Ива Михајлова

40 настани во последните 30 дена, од 42 медиуми

Нема да бидеме дел од бугарската естрада, порача министерот Муцунски — отвора на Вечер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати остра и бескомпромисна порака до официјална Софија во врска со третманот на бегалците од македонското правосудство и бегството на контроверзната Ивa Михајлова во соседна Бугарија, потенцирајќи дека државите членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото....

На Ива Михајлова ќе ѝ се суди во отсуство – следното рочиште на 9 ноември — отвора на 4NEWS

Клековски: ДСЗИ констатира прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михаилова, побаран стручен надзор и за медицинскиот дел — отвора на Независен весник

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михаилова со вклучување на здравствени установи каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнтелно ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката, истакна денеска министерот ...

Констатирани се прекршоци во случајот со докторот Барбов и Ива Михаилова — отвора на Скопје1

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за случајот со докторот Иван Барбов и пациентката Ива Михаилова е дополнет по барање на министерот за здравство Сашо Клековски, кој побарал да се опфатат сите здравствени установи во кои била лекувана пациентката, кажа министерот за здраство на денешната прес-конференција.Клековски појасни дека првичниот надзор бил спроведен по...

„Случајот со Ива Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата“, рече Клековски по посетата на Софија — отвора на Скопје1

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека со бугарската министерка за здравство постигнале премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е здравствено, туку правно прашање.„Во основа, постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива Михаилова не е здравствено прашање, туку прашање од областа на правдата, бидејќи лицето е бегалец од правдата и се бара со меѓународна...

Стефаноски: Бугарија контиунирано врши хибридни операции кон Македонија (ВИДЕО) — отвора на Курир

Бугарија контиунирано врши хибридни операции кон Македонија, а во овој случај е направена саботажа со екстракцијата на Ива Михајлова, цени безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски, кој во „Колегиум“ на Алфа објасни дека таа е профилирана затоа што е компромитирана лично, идентично како и нејзиниот родител Симеон Михаилов. „Ива Михаилова е перфектен фоторобот на 'младо и невино девочје' кое треба...

Николоски: Бугарија создава вештачка криза околу случајот Михаилова — отвора на Курир

Случајот со Ива Михајлова се користи за создавање криза во односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на изборите во Бугарија, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека истрагата што се води треба да утврди дали имало пропусти на македонските институции при нејзиното напуштање на земјата. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, Николоски најави...

МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи — отвора на Press24

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи, информираат од ресорното министерство. На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со...

Дванаесет и пет: Другарот Филипче секој ден измислува лаги и ја бетонира СДСМ како 5-та партија во Скопје и 4-та во Куманово и Брвеница — отвора на Денешен

Во врска со изборниот резултат на раководството на СДСМ во Општина Брвеница, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следното: После скандалите со Ива Михајлова и Артан Груби, кои се случија за време на предизборната кампања, раководството на СДСМ имаше реална можност да направи пресврт. Но, наместо на терен вистински да се бори против власта Венко Филипче секојдневно...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Бугарскиот амбасадор отвори сомнежи за бегството на Ива Михаилова: „Не можам да тврдам, но би бил изненаден“ — отвора на Скопје1

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, изјави дека би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова од Македонија, иако нагласи дека нема информации врз основа на кои би можел да тврди дека нејзиното напуштање на државата било однапред договорено.Во интервју за бугарската телевизија bTV, Радуков отвори сомнежи околу начинот на кој...

СДСМ со Филипче се бетонираше како петта партија во Скопје. Во Брвеница и во Куманово се на четврто место! — отвора на Плусинфо

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ бараат Венко Филипче да го напушти раководството на СДСМ по изборниот резултат во Брвеница. Тие тврдат дека партијата продолжува да губи поддршка, а го обвинуваат лидерот дека со својата политика му обезбедува нови победи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стана обесправен Бугарин откако го осудија и пребега“: Адвокатот Јанаки жестоко за Симеон Михаилов, обвинет во случајот „Детонатор“ и татко на Ива Михаилова — отвора на Скопје1

Адвокатот Јанаки Митровски го коментираше случајот со Ива Михаилова, поставувајќи прашања за нејзиниот татко, Симеон Михаилов, и неговото минато, како и за тврдењата за етнички прогон и дискриминација.„Дали Симеон Михаилов, таткото на Ива Михаилова, се жалеше на етнички прогон кога го гонеа за „Детонатор“ пред 12-13 години? Не! Дали тогаш беше благонадежен и обесправен Бугарин? Не! Стана откако...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

Нема да ја предадеме Михаилова на „српските власти“, кажа бугарскиот министер за внатрешни работи — отвора на еМагазин

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев во интервју со бугарскиот новинар Мартин Карбовски, повтори дека Бугарија ниту ја бара, ниту па ќе ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета за учество во сообраќајка во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, а за која Македонија распиша меѓународна потерница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бугарија ни ја ...

Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција — отвора на А1он

Скандалот со пуштањето на Ива Михаиловска го откри договорот под радар, под маса направен во Софија. Муцунски договори, Тошковски ја пушти, Мицкоски одобри, границата е швајцарско сирење, а одговорност нема. Сега Мицкоски се плетка се повеќе во обид да го заташка скандалот. На телевизија Мицкоски рече дека за случајот со...

9 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: Скопје1Бриф+4

Шефот на бугарската гранична полиција: Нема запис дека Ива Михајлова ја преминала границата, имам претстава како стигнала во Бугарија — отвора на 4NEWS

Бугарската гранична полиција официјално ги известила македонските власти дека во нивниот систем нема евидентирано преминување на Ива Михајлова преку ниту еден од...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Случајот „Ива Михајлова“ ги заострува односите меѓу Скопје и Софија: Бугарија не ја екстрадира, Мицкоски најави реакција пред НАТО и ЕУ — отвора на Република

Случајот на Ива Михајлова, обвинета во постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, прерасна во дипломатски спор меѓу Македонија и Бугарија. Михајлова се наоѓа во Бугарија, а бугарските власти соопштија дека не можат да ја екстрадираат поради законски и уставни ограничувања за предавање сопствени државјани. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека случајот ќе го отвори пред ...

„Немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе на ТВ“: Професор по медициснки основи на инвалидност за Ива Михаилова — отвора на Скопје1

Владимир Трајковски, професор на Филозофскиот факултет кој предава предмет поврзан со медицинските основи на инвалидноста, реагираше на телевизиското појавување на Ива Михајлова, оценувајќи дека не забележува знаци на спастична параплегија.Во објава на социјалните мрежи, Трајковски посочи дека во текот на својата професионална кариера не сретнал пациент со оваа дијагноза кој изгледа како...

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО — отвора на Курир

Македонија има свои алатки и механизми за дејствување на меѓународната сцена, а целта е Ива Михаилова и нејзиниот татко, кој е првостепено осуден, да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со Ива Михаилова и ставот на бугарските власти дека нема да ја екстрадираат. - Со одговорот на бугарските власти, најпрвин паднаa во вода...

Власта негира договор за бегството на Михајлова, опозицијата бара оставка од Тошковски — отвора на 4NEWS

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека „паднаа во вода“ тврдењата оти бегството на Ива Михајлова било договорено со власта. Тој најави дека по...

Николоски: На времето беше Спаска Митрова, сега е Ива Михајлова, Бугарија си го руши имиџот како земја на ЕУ — отвора на Инфомакс

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски заминувањето на Ива Михајлова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, и оцени дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс. Тој во ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Адвокатот Митровски: Ива Михајлова ќе ја користат за пет минути слава, па ќе ја заборават — отвора на Скопје Инфо

Адвокатот Јанаки Митровски реагира за случајот со Ива Михајлова, оценувајќи дека наместо да ѝ помогне, актуелната ситуација може да ѝ создаде дополнителни проблеми, особено во однос на нејзиното движење низ Европа.

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова е политичка – да и се нанесе штета на Владата на ВМРО-ДПМНЕ — отвора на Фокус

„Направи беља во Македонија, па бегај во Бугарија“: Остри реакции за Михајлова и во Бугарија — отвора на Булевар

Заминувањето на Ива Михајлова во Бугарија предизвика критички реакции и кај дел од бугарските корисници на социјалните мрежи. Во објавите што ги пренесува „Фактор“ се бара објаснување како ја преминала границата и се оспорува претставувањето на случајот како „спасувачка операција“. Во статус објавен под името Дари се поставува прашањето дали Михајлова законски ја напуштила Македонија ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова — отвора на Нова Македонија

Нема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михајлова, уверува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ги отфрла тврдењата на опозицијата дека има политички договор со Бугарија, пренесе МИА. Според Николоски, опозицијата има координација со Бугарија и работи со одредени структури од оваа соседна држава. – Тие мислат дека можат да си ...

Бугарските политичари прават кловн од Михајлов, но кога-тогаш ќе одговараат со ќерка му Ива, порача Мицкоски — отвора на Република

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти наместо да ја вратат прават естрадна ѕвезда од неа, порачувајќи дека „кога-тогаш таа и нејзиниот татко ќе одговараат пред македонските власти“. Апсолутно е ...

Мицкоски: Прашањето со Ива ќе биде покренато и во НАТО алијансата, ние сме партнери, не може да бидат прибежиште за осудени криминалци — отвора на Инфомакс

Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 побара од Бугарија да ги испорача Ива и нејзиниот татко, посочувајќи дека против нив има меѓународна потерница и дека треба да бидат изведени пред правдата. Мицкоски рече дека не верува оти бугарските власти ќе постапат по евентуално барање за екстрадиција, оценувајќи дека образложението оти бугарски државјанин ...

„Кога тогаш, ќе одговараат! Ве гледам во очи и ви кажувам“, рече Мицкоски за Ива Михаилова и татко ѝ, па ја повика Бугарија да ги врати — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите дека таа и нејзиниот адвокат ја преминале границата преку официјален граничен премин. Тој најави дека Министерството за внатрешни работи истражува како Михаилова ја напуштила Македонија и порача дека и таа и нејзиниот татко ќе се соочат со македонските...

„Македонците порано или подоцна ќе бидат асимилирани“: Трифонов со жестоки пораки до Македонците по случајот со Ива Михаилова — отвора на Скопје1

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, упати остри и провокативни пораки до Македонците, коментирајќи ја информацијата за меѓународна потерница по Ива Михајлова. Во објава на социјалните мрежи, тој ја критикува Северна Македонија, а потоа изнесе тврдења за македонскиот идентитет и порача дека Македонците, според него, порано или подоцна ќе бидат асимилирани.„Северна...

Опозицијата и Софија на иста линија за Ива - Мицкоски со остри обвинувања — отвора на Вечер

Премиерот Христијан Мицкоски упати жестока порака до домашната опозиција и властите во Софија, истакнувајќи дека нивниот синхронизиран напад и идентични ставови за случајот со Ива Михајлова јасно откриваат дека зад целата операција стои координирана политичка харка....

Се стега обрачот околу бегството на Ива, Мицкоски со детали за случајот — отвора на Вечер

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги демантираше тврдењата на бугарските медиуми за наводно „регуларното“ преминување на границата на бегалката Ива Михајлова и нејзиниот адвокат, потврдувајќи дека таа била илегално префрлена во соседна Бугарија....

Потерницата за Михаилова стигнала во бугарското МВР — отвора на Независен весник

Бугарското Министерство за внатрешни работи доби известување од Интерпол-Скопје со барање за меѓународна потрага, апсење и екстрадиција на Ива Михаилова – државјанка и на Бугарија и на Република Северна Македонија. Документот пристигнал на 13 октомври во 19,38 часот во Дирекцијата за меѓународна оперативна соработка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во известувањето се наведува дека...

„Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ — отвора на Скопје1

СДСМ преку соопштение обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски го штити министерот за внатрешни работи Панче Тошковски наместо да побара одговорност за случајот со Ива Михаилова, за која партијата тврди дека ја напуштила државата и покрај тоа што ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош.Од СДСМ прашуваат како Михаилова успеала да ја напушти Македонија и зошто досега нема одговори за...

Цела Бугарија за Ива, кој ќе бара правда за Бесим? - реагира сограѓaнин на загинатиот Дурмиши — отвора на Скопје Инфо

Сограѓанин на загинатиот Бесим Дурмиши, Умер Муадеми, јавно реагира за случајот со Ива Михајлова, прашувајќи зошто сè уште нема судска пресуда и како било можно таа да ја напушти државата додека била под мерки на претпазливост.

Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на МТВ побара Бугарија да ја екстрадира Михаилова, посочувајќи дека тоа е најмалку што треба да го направи и побара одговорност дома од сите надлежните за скандалот.„Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Но, се враќам на...

7 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: Press24Фокус+2

Бугарија не ја бара Ива Михаилова и нема да ја екстрадира во Македонија — отвора на 360 степени

Министерството за внатрешни работи на Бугарија се повикува на уставните одредби што го регулираат екстрадирањето бугарски државјани...

11 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: МИАФокус+7

Откриено што се крие зад бегството на Ива Михајлова — отвора на МКДенес

Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. ...

Клековски мисли дека Ива Михаилова можеби избегала во Бугарија за да не се открие вистината за нејзината здравствена состојба — отвора на Скопје1

Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија е поврзано со најавеното доаѓање на бугарски медицински конзилиум во Македонија, кој требало заедно со македонските лекари да ги провери нејзините наводи за здравствената состојба.„Мислам дека бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери...

Здравствени инспектори го проверуваат протоколот на лекувањето на Михајлова на Клиниката за неврологија — отвора на Телма

Ива Михајлова, избегала за да го избегне конзилиумот на бугарски лекари, кои требаше да дојдат во земјава и заедно со своите македонски колеги да ги проверат нејзините наводи за нарушено здавје. Ова го тврди министреот Клековски, кој наредната недела , планира средба во бугарското министерство за здравство, за време на ...

Уставот на Бугарија максимално ја штити Ива Михаилова како бугарски државјанин доколку Македонија побара нејзина екстрадиција — отвора на Канал 77

Случајот со Ива Михајлова отвора сериозни правни и дипломатски прашања откако надлежните органи во Македонија изрекоа 30-дневен притвор и издадоа меѓународна потерница.

Бугарското МНР за Михајлова: Наш граѓанин не може да биде екстрадиран без ратификуван договор — отвора на Локално

„Бугарија е известена од властите во Република Северна Македонија дека трага по Ива Михајлова и бара...