Макрон

40 настани во последните 30 дена, од 36 медиуми

Франција ќе ангажира 70.000 полицајци за закажаните протести следниот викенд — отвора на Нова Македонија

Франција и за време на протестите планирани за претстојниот викенд повторно ќе распореди голем број полициски службеници, со цел да спречи повторување на немирите што се случија на маргините на претходните демонстрации – изјави денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез за радиодифузерот РТЛ. Тој најави безбедносна операција слична на онаа спроведена минатиот викенд, кога ...

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција — отвора на Скопје1

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека властите биле изненадени од масовноста на протестите и немирите на 17 октомври, поради што полициските сили не биле доволно подготвени да одговорат на ситуацијата.„Воопшто не го очекувавме тоа. Седумнаесетти октомври не беше предвиден. Властите беа изненадени од толкавиот број припадници на ултралевицата кои се мобилизираа уште во раните утрински...

5 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: СителMakPress+1

Вучиќ: Зборував со Макрон, Мелони и Кошта, со Орбан наскоро ќе се видам во Белград — отвора на Скопје1

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, даде изјава за телевизијата Информер по парламентарните избори во Србија, во која зборуваше за актуелната политичка ситуација, идната влада и односите со европските лидери.Вучиќ изјавил дека во изминатите два дена разговарал со повеќе европски лидери, меѓу кои Виктор Орбан, Емануел Макрон, Џорџа Мелони и Антонио Кошта.„Разговарав денеска и…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за нови протести, Макрон бара строги мерки против насилството — отвора на Инфомакс

Франција се подготвува за нови протести со засилени безбедносни мерки, откако минатата недела демонстрациите беа проследени со сериозни немири, грабежи и уништување имот. Француските власти најавија дека во сабота ќе распоредат околу 70.000 полицајци и жандарми низ земјата за да го одржат јавниот ред за време на протестите, објави АФП. Протестите започнаа како демонстрации на ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

Макрон не очекувал толку масовни протести низ Франција. Ќе има повеќе полиција на следните демонстрации во сабота — отвора на Плусинфо

Францускиот претседател, Емануел Макрон оцени дека следната сабота ќе биде ризична и најави дека маршрутите на демонстрациите ќе бидат надвор од градските центри.

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири — отвора на А1он

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека неговата влада ќе претстави пакет мерки како одговор на повеќенеделните улични протести, предизвикани од најразлични причини за незадоволство, притоа признавајќи дека постои ризик од понатамошни немири. Министерот за одбрана, Себастиен Лекорни одржa прес-конференција по средбата со претставници на синдикатите во средното образование, кои...

Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки по масовните протести во Франција — отвора на Инфомакс

Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки како одговор на протестите поради високите животни трошоци, јавните услуги и проблемите во образованието. Премиерот Себастиен Лекорну треба да разговара со ученички синдикати кои бараат повеќе средства за образованието и промени во универзитетските уписи. Според министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, за саботните демонстрации биле...

Макрон најави конкретни мерки по масовните студентски протести во Франција: Уапсени над 1.400 лица, стотици повредени — отвора на Нова Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека Владата ќе преземе „конкретни и решителни мерки“ за исполнување на барањата на средношколците, чии протести за подобри услови во образованието прераснаа во повеќенеделни немири низ Франција, пренесува „Франс 24“. Макрон изјави дека премиерот Себастијан Лекорни ќе ги претстави новите мерки по средбата со претставниците на средношколските...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

Макрон ги ограничи протестите, синдикатите бараат политички одговор — отвора на ТРН

Францускиот претседател Емануел Макрон на 22 октомври најави ограничување на протестите во Франција, со дозволување синдикални маршеви по маршрути усогласени со полицијата. Мерките беа најавени пред демонстрациите во саботата, 24 октомври, по насилствата од претходниот викенд. Макрон рече дека собирите што не ги организираат синдикати ќе бидат забранувани „секаде каде што можеме“. Најавата ја...

Макрон: Владата ќе соопшти „решителни мерки“ за смирување на протестите во Франција — отвора на Курир

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека премиерот Себастијан Лекорну ќе соопшти „решителни мерки“ за смирување на протестите во земјата. Макрон истакна дека сè уште може да постои ризик од понатамошни немири претстојниот викенд, нагласувајќи дека протестните рути ќе останат надвор од градските центри. Претходно и францускиот министер за внатрешни работи Лоран Њунез наведе...

Републиката се брани од сопствениот народ, а Европа од сопствените принципи — отвора на Нова Македонија

Франција под Макрон Франција, една од носечките сили на Европската Унија, се соочува со длабока политичка и институционална криза, во која ерозијата на довербата, социјалното незадоволство и кризата на политичкото претставување ја доведуваат во прашање самата суштина на републиканскиот модел под водството, толкувањето и обликувањето на Републиката од страна на Макрон. Емануел Макрон вети...

Макрон најави средба на премиерот Лекорни со претставници на средношколските организации — отвора на Бриф

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска ќе се сретне со претставници на средношколските организации, а на средбата ќе учествуваат и неколку министри, најави францускиот претседател Емануел Макрон. „Во петокот се сретнав со претставници на средношколските организации и ги слушнав оправданите очекувања на младите. Премиерот и министрите од утре ќе го продолжат дијалогот и ќе понудат многу ...

Осомничениот за расистичкиот напад крај Париз бил дрогиран — отвора на Нетпрес

Осомничениот за смртоносниот напад со огнено оружје во предградие на француската престолнина, кој е опишана како „расистички терористички напад“, бил под дејство на дрога во времето на нападот и наводно им кажал на истражителите дека се лекува од шизофренија. Едно лице е убиено, а пет други се повредени, некои сериозно, вклучувајќи и 12-годишно девојче, откако ...

Немирите во Франција донесоа уште поголем пад на рејтингот на Макрон — отвора на Фактор

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со длабока криза на јавната доверба, додека незадоволството од неговите политики расте и во редовите на владејачката партија Ренесанса. Според резултатите од анкетата на агенцијата CSA, објавени од францускиот неделник „Journal du Dimanche“, само 17 проценти од Французите го поддржуваат претседателот, додека 83 проценти се незадоволни од неговата...

Француските синдикати повикуваат на нови протести и генерален штрајк следната недела — отвора на Либертас

Протестни групи и синдикатите во Франција денеска повикаа на нови демонстрации, обидувајќи се да го одржат притисокот врз владата . Министерството за внатрешни работи соопшти дека 410.000 луѓе учествувале во вчерашните маршеви низ целата земја, додека властите распоредиле 70.000 полицајци за да спречат грабежи и вандализам. Синдикалните лидери повикаа на понатамошни протести следната сабота, како...

Зошто протестираат денес во Европа, а зошто протестираа „шарените“ кај нас — отвора на Курир

Најсмешно од сео тоа е што, политичарите, за се полошиот живот ја обвинуват војната во Укриана, небаре таа ја зголеми цената на железото, на бакарот (до астрономски висини), на градежните материјали, на пченицата, на месото, а нафтата - рака на срце, проблемот со нафтата може да се реши буквално за неколку часа. Како и да е, во Европа се протестира, па Мелони мора да праќа војници, Макрон апси и...

„Шест месеци пред претседателските избори во Франција, Макрон ја доведе земјата на раб на колапс“ — отвора на МКД.мк

Макрон, кој им се обрати на новинарите по протестите одржани на 17 октомври, кога избувнаа немирите, а пред денешните собири, изгледаше вкочанет, статичен и неповрзан. Во понеделникот тој отпатува во Персискиот Залив откако присуствуваше на скап концерт на канадската пејачка Селин Дион, заедно со неговата сопруга Брижит и сопственикот на луксузната компанија ЛВМХ Бернар Арно. ...

Со силно полициско обезбедување почнаа протестите низ Франција — отвора на Нетпрес

Демонстрантите излегоа на улиците на Франција во саботата под надзор на 70.000 полицајци, но на почетокот немирите се значително поблаги отколку една седмица претходно, и покрај изолираните судири во неколку градови. Десетици илјади луѓе мирно се движеа низ француската престолнина, според полициските податоци, критикувајќи ги високите трошоци за живот и обвинувајќи го претседателот Емануел Макрон...

Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други музеи затвораат пред новите протести — отвора на Инфомакс

Француските власти најавија распоредување на околу 70.000 полицајци и жандарми низ земјата во сабота, во обид да спречат повторување на насилствата што ги придружуваа протестите претходниот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека на социјалните мрежи се шират повици за насилство и ограбување. Претседателот Емануел Макрон одржал состанок на Советот за одбрана, а ...

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки — отвора на Либертас

Француските средношколци кои денеска беа примени од претседателот Емануел Макрон, повикаа на „продолжување на мобилизацијата“ и протестите сè додека не се објават конкретни мерки. Првите владини мерки за образованието се очекува да бидат презентирани во понеделник на средба со премиерот Себастијан Лекорну. Претставниците изразија општо „задоволство“ од подготвеноста на шефот на државата да ги...

Макрон го нарече „терористички и расистички“ чин денешното пукање во предградие во Париз во кое едно лице е убиено, а пет се повредени — отвора на Телма

Едно лице е убиено, а пет се повредени, меѓу кои и 12-годишно девојче, во пукањето што се случи денеска во Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша инцидентот како „терористички и расистички“ чин. „Она што се случи денеска, ви велам, е пресвртен момент, бидејќи првпат имаме терористички напад кој бил...

Напаѓачот кај Париз пукал и кон детско игралиште, Макрон го нарече нападот расистички тероризам — отвора на Макфакс

Во пукањето во Трап и Ла Вериер убиен е еден маж, а пет лица се повредени. Осомничениот пукал од автомобил на три локации, а полицијата го уапсила во блискиот Коањер. Француското Национално антитерористичко обвинителство води истрага поради можен терористички и расистички мотив. Меѓу повредените има и 12-годишно девојче Пукањето се случило утрово. Според министерот за ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Кога фарсата се повторува како историја, гротеската е неизбежна — отвора на Нова Македонија

Григори Перелман, Теренс Тао и Ендрју Вајлс заедно не можат да ја решат француската теорема – зошто низ Франција навистина се протестира (?) – лоши услови во образованието, гнев на генерацијата зед што се роди откако крена нос од мобилни телефони и откри дека Земјата се врти околу Сонцето, а не светот околу неа, нагли ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

Макрон: Трамп ги искористува немирите во Франција за политички поени — отвора на Пулс24

Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини странските лидери, вклучително и оние од Соединетите Американски Држави, дека се обидуваат да ги искористат социјалните тензии и немирите во земјата за политичка корист. ...

Франција ги забрани протестите во Марсеј и Лион, во Париз продолжен полицискиот час — отвора на Мета.мк

Во другите делови од земјата каде што протестите не се целосно забранети, во сабота ќе бидат дозволени само овластени синдикални демонстрации, изјави претседателот Емануел Макрон

Франција пред нов бран протести: Полициски час, забрани за собири и затворен Лувр — отвора на Скопје1

Франција се подготвува за нов викенд на масовни протести, а властите предводени од претседателот Емануел Макрон воведуваат строги безбедносни мерки, вклучително и полициски час, забрани за демонстрации и засилено полициско присуство. Целта, според властите, е да се спречат грабежите и уништувањето имот што ги придружуваа претежно мирните протести минатата недела.Мерките предизвикаа остри реакции...

Во најава на нови протести, средношколците ќе се сретнат со Макрон — отвора на Телма

Средношколците и претставниците на средношколските организации ќе имаат средба со францускиот пртседател Емануел Макрон во Елисејската палата за да ги кажат своите барања загрижености по демонстрациите обележани со насилство, објави француското претседателство. Ќе бидат присутни членови на главните студентски здруженија кои ја претставуваат различноста на нивните ставови и Академските совети...

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите — отвора на А1он

Бранот насилни протести, грабежи и уништување имот што ја зафати Франција предизвика остри реакции кај граѓаните на Париз, од кои некои за влошената безбедносна состојба ги обвинуваат претседателот Емануел Макрон и политичката нестабилност во земјата. Граѓаните што разговараа со агенцијата „Ruptly“ сметаат дека на француската влада ѝ недостасува сила за...

Макрон: Ќе ги забраниме нелегитимните протести низ Франција — отвора на Макфакс

Францускиот претседател Емануел Макрон најави забрана на протестите што властите ги сметаат за нелегитимни, по минатонеделните немири, насилство и грабежи низ Франција. На организаторите на мирни собири ќе им бидат понудени алтернативни маршрути за да се заштитат продавниците и деловните објекти. Макрон ја најави мерката по разговорите со разузнавачките служби и владините претставници за...

12 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: ТРНЛидер+6

Макрон обвини за бунтовнички дејствија за уривање на републиката. Бара најстоги казни за крајнолевичарските предводници — отвора на Плусинфо

Бевме сведоци и на политички и на бунтовнички дејствија, предводени од организирани крајнолевичарски групи кои се стремат да ја урнат републиката, рече францускиот претседател Емануел Макрон по состанокот со претставници на безбедносните служби.

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ЖурналMakPress

Макрон бесен на странските лидери. Вашите коментари се глупави и неприфатливи — отвора на Национално

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше коментарите на одредени странски лидери за актуелните протести во Франција, оценувајќи ги како „неприфатливи и глупави“. За време на својата дводневна официјална посета на Катар, Макрон изјави дека засега нема докази за директно странско мешање во протестите, но предупреди на манипулации со информации што придонесуваат за ширење...

Макрон ги обвини странските лидери за политичка злоупотреба на немирите во Франција — отвора на Мета.мк

Тој ги отфрли тврдењата дека Франција била „нападната“ од мигранти и исламисти. „Имавме луѓе кои тврдеа дека сме биле нападнати од орди мигранти и исламисти, што е целосно невистинито“, рече францускиот претседател

Војската и елитните единици излегуваат на улиците. Макрон ја крева Франција на готовс пред новите протести — отвора на Плусинфо

По насилните инциденти од 17 октомври, француските власти најавуваат масовно безбедносно распоредување за сабота, 24 октомври. Војниците од операцијата „Сентинел“ ќе обезбедуваат објекти, а специјалните единици GIGN, RAID и BRI ќе бидат подготвени за високоризични интервенции.

Макрон во посета на Саудиска Арабија — отвора на Курир

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна синоќа во Ријад во ненајавена посета и тоа е првиот европски лидер што ја посетил Саудиска Арабија откако хутите ги интензивираа нападите врз таа држава овој месец. Макрон се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија и де факто лидер Мохамед бин Салман, со кого разговараше за регионалните и меѓународните случувања, како и за координирање на...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Нетпрес

Макрон ветува дека нема да има нови немири, „Жолтите елеци“ се мобилизираат — отвора на Нетпрес

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе спречи повторување на безредијата и грабежите што се случија минатиот викенд, а движењето „Жолти елеци“ најавува голем протестен марш во Париз в сабота, што ќе претставува нов голем предизвик за владата. Макрон изјави во средата дека секој што ќе се обиде да предизвика нереди на претстојните протести ќе ...

Макрон: Ќе бидат искористени сите расположливи средства за да се спречат инциденти на протестите в сабота — отвора на МИА

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска од Доха испрати предупредување до демонстрантите кои ќе протестираат в сабота. - Тие кои с...

Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега — отвора на Press24

Француските власти најавија максимално засилени безбедносни мерки во пресрет на новите протести на „Жолтите елеци“, кои се закажани за сабота, 24 октомври. Во меѓувреме, францускиот министер за правда, Жерал Дарманен, информираше дека од почетокот на немирите досега се приведени вкупно 2.500 лица. Претседателовите предупредувања се остри – францускиот претседател Емануел Макрон порача дека...

Франција обезбеди 200.000 тони дизел месечно од Емиратите и Бахреин — отвора на Бизнис Инфо

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, склучи договор за испораки од 200.000 тони дизел месечно од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, објави денес Елисејската палата. 100.000 тони дизел месечно ќе бидат испорачани од ОАЕ, а истата количина ќе биде испорачана на францускиот пазар од Бахреин, објави Фигаро. „Саудиска Арабија веќе пушти околу 95.000 тони, но ...

Немирите го засилија притисокот врз Макрон да се повлече — отвора на Рацин

Масовните протести и насилствата во Франција ја продлабочија политичката криза на претседателот Емануел Макрон, кому му остануваат уште шест месеци од мандатот. Поранешни сојузници отворено бараат негово предвремено повлекување, додека Владата се соочува со растечко незадоволство, ограничени финансиски можности и сериозни проблеми во одржувањето на јавниот ред, оценува Ројтерс. Немирите што...

Откако ги обвини мигрантите за протестите, Трамп порача: „Париз многу брзо ќе биде муслимански град“ — отвора на Локално

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека Париз „многу брзо ќе биде муслимански град“, откако...