Неготинец обил возила на негов сограѓанин и украл разни предмети - ќе оди во притвор — отвора на Скопје Инфо
Вчера во 11:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(30) од Неготино. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека од возила во Неготино, сопственост на 36-годишен неготинец, со употреба на сила одзел разни предмети. Дел од одземеното било пронајдено и предадено во Основното јавно обвинителство Кавадарци за понатамошна постапка.