Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.

Јованова-Грујовска: Покажуваме мрзеливост кога станува збор за унапредување на македонскиот јазикот

Рацин · 25 окт. 08:14 · 32:04 · Гледај на YouTube

Во ова интервју директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, вели дека грижата за македонскиот јазик започнува дома, во домот, а светот се освојува откако човек ќе биде суверен на својата територија, со својот јазик, во својата земја. Јованова-Грујовска вели дека за младите како да е одамна заршена борбата за македонски јазик и тоа го сфаќаат здраво за готово, а таа не е завршена. Нејзина препорака е дека светот се освојува само ако човек е свесен за себеси, од каде доаѓа, да не се срами од себеси, да не се срами од своето потекло. Прво треба на мајчин јазик да мислиме, да ги носиме одлуките на мајчин јазик, а потоа можеме од четвртата, од петтата година натаму да учиме втори јазици, вели директорката на Институтот за македонски јазик и укажува дека се најдовме со ситуација да биде срамота да се зборува на стандарден македонски јазик меѓу младите. Со проф. д-р Елена Јованова Грујовска разговараше Зоран Бојаровски

Уште од Рацин

Сите видеа