Студентарија

14 настани во последните 30 дена, од 17 медиуми

Студентарија: Најмалку 172 денари дневно треба да изнесува износот за студентски оброк — отвора на Мета.мк

Од „Студентарија“ предупредуваат дека со секој изминат ден без усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, студентите се финансиски оштетени

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: 4NEWS

Прашања

Анкета со речиси 10.000 студенти: Сакаат повеќе пари за оброк, а не посложен систем — отвора на Рацин

Речиси седум од десет анкетирани студенти сметаат дека предложените 4.500 денари месечно за субвенциониран студентски оброк се недоволни или дека износот треба да биде повисок, додека само 2,7 отсто го претпочитаат најавениот систем со дигитални ваучери. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на „Студентарија“, спроведена од 15 до 22 ноември, во која 9.935 испитаници ги ...

Студентскиот оброк треба да се покачи за 11 отсто според пресметките на министерката за образование Весна Јаневска — отвора на Мета.мк

Министерката Весна Јаневска вели дека пред Управниот суд се водат три постапки за усогласувањето на оброкот со инфлацијата, како што предвидува законот, и дека МОН ќе постапи според одлуката на судот. Додека Владата подготвува модел со дигитални ваучери, 70,9 отсто од испитаниците во анкетата на „Студентарија“ се изјасниле дека сакаат да ја задржат платежната картичка

Студентите бараат повеќе пари за оброк и избор каде ќе јадат — отвора на Рацин

Повеќе средства за храна, едноставно плаќање и можност сами да изберат каде ќе купуваат. Тоа се главните барања што произлегуваат од анкетата на „Студентарија“, додека Владата подготвува замена на студентските платежни картички со дигитални ваучери. Според резултатите што ги пренесува „Слободен печат“, 70,9 отсто од анкетираните го претпочитаат сегашниот модел со картичка. Во истражувањето…

Административниот хаос меѓу ЈСП и универзитетите остави 808 студенти без бесплатен превоз — отвора на ТРН

Вкупно 808 студенти за само еден ден пријавиле до „Студентарија“ дека останале без правото на бесплатен градски превоз откако Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги блокираше физичките картички без претходно известување. Проблемот настана при преминот кон дигиталните билети во апликацијата „СкопјеБус“ поради ненавремено усогласување на базите со податоци меѓу претпријатието и…

„Студентарија“ бара неискористените студентски стипендии да се пренасочат кон студентите што останаа под цртата — отвора на ТРН

Платформата „Студентарија“ достави официјално барање до Министерството за образование и наука (МОН) за дополнување на Конкурсот за студентски стипендии за академската 2026/2027 година, со цел средствата од недоделените стипендии да се прераспределат кон студентите кои ги исполнуваат условите, но поради ограничените квоти останале без стипендија. Барањето следува по значителните промени во…

Студентарија бара прераспределба на неискористените средства од студентските стипендии — отвора на Мета.мк

Дополнително, бараат предложениот механизам да биде воведен и јавно објавен пред објавувањето на прелиминарните ранг-листи, со цел да се обезбеди транспарентност и навремено информирање на студентите

Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите — отвора на Мета.мк

Платформата „Студентарија“ ги повикува одговорните во Министерството за образование и наука, раководството на студентскиот дом и надлежните институции итно да обезбедат организиран и бесплатен превоз за студентите, со редовни поаѓања усогласени со нивните факултетски обврски

Студентарија: Наместо одговор за студентскиот оброк, јавноста доби препукувања и закани кон новинарка — отвора на Рацин

Додека студентите бараат зголемување на субвенционираниот студентски оброк во согласност со законските одредби, јавната дебата се пренасочува кон политички препукувања, навреди и закани кон новинари, реагира студентската организација „Студентарија“. Организацијата реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и предупредува дека наместо конкретни одговори за неусогласувањето на студентскиот…

Тензии и приговори на УКИМ по изборот на новиот студентски лидер — отвора на ТРН

Изборот на Адам Стојановски за нов претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ наиде на остар отпор и сомнежи за прекршување на процедурите. Дел од делегатите ја оспоруваат постапката за свикување на седницата, додека кандидатот Марко Доневски од ФЕИТ тврди дека му било оневозможено правото да се кандидира. Доневски пријави и сомнеж за неовластено извлекување ...

Јаневска изврши увид во „Стив Наумов“ – разговараше со студенти и заклучи дека е сѐ во ред — отвора на 360 степени

Десет милиони евра под вода: „Стив Наумов“ повторно прокисна (ВИДЕО) — отвора на Рацин

Вода што тече од плафонот, поплавена студентска соба и радијатори што произведуваат силна бучава, ова е состојбата што ја прикажуваат најновите видеа од студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, само еден месец по неговото повторно отворање по реконструкцијата вредна околу 10 милиони евра. Студентската платформа „Студентарија“ објави нови видеоснимки доставени од студенти сместени во домот. ...

Се запалил бојлер во барака на „Стив Наумов“, студентите биле евакуирани — отвора на Мета.мк