Фон

19 настани во последните 30 дена, од 33 медиуми

Фон дер Лајен нема поддршка за предлогот Канада да стане „придружна членка“ на ЕУ — отвора на Нетпрес

Минатиот месец, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ѝ даде бомбастична понуда на Канада: да стане првата „придружна членка“ на ЕУ. Сега терминот се покажува како тежок за прифаќање за неколку земји-членки, вклучувајќи ја и нејзината Германија. Пред самитот ЕУ-Канада, наменет да го исцрта она што многумина го сметаат за најтесно партнерство меѓу ...

Фон дер Лајен сè уште нема дадено изјава пред обвинителите за набавката на вакцини од „Фајзер“ — отвора на А1он

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сè уште нема дадено изјава пред Европското јавно обвинителство (EPPO) во рамките на истрагата за набавката на вакцини против коронавирусот во 2020 година, објави денеска „Политико“. Обвинителите ја истражуваат Фон дер Лајен поради сомневања за корупција и судир на интереси, како и...

Ковеси ја прозва Фон дер Лаен: „Некои политичари мислат дека се над законот“ — отвора на МКД.мк

Истрагата, позната како „Фајзергејт“, се однесува на комуникацијата меѓу претседателката на Европската комисија и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, пишува Политико. Европското јавно обвинителство ја презело истрагата за можни кривични дела од белгиските власти во 2024 година. Правните документи во кои Политико имал увид откриваат дека обвинителите ја истражуваат Фон дер Лаен поради…

Ковеши пред заминување: Некои политичари во Брисел мислат дека се над законот — отвора на ТРН

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сè уште лично не сведочела пред Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) во истрагата за набавката на вакцини против коронавирусот, објави бриселски „Политико“. Главната европска обвинителка Лаура Кодрута Ковеши, на која во петок ѝ завршува седумгодишниот мандат, потврди дека високи функционери во Брисел постојано ги…

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Фон дер Лајен му ја честиташе реизборната победа на Лула да Силва во Бразил — отвора на Курир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му ја честиташе на својот „пријател“ Луиз Инасио Лула да Силва победата на претседателските избори во Бразил, оценувајќи дека „демократијата и мултилатерализмот триумфирале во Бразил“. „Партнерството меѓу Европа и Бразил се развива многу добро“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. „Ќе останеме покрај вас и во наредните...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ДенешенMakPress

Фон дер Лајен ѝ честиташе на Студентската листа: Подготвени сме да ги поддржиме реформите во Србија — отвора на 4NEWS

11 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: А1онЛокално+3

ЕУ длабоко загрижена за насилството на изборите во Србија: Се огласи шефот на Делегацијата — отвора на Скопје1

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача фон Бекерат.Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од...

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море — отвора на Скопје1

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази длабока загриженост поради новата ескалација на тензиите во Црното Море, откако товарен брод со украински и азербејџански членови на екипажот бил погоден од дрон во близина на романскиот брег.„Длабоко сум вознемирена поради уште една руска ескалација во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, оценувајќи дека...

САД се договорија да купуваат руски дизел, ЕУ нема да го следи Вашингтон — отвора на 24 Инфо

Европската Унија нема да ги ублажи санкциите за руските фосилни горива, и покрај тоа што САД постигнаа договор за дизел со Москва, изјави утрово претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави Политико . Во говорот пред европратениците во Европскиот парламент, таа предупреди дека Русија не е сигурен снабдувач со енергија. „Нашето искуство покажува ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Фон дер Лајен: ЕУ мора да си ја заврши својата домашна задача за конкурентноста — отвора на Нетпрес

ЕУ мора да си ја заврши својата домашна задача за конкурентноста, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред ЕП Имавме долго и богато со содржини заседание на Европскиот совет и мора да си ја завршиме нашата домашна задача за конкурентноста, со завршување на развојот на единствениот пазар, изјави претседателката на Европската комисија ...

Фон дер Лајен: Санкциите врз Русија ќе останат додека не ја заврши војната против Украина — отвора на Нетпрес

И покрај високите цени на енергијата, Европската унија нема да ги укине санкциите против Русија додека не ја заврши војната против Украина, изјави во средата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламен. „Воведовме енергетски санкции врз Русија поради нејзината агресивна војна против Украина. Сакам да бидам многу јасна, санкциите ќе останат ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: MakPress

Фон дер Лајен: Итно ни требаат други партнери да се заложат за Украина — отвора на Фокус

Европската Унија планира да ги засили дипломатските напори за да ги поттикне Канада и Велика Британија да...

Дали Фон дер Лајен ги призна грешките на Унијата? — отвора на Нова Македонија

На прв поглед, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, беше рутинска и не донесе ништо ново. Сепак, не мора да биде баш така Ако се чита меѓу редови, може да се каже дека таа ги призна грешките на Унијата кон Македонија и најави подготвеност да се бара решение. Потврда за тоа ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

Шефот на „Рајанер“ за Фон дер Лајен: Бескорисна е, само држи говори — отвора на Макфакс

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, остро ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ја дека не презема ништо за подобрување на конкурентноста на европската економија. Тој предупреди и дека авионските билети значително ќе поскапат во следните 12 месеци поради повисоките цени на горивото и дополнителните трошоци за емисиите на јаглерод ...

Италија побара овластувањата на Фон дер Лајен да се ограничат — отвора на Антропол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се соочува со сè поизразено незадоволство во Европската Унија поради начинот на кој управува со надворешнополитичките прашања и обидите да го прошири влијанието на Европската комисија во област што во голема мера е во надлежност на земјите членки, пишува британскиот „Фајненшл тајмс“. Според британскиот весник, несогласувањата особено ...

Дaли Фон дер Лаен ги призна грешките на Унијата? — отвора на МКД.мк

Блокадата, во која е Македонија со години, зборува и за нивната неефикасност и нефункционалност. Начинот, меѓутоа, како го бараат излезот е – сосема погрешен. Не може Македонија да бара милост во Софија, откако Брисел ни ги вклопи во рамката сите бугарски фантазмагории. Решение во Софија е апсолутно невозможно, губење е само на време, а на ...

ЕУ му се спротивстави на Трамп: Нема олеснување на санкциите за Русија — отвора на Рацин

Европската Унија нема да ги укине ниту да ги олесни санкциите против Русија сè додека Москва целосно не ја прекине воената агресија врз Украина, порачаа денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за време на вториот ден од Самитот на ЕУ во Брисел. Овие официјални изјави ...

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви — отвора на Макфакс

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање заеднички стратешки резерви на природен гас, поради стравувањата дека Европа би можела да се соочи со недостиг во текот на зимата, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломати и претставници на ЕУ. Европските складишта за гас ...

ЕУ влегува во зимата со премалку гас, Фон дер Лаен има план — отвора на МКД.мк

Европските складишта за гас, кои вообичаено ги полнат комерцијални компании, се на рекордно ниско ниво оваа година. Поради високите летни цени, поради агресијата врз Иран, мотивацијата на пазарот да ги надополнува залихите е намалена. Последицата е тоа што Унијата влегува во зимата недоволно подготвена. На дипломатите сè уште не им е сосема јасно како би ...