Видеото се пушта од YouTube (со зголемена приватност) дури откако ќе притиснеш ▶.

Градовите на Вардар - Гостивар: Да ја чуваме водата таму каде што извира и на патот до нашите домови

Рацин · 20 ноем. 06:30 · 10:52 · Гледај на YouTube

Реките, езерата и подземните води во сливот на реката вардар обезбедуваат широк спектар на услуги поврзани со екосистемите, вклучително и непроценливи ресурси неопходни за заштита на јавното здравје, поддршка на економските активности и зачувување на природните живеалишта. Заштитата на овие води е од суштинско значење за благосостојбата на луѓето, одржливиот економски развој и зачувувањето на биодиверзитетот. Тоа е и една од целите на Програмата за управување, користење и заштита на водите што во Северна Македонија се спроведува со поддршка на Владата на Швајцарија.  Програмата помага да се идентификуваат прашањата од најголема важност и да се обликуваат реални, ефикасни решенија за управување со водните ресурси во сливот на реката вардар, на правичен, одржлив и транспарентен начин. За да ви презентираме дел од суштината на оваа програма за води, како што популарно се нарекува, снимивме серијал од 4 епизоди кој го нарековме – Градовите на вардар. Секоја од епизодите имаше свој фокус. Своја тема. Епизодата за Скопје е посветена на пречистителните станици. Во Велес говоревме за индустриското загадување на водите, а епизодата во Гевгелија е посветена на неопходноста од чисти води за земјоделието. Овде во Вруток, на изворот на Вардар, кај Гостивар тргнуваме со тезета дека  водата мора да ја чуваме и таму каде што извира, но и на патот до нашите домови.

Уште од Рацин

Сите видеа