Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.
Хасановиќ: Кога системот ги затвора вратите за нови идеи, незадоволството излегува на улица
Емир Хасановиќ, политички аналитичар за безбедносни прашања и стратегиски комуникации, во ова интервју за генерацијата Зет, вели дека денес младите работат повеќе, а живеат полошо од своите родители и дека проблемот не е демократијата, туку партиите што не се менуваат. Затоа, вели Хасановиќ, кога системот ги затвора вратите за нови идеи, незадоволството излегува на улица затоа штп граѓаните бараат институции што ќе одговараат за своите постапки. Нашиот соговорник вели дека новата генерација, израсната со интернет и социјалните мрежи, „со три споделувања и една група го забрзува политичкиот отпор и дека движењата без класичен лидер ги ставаат старите политички структури пред нов предизвик. Но, истакнува Хасановиќ, не е доволно да се смени власта – системот мора да стане отпорен на злоупотреби. Тој вели дека е неодржлив системот којшто има повеќе пензионери отколку вработени и дека не може вие на вересија да се исплаќаат плати и пензии. За Хасановиќ Европа не е адреса на која се оди, туку стандарди што се градат дома. На апатијата и неизлезноста на изборите во Македонија, Хасановиќ гледа како на пораки до политичарите, а за трпението на граѓаните вели дека се чека прагот на гневот, и дека Кочани и Гостивар се блиску до тој праг. Со Емир Хасановиќ разговараше Зоран БОЈАРОВСКИ
Уште од Рацин
Анти-родовите групи ги блокираат законските измени за семејно и родово насилство | Димушевска
Градовите на Вардар - Гостивар: Да ја чуваме водата таму каде што извира и на патот до нашите домови
Бистра Георгиева: Да не ги плашиме децата, светот е убав, но треба да знаат дека има и темни пештери
Тони Поповски за зелената транзиција, струјата и РЕК Битола
Јованова-Грујовска: Покажуваме мрзеливост кога станува збор за унапредување на македонскиот јазикот