СМС-пораки

17 настани во последните 30 дена, од 33 медиуми

Ви стигна СМС за неплатен паркинг и казна од 20.000 денари? Не отворајте го линкот — отвора на Фактор

ЈП „Паркинзи на Општина Центар" ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата. Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на…

МЗ: Пристигнаа дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип, досега се вакцинирани 28.035 граѓани — отвора на Нова Македонија

Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица, информираа од Министерството за здравство. Од Министерството наведуваат дека се закажани 54.778 термини, од кои…

Се скарале за сообраќаен прекршок, па и се заканувал преку СМС пораки — отвора на Проверено

Кривична пријава за загрозување на сигурноста заработи 40-годишен жител на Кочани. Тој по претходна расправија за сообраќаен прекршок и се заканувал на 44-годишна жителка од Делчево, дури отишол и до нејзиниот стан и и испраќал заканувачки СМС пораки. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(40) од Кочани поради постоење основи на ...

СВР Охрид предупредува на нов бран интернет измами и лажни пораки за „Безбеден град“ — отвора на Скопје1

СВР Охрид предупредува за зголемен број интернет и компјутерски измами, меѓу кои и лажни пораки за наводно сторени сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.Според пријавите, граѓаните добиваат СМС-пораки и други електронски известувања од странски телефонски броеви, со линкови до лажно изработени веб-страници. Преку нив, измамниците ги наведуваат да вложуваат пари во…

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете — отвора на Скопје1

Министерството за внатрешни работи повторно предупредува за зачестени обиди за измама преку лажни пораки со кои граѓаните се известуваат дека треба да платат казна за наводен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.Според МВР, измамничките пораки се испраќаат преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, а содржат линкови до лажни веб-страници на кои од граѓаните се бара…

„Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок — отвора на Булевар

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе започне да регистрира и нови сообраќајни прекршоци, а возачите кои непрописно паркираат или запираат на главните булевари ќе добиваат известувања за казни преку СМС-пораки. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека оваа функционалност ќе започне да се применува до крајот на годинава. Според најавите, фокусот првично ќе биде ставен ...

Ви стигна СМС од банката? Направете ја оваа проверка пред да кликнете — отвора на Булевар

„Вашата сметка ќе биде блокирана ако веднаш не ги ажурирате податоците.“ Вака може да изгледа лажна СМС-порака испратена во име на банка. Линкот во неа води до страница што личи на вистинската банкарска страница, но служи за прибирање лозинки, податоци од картички или кодови за потврда. МВР и банките предупредуваат дека измамниците често создаваат чувство ...

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ — отвора на Скопје1

СДСМ преку соопштение обвинува дека во повеќе државни институции доцни исплатата на платите, а општините се соочуваат со проблеми при реализацијата на плаќањата преку Трезорот. Партијата ја поврзува состојбата со, како што наведува, сериозните проблеми во државната каса.Во партиското соопштение се посочува дека меѓу институциите во кои доцнат платите е и најголемата енергетска компанија ЕСМ.…

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“ — отвора на Независен весник

Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора ...

„Паркинзи Битола“: Целиот приход од СМС-пораките на роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели — отвора на Булевар

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека целиот приход од испратените пораки ќе биде префрлен во приходите од хуманитарните паркинзи. Во соопштението не е наведен износот на собраните средства. ...

АЛТА банка АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери — отвора на Фактор

АЛТА банка АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери. На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од АЛТА банка АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати. „Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу…

Три хороскопски знаци очекуваат добри вести до крајот на ноември — отвора на Пулс24

Понекогаш, една СМС-порака или телефонски повик е доволна за целосно да го промени денот. Три хороскопски знаци би можеле да ги очекува пријатно изненадување до крајот на ноември. Тие имаат ...

Брзата помош интервенираше неколкупати пред „Алта банка“ во Битола откако повторно се отворија шалтерите за клиенти — отвора на Сакам да кажам

Во присуство на полиција, денеска повторно се отворија шалтерите на „Алта банка“ АД Битола. Претпладнево се услужуваа само клиенти без ...

Во „Алта банка“ се услужуваат и клиенти без СМС-порака, исплатата до 20.000 денари — отвора на 4NEWS

На шалтерите на „Алта банка“ АД Битола денеска се услужуваат и граѓани кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле...

Славески најави шалтер во Алта банка за граѓаните без картички, ќе можат да подигнуваат по 20 000 денари — отвора на 360 степени

Вештаците за ДНК-трагите на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов — отвора на Скопје1

Двајцата вештаци кои требаше да ги објаснат ДНК-трагите пронајдени на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, познат како случајот со парите пронајдени во ѕид.Првиот, Атанас Козарев, бил болен, за што одбраната уверува дека ќе донесе лекарско уверение, додека вториот, Антонио Ѓорѓиев, утрово преку СМС-порака го известил…

Опасна СМС-порака може да го блокира вашиот телефон: Нападот не бара ниту да ја отворите — отвора на ТРН

Безбедносниот експерт Марк Блашчик открил сериозна ранливост што ги погодува уредите со „Андроид 12“ и понови верзии на оперативниот систем. Проблемот е поврзан со приемот на специјално приспособена СМС-порака од типот WAP Push, која телефонскиот потсистем на „Андроид“ не може правилно да ја обработи. Она што го прави нападот особено загрижувачки е тоа што не ...