.

Иран објави дека 7 бродови биле погодени во Персискиот Залив — отвора на 24 Инфо

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда во четврток соопшти дека погодила и запалила четири брода фатени како нелегално претоваруваат нафта во северниот дел на Персискиот Залив. Во соопштението се додава дека силите на иранската револуционерна гарда ги следеле бродовите во текот на целата среда, објави Ројтерс . Предупредување до Соединетите Американски Држави Револуционерната гарда, исто...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

САД подготвуваат повлекување персонал од амбасадите во Заливот поради опасност од обновување на борбите — отвора на Инфомакс

Американскиот Стејт департмент подготвува наредба за заминување на дел од персоналот и членовите на нивните семејства од американските амбасади во регионот на Заливот, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски функционери. Според извештајот, подготовките се поврзани со можноста за обновување на непријателствата, особено со јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Двајца функционери...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Пулс24МКД.мк+2

Иран објави дека седум бродови биле погодени во Персискиот Залив и го предупредува САД на поширок одговор — отвора на 360 степени

Тие ја предупредуваат американската војска дека продолжувањето на провокациите може да доведе до поширок одговор насочен против...

САД ќе ослободат дизел од резервите за да обезбеди снабдување за потребите за греење — отвора на Независен весник

Министерството за енергетика на САД сигнализираше дека има намера да ослободи околу една третина од своите стратешки резерви на дизел за да обезбеди стабилно снабдување за потребите за греење, во услови на пораст на цените поради прекините во снабдувањето во Персискиот Залив и приближувањето на зимата. САД чуваат милион барели дизел, дестилат со ултра ниска ...

Кина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафта — отвора на МКД.мк

Во периодот од јануари до септември, кинескиот увоз на руски ЛНГ скокнал за 44,3 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигнал 7,19 милиони тони, ги пренесува ТАСС кинеските податоци. Вредноста на испораките на руски ЛНГ до кинеските клиенти се зголемил во истиот период за 38,5 проценти, на 3,92 милијарди долари. Така, во ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

Лавров во Техеран: Русија нуди посредување за крај на војната меѓу Иран и САД — отвора на МКД.мк

Лавров се сретна со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, министерот за надворешни работи Абас Арагчи и шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи. Според руското Министерство за надворешни работи, разговорите биле насочени кон решавање на кризата во Персискиот Залив, регионалната безбедност и зајакнувањето на стратегиското партнерство меѓу двете земји. По средбата, Арагчи соопшти дека...

Лоши вести: Цената на нафтата драстично скокна — отвора на Press24

Цените на нафтата забележаа раст во вторник, при што суровата нафта Брент се задржа близу петмесечен максимум, како резултат на зголемените геополитички ризици по извештаите за напади врз саудиска инфраструктура и трговски бродови во Персискиот Залив. Фјучерсите за суровата нафта Брент се зголемија за 52 центи, односно за 0,47 проценти, достигнувајќи цена од 110,07 долари ...

Макрон во посета на земјите од Персиски Залив за да обезбеди резерви на гориво — отвора на Либертас

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна турнеја по земјите од Персиски Залив за да обезбеди резерви на гориво и да ги намали цените на бензинските пумпи. Макрон прво ќе го посети Кувајт, каде е предвидена средба со емирот Машал ал Ахмад ал Сабах. Од Кувајт, Макрон ќе отпатува за Обединети Арапски Емирати, Бахреин и ...

обраќање на Макрон: Ништо не го оправдува насилството на протестите, поради цените на горивата патувам на Блискиот Исток — отвора на 360 степени

„Мора да бидеме јасни – нашите полицајци и службеници вчера, и покрај сиот свој професионализам, во повеќе...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Воена интервенција на повидок. Египет подготвен да ја брани Саудиска Арабија, Ел-Сиси испрати силна порака — отвора на Национално

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси порача дека неговата земја е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на Саудиска Арабија, доколку властите во Ријад побараат поддршка. Изјавата доаѓа во услови на засилени напади на јеменските бунтовници Хути врз саудиска територија и во пресрет на вонредната седница на египетскиот парламент, закажана за утре. Како ...

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија — отвора на Бриф

Два танкера се погодени од проектили во Персискиот Залив во близина на брегот на Саудиска Арабија, соопшти Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Првиот танкер бил погоден вчера од проектил од непознат тип, на 68 наутички милји североисточно од саудискиот град Џубаил. Сите членови на екипажот се безбедни и се евакуирани, прецизираше ...

📽️ Нова ескалација на Блискиот Исток. Експлозија во Ормуз, проектили во Заливот, ракети врз аеродром — отвора на Плусинфо

Два танкера се погодени во близина на Саудиска Арабија, додека Иран тврди дека трет експлодирал по удар во морска мина. Ракети паднале и во комплексот на аеродромот во Аден, а саудиската војска пресретнала проектил насочен кон важен нафтен центар. Цената на нафтата достигна 110 долари за барел.

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?! Распоредување за одбрана или сигнал за инвазија? — отвора на Инфомакс

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи, според описите што ги придружуваат, прикажуваат транспорт на опрема на иранската армија кон Абадан, во провинцијата Хузестан, во близина на Ирак и на северниот дел од Персискиот Залив. Движењето предизвика различни толкувања. Дел од шпекулациите се дека е можно оваа воена техника да биде искористена за инвазија на ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија средбата во Саудиска Арабија — отвора на Инфомакс

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата на врвот со земјите од Персискиот Залив, која требаше да се одржи на 24 октомври во Саудиска Арабија, пренесува агенцијата Ројтерс. Брисел не наведе конкретна официјална причина за одлуката, туку само соопшти дека новиот датум за дипломатскиот форум ќе биде објавен во соодветно време. И покрај отсуството на ...

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив — отвора на А1он

Централната команда на САД (CENTCOM) денес соопшти дека минатата недела американските сили уништиле пловило поврзано со Иран во Оманскиот Залив, откако утврдиле дека тоа ги следело американските воени бродови и помагало при одредувањето на цели. Во соопштението објавено на платформата X се наведува дека екипажот претходно бил безбедно евакуиран. Според...