Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.

Бистра Георгиева: Да не ги плашиме децата, светот е убав, но треба да знаат дека има и темни пештери

Рацин · 15 ноем. 09:00 · 8:10 · Гледај на YouTube

Младите честопати немаат разбирливи и практични информации за препознавање насилство, поставување лични граници, градење здрави односи и безбедно барање помош. Стравот од осуда и стигматизација ги спречува да разговараат со родители, наставници или институции. За овие прашања разговаравме со Бистра Георгиева, писателка за деца, а не поттикнаа активностите што ги спроведува ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките за сеопфатно сексуално образование. Разговаравме за потребата од повеќе знаење кај младите и родителите за формите на насилство: булинг, врсничко, психолошко, физичко, родово базирано и дигитално насилство. Георгиева отворено говореше низ нејзиното искуство за односите засновани на почитување, комуникација, емпатија, еднаквост, доверба и прифаќање различности и за вклучувањето родители, наставници и другите професионалци како сојузници во препознавање, превенција и едукација. Со Бистра Георгиева разговараше Зоран Бојаровски

Уште од Рацин

Сите видеа