Sulejmani

7 настани во последните 30 дена, од 28 медиуми

Нови перспективи за културно поврзување со Словачка — отвора на Република

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари билатерална средба со заменик-претседателката на Владата на Словачката Република и министерка за култура, Мартина Шимковичова, која престојува во официјална посета на земјава, при што беше потпишан нов Договор за соработка во областа на културата, со кој се отвораат нови можности за унапредување на културната размена и зајакнување ...

Земјиште и пасишта на име на неговите родители во Тетово и стан во Турција – ова е богатството на министерот Седат Сулејмани — отвора на Пулс24

Државната комисија за спречување на корупција ја објави имотната состојба на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани. Имотот што го презентирал вклучува неколку имоти во катастарската зона Тетово 2, ...

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ — отвора на Независен весник

Со свечена академија во Македонскиот народен театар, Природонаучниот музеј на Македонија денеска одбележува 100 години од своето постоење, јубилеј што го потврдува неговото значење како една од најстарите и најзначајни научни и музејски институции во земјата. По повод стогодишнината ќе бидат доделени плакети на соработници, институции и компании кои дале значаен придонес во развојот на ...

Фатени за рака – Халид Ергенч и Мерјем Узерли се појавија заедно на црвениот тепих — отвора на Курир

Турските актери Халит Ергенч и Мерјем Узерли, познати по улогите на султаните Сулејман и Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, го претставија својот нов филм „Imroz'da Bahar“ („Пролет на Имроз“) во вторникот. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал Ел Гуна во Египет. Актерската двојка пристигна на црвениот тепих држејќи се за раце, а потоа позираше заедно за...

ФФМ отвори постапки против Шкендија Арачиново и Камјани — отвора на МКД.мк

Шкендија Арачиново се соочува со дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот против Струга Трим Лум, поради присуство на неслужбени лица во службените простории. Постапка е поведена и против извршниот директор на клубот, Сулејман Алими, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по завршувањето на истиот натпревар. Дисциплинска постапка е отворена и против ...

11 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: SportSportКурир+7

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово станува универзитетска библиотека — отвора на Курир

Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам, на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово. Одлуката претставува значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и важен придонес кон унапредувањето на високото образование...

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница — отвора на А1он

На прес-конференцијата во просторитие на партијата „Вреди“ во Тетово, партискиот портпарол Дритон Сулејмани информираше дека нивниот кандидат Јакуп Хусеини не освоил доволно гласови за да се пласира во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Сулејмани изрази благодарност до Хусеини, за кого рече дека дал максимум во...