Klinik

40 настани во последните 30 дена, од 42 медиуми

Во ноември превентивни прегледи за мажите по промотивни цени во клиниката „Жан Митрев“ — отвора на МКД.мк

Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија. По промотивни цени се достапни и дијагностика на простатата, испитувања за остеопороза, дигитална дермоскопија на целото тело, тестирања за сексуално преносливи микроорганизми, како и…

13 извештаи (сите извештаи)11 препишани

Известуваат и: 4NEWSФактор+9

Одново почна судењето за Онкологија 2. Нино Васев и Нехад Нухи негираа вина за делата за кои се товарат — отвора на Плусинфо

Судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешнитe медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовесно работење и финансиски криминал денеска во Основниот кривичен суд Скопје почна од почеток, поради измена на составот на Судечкиот совет. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но ...

Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син — отвора на Инфомакс

Почитувани пријатели, голем број од вас знаат дека мојот единствен и најсакан брат се повреди и 4 месеци лежи на Клиниката за интензивно лекување и реанимација. Повредата е многу тешка и во нашата татковина нема соодветни центри за рехабилитација на ваков тип на повреди. Изминатиот период за мене е најтешкиот период во мојот живот. Во ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Press24

Новите терапии за Паркинсонова и за Алцхајмерова болест мора да бидат безбедни. Првиот пациент со мозочна стимулација би можел да се лекува во 2027 година — отвора на Плусинфо

Министерот за здравство најави подготовки за воведување современи третмани за двете невролошки заболувања. Директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски очекува првата интервенција со длабока мозочна стимулација во Македонија да биде изведена следната година.

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели — отвора на Сител

Зголемен број на прегледи и хоспитализации во Клиниката за белодробни заболувања кај деца Козле во екот на сезоната на респираторни и вирусни инфекции. Викендот според амбулантските евиденции доминираат пациенти со ларингити, како и случаи со влошување на постоечката хронична состојба за кои е потребно и болничко лекување. На кислородна поддршка поради отежнато дишење се пет деца. - Овие…

Полицајци затекнале пијани малолетници во кафуле во Карпош, едно од децата однесено на Клиниката за токсикологија — отвора на Фокус

Од МВР информираат дека извршиле контрола во угостителски објект во Карпош поради точење алкохол на малолетници, при...

72-годишен француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје — отвора на Скопје1

Во Скопје починал 72-годишен француски државјанин, кој претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба на Клиниката за кардиохирургија. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи на 29 октомври.Според информациите од МВР, мажот престојувал во хостел на подрачјето на Бутел. По насока на јавен обвинител, неговото тело е предадено на Судска медицина за обдукција.

Со месеци на Клиниката за ревматологија нема реагенси, што на приватно чинат и по 300 евра — отвора на Фокус

Со месеци на скопската Клиника за ревматологија нема реагенси за дијагностика на автоимуни заболувања, реагираат дел од...

Сѐ повеќе мозочни удари и кај млади: Во Македонија годишно 200 до 300 случаи на 100.000 жители — отвора на Фактор

- Двесте до 300 граѓани со мозочен удар годишно има на 100.000 жители, што не става некаде на врвот на статистиките. Последниве две години тој број малку е зголемен. За жал има и помлади пациенти. Имавме пациентка со 16-годишна возраст, што треба да нè алармира дека навистина треба да се внимава и дека секој може всушност да добие ваква состојба, односно болест која навистина е сериозна, изјави…

Македонија меѓу земјите во светот со најголем број мозочни удари — отвора на Сител

74 годишен скопјанец веднаш бил хоспитализиран на Неврологија поради висок ризик за мозочен удар. Кај него на бесплатните прегледи организирани од Клиниката на доплер му било откриено големо стеснување на двете каротидни артерии. - Ова е асимптоматски пациент, а со висок ризик да добие мозочен удар, што би бил фатален. Вчера, 160 пациенти беа прегледани, кај 40 проценти од нив е најден некаков…

Одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, со акцент на превенцијата, препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа — отвора на Независен весник

Светски ден на мозочниот удар се одбележува денеска со акцент на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. По тој повод во организација на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи централен настан на Медицинскиот факултет. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство, Сашо Клековски…

12 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: БрифКурир+6

Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 15:00 — отвора на Канал 77

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:Вашиот прелистувач не поддржува аудио елемент. Кај дури 40% од прегледаните граѓани се утврдени ризикфактори за мозочен удар. Истакна денес директорот на Клиниката за неврологија доктор Јован Божиновски. Станова збор за бесплатни превентивни прегледи по повод Светскиот ден на мозочниот удар. Едно лице е итно хоспитализирано. Век имаме примен ...

Најмладата пациентка со мозочен удар има 16 години — отвора на Телма

Мозочниот удар се почесто ги погодува и младите, а последиците можат да бидат ненадејни и доживотни. Најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години, а сега таму се лекува и 37-годишен пациент. Загрижува и фактот што во последните две години лекарите сè почесто се соочуваат со млади пациенти...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Околу 5.000 случаи на мозочен удар годишно во Македонија, а сè почесто ги погодува и младите — отвора на Скопје1

Мозочниот удар е итна медицинска состојба кај која секоја минута е од огромно значење. По повод Светскиот ден за борба против мозочниот удар, кој се одбележува на 29 октомври, лекарите потсетуваат дека навременото препознавање на симптомите и брзото повикување медицинска помош можат да спасат живот и да спречат трајни последици.Во Македонија годишно се регистрираат околу 5.000 нови случаи, а…

Се зголемува бројот на пациенти со претрпен мозочен удар, најмладата има 16 години — отвора на МКД.мк

Тој појаснува дека пациенти со мозочен удар има од сите возрасти, а доминираат тие со над 50 години и оние кои имаат нерегулирани ризик-фактори. Посочи дека мал е бројот на пациенти кои примаат тромболитична терапија. Годишно на Клиниката стотина пациенти примаат таква терапија, а тој број, според него,би требало да биде многу поголем. „Таква терапија ...

Не значи дека ако сме млади не можеме да добиеме мозочен удар, буквално секој може да добие вели директорот на Клиниката за неврологија д-р Јован Божиновски — отвора на Република

Бројот на пациенти кои што се со мозочен удар кај нас се движи од 200 до 300 на 100.000 жители, а најмладиот пациент е 16-годишна девојка, соопшти д-р Јован Божиновски, в.д. директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија во Скопје. Денеска на скопскиот плоштад се одбележува Светскиот ден на мозочен удар, 29 октомври и по ...

Светскиот ден на мозочниот удар: „Најголем предизвик е што пациентите со мозочен удар често доаѓаат доцна“ – аларм од Клиниката за неврологија — отвора на Скопје Инфо

Минливата слабост или трнење на раката, краткотрајното нарушување на говорот или привременото губење на видот на едното око се симптоми кои луѓето често ги игнорираат токму затоа што брзо исчезнуваат. Но, тие може да бидат едно од најважните предупредувања дека се заканува мозочен удар.

Персоналот на ГАК деновиве помина стручна обука за поставување на „PICC line“ кај возрасен пациент — отвора на Скопје Инфо

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во изминатите денови се оджа стручна обука на персоналот на тема: Поставување на picc line кај возрасен пациент. Од Клиниката посочија дека ова значително ќе ја олесни работата на нивните анестезиолози кои секојдневно се среќаваат со предизвици кај исклучително комплексни пациенти чија терапија изискува венска терапија.

Денес бесплатни прегледи во Скопје: Проверете ги крвните садови што го снабдуваат мозокот — отвора на Рацин

Граѓаните денеска, 28 октомври, ќе можат бесплатно да направат доплер-преглед на каротидните артерии на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје. Прегледите ќе се вршат од 11 до 13 часот, во рамки на Отворениот ден што Клиниката го организира по повод Светскиот ден на мозочниот удар. Според најавата, можноста е отворена за сите заинтересирани граѓани. Прегледите ...

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија — отвора на Скопје1

Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да предизвика бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство.По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на...

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија — отвора на Сител

Висок крвен притисок, стрес и зголемена гликемија во крвта се едни од ризик факторите за мозочен удар. Клиниката за неврологија е со исполнет капацитет, а најмладиот пациент што пред еден месец бил на болничко лекување со мозочен удар имал само 16 години. Во пресрет на светскиот ден за мозочен удар, клиниката три дена организира бесплатни прегледи за граѓаните. Фото за вовед: YouTube видео...

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства — отвора на Макфакс

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител. При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р...

19 извештаи (сите извештаи)15 препишани

Известуваат и: Press24Курир+11

Клековски: ДСЗИ констатира прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михаилова, побаран стручен надзор и за медицинскиот дел — отвора на Независен весник

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михаилова со вклучување на здравствени установи каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнтелно ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката, истакна денеска министерот ...

Констатирани се прекршоци во случајот со докторот Барбов и Ива Михаилова — отвора на Скопје1

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за случајот со докторот Иван Барбов и пациентката Ива Михаилова е дополнет по барање на министерот за здравство Сашо Клековски, кој побарал да се опфатат сите здравствени установи во кои била лекувана пациентката, кажа министерот за здраство на денешната прес-конференција.Клековски појасни дека првичниот надзор бил спроведен по...

„Случајот со Ива Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата“, рече Клековски по посетата на Софија — отвора на Скопје1

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека со бугарската министерка за здравство постигнале премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е здравствено, туку правно прашање.„Во основа, постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива Михаилова не е здравствено прашање, туку прашање од областа на правдата, бидејќи лицето е бегалец од правдата и се бара со меѓународна...

Променливото време ја наполни Клиниката за неврологија со пациенти — отвора на Мета.мк

Според директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски, најголем дел од пациентите се повозрасни, се хронично болни, имаат висок крвен притисок, дијабетес, срцева слабост и други кардиоваскуларни состојби. Тој потенцира дека во клиниката недостасуваат повеќе кревети за болните

Пристигнаа „Phesgo“ и „Goserelin“ на Онкологија, пациентите со одложена терапија ќе добијат повик — отвора на Скопје1

Терапиите „Phesgo“ и „Goserelin“ пристигнале на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје и повторно се достапни за пациентите кај кои постои медицинска индикација за нивна примена, соопштија од здравствената установа.Од Клиниката информираат дека пациентите на кои им било одложено примањето на терапијата ќе бидат телефонски контактирани за да им се закаже нов термин.„Ја известуваме...

Повеќе жртви на семејно насилство бараат психијатриска помош: 101 случај за само седум месеци, трипати повеќе жени — отвора на Курир

Во пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел...

Онкологија бара трпение од жени со рак, а не кажува кога ќе добијат терапија — отвора на Рацин

Онкологија побара трпение и разбирање од пациентките што во петокот, 16 октомври, останаа без закажаната терапија „Фесго“, но не соопшти кога ќе го добијат лекот. Клиниката во Скопје упати јавно извинување поради ненавремената испорака, оставајќи ги засегнатите жени без конкретен датум за продолжување на третманот. Загриженоста што ја предизвикало одложувањето ја признава и самата установа. ...

Без термин и без лек: Пациентките на Онкологија повторно турнати во неизвесност — отвора на ТРН

Пациентките со HER2-позитивен карцином на дојка кои во петокот, на 16 октомври, дојдоа на закажан третман на Клиниката за онкологија во Скопје, си заминаа дома без биолошката терапија „Фесго“. Клиниката упати јавно извинување поради застој во дистрибуцијата, но не наведе нов датум за прием на лекот. За жените што водат битка со агресивна болест, прекинот ...

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија — отвора на Сител

Во основа треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти. Вчера имавме дијалог на високо ниво заедно со хемо-онко, Министерство за здравство и сите релевантни институции. Ако некаде имаме направено подобрување, тоа е во подрачјето на обезбедена терапија, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека во однос на 2017 година, повеќекратно е зголемен буџетот на Клиниката за...

Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“ — отвора на Press24

Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип. „На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од ...

21 извештаи (сите извештаи)15 препишани

Известуваат и: 24 ИнфоКурир+14

На Онкологија повторно недостига Золадекс, дел од пациентите останале без терапија — отвора на 4NEWS

На Клиниката за онкологија повторно недостига лекот Золадекс, а дел од пациентите си заминале без да ја добијат терапијата. Директорот на Клиниката...

Онкологија се извини за одложената терапија Phesgo: Проблемот е во дистрибуцијата — отвора на 4NEWS

Проблеми во дистрибуцијата и ненавремената испорака на лекот Phesgo предизвикале одложување на терапијата за пациентки кои денеска требало да ја примат на...

Пациентите од југозападниот дел на државата терапијата за мултиплекс склероза ќе ја добиваат во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид — отвора на Охрид Прес

Скопје/Охрид, 16. октомври 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пациентите од југозападниот дел на Република Македонија, терапијата за мултиплекс склероза ќе можат ја добиваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се лекуваат, а бројот на ...

Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника — отвора на Мета.мк

Директорот на Универзитетската клиника за неврологија, Јован Божиновски кажа дека оваа иницијатива е одговор на долгогодишните барања на Здружението за борба против мултиплекс склероза

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Радио МОФ

Промовиран нов ЕМГ кабинет во кавадаречката болница — отвора на MakPress

Новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци денеска беше официјално промовиран, со што се прошируваат можностите за невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита во регионот, соопштија од здравствената установа. На промоцијата присуствувале градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски....

На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба — отвора на МИА

Барбов потврди дека Заев му се јавувал да примa пациенти на Клиниката за Неврологија — отвора на Инфомакс

Лошо го спремале докторот во партијата затоа што се што објави Инфомакс и самиот го потврди. Спиел мирно додека не се појавил Инфомакс. Не студирал во Бугарија ама таму се едуцирал. Има научен труд со Чамова ама не знае дали е роднина на министерката за надворешни Велислава. Осуден бил на затвор ама неправедно. Го има ...

Препорачав лекување на Ива Михаилова во Бугарија оти е државјанка на земјата, не знаев за постапката за сообраќајката – вели доктор Иван Барбов — отвора на 360 степени

Според неговата изјава дадена за дел од медиумите во земјава, Михаилова на Клиниката за неврологија во Скопје...