Кино

18 настани во последните 30 дена, од 23 медиуми

Може ли среќата да се пренесе од човек на човек? — отвора на Проверено

Вечерва 23 ноември понеделник,во 19 часот, во Кино салата на Cineplexx, на големото платно, ќе биде проектиран долгометражниот македонски филм „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски. Во филмот улогите ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска и Сара Анастасовска, а приказната се врти околу потрагата по среќата и нејзината моќ да ги поврзе луѓето. ...

„Сладоста на горчливите нешта“ ја имаше својата светска премиера на PÖFF во Талин — отвора на Независен весник

Дебитантскиот долгометражен игран филм „Сладоста на горчливите нешта“, по сценарио и во режија на Андреј Волкашин, ја имаше својата светска премиера на 17 ноември во Apollo Kino Plaza во Талин, во рамките на натпреварувачката програма First Feature Competition на 30. Tallinn Black Nights Film Festival (PÖFF). На премиерата присуствуваа режисерот Андреј Волкашин, продуцентката Елена Станишева ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Тера

Прашања

„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума на 19 ноември го отвора новото отвора „кино ОК“ во Кавадарци — отвора на Сакам да кажам

На 19 ноември во 20 часот свечено се отвора „Кино ОК” во Кавадарци со проекцијата на „Скејтањето не е за ...

Песната ја вратила од годините на молк по смртта на синот – Кратово со концерт ќе се сеќава на Вања Лазарова — отвора на Еспресо

Гласот на Вања Лазарова, една од најголемите интерпретаторки на македонската изворна песна, повторно ќе одекне во нејзиниот роден крај. На 19 ноември, во Кратово, ќе се одржи концерт посветен на музичкиот аманет на легендарната пејачка, а специјална гостинка ќе биде Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“, која со голема љубов и почит...

Светска премиера на „Сладоста на горчливите нешта“, дебито на Андреј Волкашин, на фестивалот во Талин од а-категорија — отвора на Сакам да кажам

Светската премиера на филмот „Сладоста на горчливите нешта“, дебитански игран филм на режисерот Андреј Волкашин е денеска во 18:30 часот ...

Седум култни македонски филмови во Битола „Пред дождот“, „Тетовирање“ и уште пет филмски класици — отвора на Национално

Седум вечери посветени на македонската кинематографија ги очекуваат љубителите на филмот во Битола. Културно-информативниот центар – Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира филмска недела во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак, од 19 до 25 ноември. На програмата се седум култни македонски филмски остварувања кои оставиле значаен белег во домашната кинематографија, со…

Документарниот филм „Руини“ од Елена Чемерска во Кино Манаки-Битола — отвора на Проверено

Во рамки на Петтата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на 20.11. 2026 година (петок), во 19ч, во Кино Манаки во Битола, ќе се одржи специјална проекција на документарниот филм „Руини“ на режисерката Елена Чемерска, по која ќе следува дискусија во организација на Дебатно ...

Кино премиера на политичкиот трилер на Срѓан Јанаќиевиќ — отвора на Проверено

Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ од 2026та година, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а работен по сценарио на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, својата скопска кино премиера ќе ја има утре вечер (12 ноември) во „Синеплекс“ по што, потоа ќе биде ставен и на редовен репертоар. Ова последно остварување ...

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја”, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце” — отвора на Проверено

„Моето заробено срце” (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на 11 ноември во Apollo Kino Plaza, сала 9, во Талин. По проекцијата следува разговор на публиката со режисерот Џан Харба, продуцентот Зоран Ковачевиќ и директорот на фотографија Самир Љума. Филмот се прикажува во натпреварувачката програма ...

Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ — отвора на еМагазин

Од Кан до кино Фросина: Со награди и „Електричен бакнеж“ вечерва се затвора СФФ2026 — отвора на ТРН

Дваесет и шестото издание на Скопје филм фестивал завршува денеска, 9 ноември, со свечено прогласување на победниците во Кино „Фросина“ од 19:00 часот. Веднаш по доделувањето на фестивалските признанија, публиката ќе ја гледа премиерата на „Електричен бакнеж“ на францускиот режисер Пјер Салвадори, наслов што годинава го отвори Канскиот фестивал. Затворањето го заокружува четиридневниот програмски…

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки — отвора на ТРН

Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts“ краткометражни филмови. Во 17:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се прикаже француската драма „Отфрлен“ (Forsaken) во режија на Винсент Гаренк, инспирирана од вистинскиот трагичен настан со наставникот Самјуел Пати и опасностите од онлајн линч-кампањите. Потоа, во 19:00 часот следи унгарскиот психолошки трилер „Чувство ...

Македонскиот кандидат за Оскар „17“ вечерва ја има скопската премиера — отвора на Скопје Инфо

Филмот „17“, македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм, вечерва ќе ја има својата скопска премиера во рамките на 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Проекцијата е закажана за 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).

Театар „Златен Елец“ со три претстави во Скопје и низ Македонија — отвора на ТРН

Програмата започнува во петок, на 6 ноември во 20 часот, со изведбата на „Теорема, леме“ од Пјер Паоло Пазолини, во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ. Претставата е дел од биеналето за сценски дизајн под мотото „Животот е таму каде што се здружуваме“ и претставува дводневна театарска акција. Ова е прва изведба на претставата по ...

Премиера на документарниот филм „Битола, мој роден крај“ посветен на Ајри Демировски — отвора на Нова Македонија

Утревечер, од 19.00 часот во Кино Манаки во Битола, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Битола, мој роден крај“ од авторите Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ, посветен на македонскиот композитор со турска националност Ајри Демировски. Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски – Мајорот, подоцна прогласен ...

По тригодишна пауза се враќа Скопскиот филмски фестивал, отворањето е на 4 ноември — отвора на Скопје Инфо

По тригодишна пауза, од 4 до 9 ноември во Скопје ќе се одржи 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, со избор на европски и светски филмови, гости од странство и средби со филмски автори. Последното издание на фестивалот се одржа во 2022 година.

Горан Војновиќ и Александар Поповски во Словенија го снимија филмот „Југославија, мојата татковина“ — отвора на Сакам да кажам

Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Југославија, мојата татковина“ (Jugoslavija, moja dezela), по сценарио и во режија на Горан Војновиќ ...

Отворен ЕХО: 49 филмски проекции во пет фестивалски дена — отвора на ТРН

Седумнаесеттото издание на ЕХО, Фестивалот на планински филм, е отворено во преполната сала на Кино Фросина. Во следните пет дена публиката ќе може да проследи 49 проекции од меѓународната филмска селекција. На отворањето се обратија директорите на фестивалот Игор Талевски и Александар Зарапчиев, како и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски. Гостите проследија и ...