Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.
Анти-родовите групи ги блокираат законските измени за семејно и родово насилство | Димушевска
Дел од пратениците се под влијание антиродовите движења поради што се блокирани законските измени, вели во интервјуто за Рацин.мк Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, и таа вели дека тие луѓе што се на позиција да направат промена не ја прават промената. Насилството врз жените, освен на 25 ноември, кога почнуваат „16 денови активизам“ никогаш не било приоритет, а повлекувањето на програмата за сеопфатно сексуално образование е спротивно на декларативна заложба дека се борат против насилството, е ставот на Димушевска. Таа предупредува дека идејата на анти родовите движења е да ја вратат жената во домот и затоа имаат проблем со родовата еднаквост, но истакнува Димушевска, ако жената добие моќ, не значи дека мажот ќе ја изгуби моќта. Со Елена Домушевска разговараше Зоран Бојаровски
Уште од Рацин
Градовите на Вардар - Гостивар: Да ја чуваме водата таму каде што извира и на патот до нашите домови
Бистра Георгиева: Да не ги плашиме децата, светот е убав, но треба да знаат дека има и темни пештери
Тони Поповски за зелената транзиција, струјата и РЕК Битола
Хасановиќ: Кога системот ги затвора вратите за нови идеи, незадоволството излегува на улица
Јованова-Грујовска: Покажуваме мрзеливост кога станува збор за унапредување на македонскиот јазикот