Архива: 27 окт. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс“ и поврзаните фирми — отвора на Макфакс

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми, информираше Обвинителството. Обвинителен акт за кривично дело ...

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија — отвора на Скопје1

Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да предизвика бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство.По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на...

Ќерка ја пронашла мајка ѝ почината во Ѓорче Петров: втор случај за пет дена — отвора на Скопје1

Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Случајот за „Скопје1“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи, а полицијата ги утврдува околностите под кои настапила смртта.Според информациите од МВР, денеска (27 октомври), во 09:18 часот, во СВР Скопје, М. А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О. А....

Силен чекор за заштита на новинарите: Владата одлучи да формира Национален комитет — отвора на Вечер

„Едно од правата што секоја власт има обврска да го почитува и да го штити е слободата на изразување и заштитата на новинарската професија. Тоа е принцип од кој треба да тргнува секоја демократска институција“, истакна Митева.

28 извештаи (сите извештаи)21 препишани

Известуваат и: А1онКурир+22

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата — отвора на MakPress

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс. Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка на Уставната комисија во 1991 година, најпрво го изрази својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потем ги...

Инвестициите на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Николоски вели дека извозот е приоритет за домашната економија — отвора на Курир

Инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Македонија бележи раст на економијата, цената на горивото е убедливо најниска, не само во целиот регион, туку во цела Европа. Владата продолжува да го стимулира извозот, зашто тоа е прв приоритет за домашната економија, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Форумот за...

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“ — отвора на Нова Македонија

Јавното обвинителство ги оцени како целосно неприфатливи предлозите на одбраната за сослушување на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов во судскиот процес против деветмината полициски службеници за наводни пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект, пренесува МИА. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште...

18 извештаи (сите извештаи)15 препишани

Известуваат и: А1онЖурнал+15

Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген — отвора на Press24

Министерот за здравство Сашо Клековски, ги претстави клучните приоритети на македонското здравство на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, што се одржува во Копенхаген. За време на своето обраќање пред министрите за здравство од регионот, Клековски посочи дека сите европски земји се соочуваат со слични предизвици во овој сектор. ...

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави - еве на кое место е рангиран годинава! — отвора на Скопје Инфо

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот — отвора на Независен весник

Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание. Како што информира собраниската прес-служба, по пречекот со високи државни и воени почести, Хаџиу ќе оствари тет-а- тет средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, и делегација, и ќе се потпише и во Книга на впечатоци.

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно оживува, пуштена е во пробна работа — отвора на Скопје1

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје е пуштена во пробна работа, а во тек се проверките и нагодувањата пред нејзиното целосно функционирање. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека просторот повторно ќе им биде на располагање на граѓаните и дека нема да се дозволи низ него да поминуваат автомобили и тешки товарни возила.Ѓорѓиевски информираше дека плоштадот…

Кривична против 19-годишник од Скопје за „вонбрачен живот со дете“ — отвора на Макфакс

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје....

Народната банка со едукативна програма за штедење и управување со личните финансии — отвора на Скопје1

Народната банка од 28 октомври до 5 ноември ќе организира низа едукативни активности по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, и Деновите на финансиската писменост. Целта е да се унапредат финансиските знаења, да се поттикне штедењето и да се зголеми заштитата на граѓаните при користењето финансиски услуги.Во рамките на програмата, ученици од основните и средните училишта ќе учествуваат...

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров — отвора на 4NEWS

18 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: Press24Фокус+8

ЈП Македонија пат: Од утре привремен сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот — отвора на Денешен

Привремен режим на сообраќај ќе биде воведен од утре (28 октомври) на автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучката Арбиново. ЈП Македонијапат информира дека привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз и ќе трае до завршување на санацијата.

Путин разговараше со лидерите на Финска и Норвешка: Неочекуван телефонски повик од Хелсинки — отвора на Инфомакс

Кабинетот на претседателот на Финска соопшти дека претседателот на таа земја, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторникот телефонски разговарале со претседателот на Русија, Владимир Путин. „Претседателот на Финска, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторник, на 27 октомври, во Хелсинки остварија телефонски разговор со претседателот на ...

Автомобил удри во 81-годишна скопјанка, од тешките повреди починала во болница — отвора на Макфакс

Осумдесет и едногодишна жена од скопското село Стајковци починала од повредите со кои се здобила откако била удрена од автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера (26 октомври) во 18:19 часот во СВР Скопје. Патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано ...

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија — отвора на Скопје1

Преку официјалната веб-страница loto.mk, Државна лотарија ја нуди можноста за онлајн играње на најпопуларните игри на среќа – Лото 7 и Џокер Лото 7 и Џокер се игри што веќе со години носат возбуда и надеж на илјадници играчи.Секое извлекување носи нова приказна, а секоја комбинација е нова можност за добивка.Со едноставна регистрација на официјалната веб-страница loto.mk, секој полнолетен играч...

14 извештаи (сите извештаи)12 препишани

Известуваат и: УтроКурир+10

„Целта е да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот“, вели Мицкоски — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија треба да биде држава во која трудот е праведно вреднуван, работниците имаат сигурност, а младите можат да градат иднина во сопствената земја. Ова го истакна на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година.Мицкоски нагласи дека меѓу главните предизвици на пазарот на трудот се недостигот од...

Подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел парите и одбивал да се сретне со неа, уапсен 30-годишен скопјанец — отвора на Макфакс

Триесетгодишен скопјанец е уапсен откако негова 40-годишна познаничка го пријавила во полиција дека ја измамил за 1.558.300 денари, по претходен договор за подигнување станбен кредит. Жената пријавила дека претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, но по завршувањето на процедурата, мажот ѝ ги зел парите и одбивал да се сретне со неа. Постапувајќи ...

Потпишана Националната програма за достоинствена работа — отвора на Сител

Владата, синдикатите и работодавачите денеска ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа 2026–2030, документ изработен со поддршка на Меѓународната организација на трудот. Програмата ги утврдува приоритетите за следните пет години – повеќе и поквалитетни работни места, подобри услови и права на работниците, развој на вештини, поголема вработеност и посилен социјален дијалог....

Народниот правобранител алармира: Во затворите нема 24-часовно дежурство на лекари, во Идризово еден лекар на 691 лице — отвора на Нова Македонија

Недостигот од медицински персонал, долгото чекање за специјалистички прегледи, прекините во терапијата и слабата превентивна здравствена заштита се дел од главните проблеми во казнено-поправните установи во земјава. Ова го покажува истражувањето на Народниот правобранител, спроведено во 11 установи. Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска посочи дека, иако затворскиот здравствен систем...

14 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: ФакторКурир+6

Мајкрософт нуди доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени поради инвестиции во ВИ — отвора на Независен весник

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нуди програми за доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени, што чини повеќе од четвртина од нејзината вкупна работна сила на глобално ниво. Технолошката компанија на овој начин настојува да ги намали трошоците и да обезбеди дел од средствата за своите огромни вложувања во вештачката интелигенција. Понудите се наменети за ...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Албулена Хаџиу — отвора на Скопје1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, која е во официјална посета на Македонија.На средбата беше истакнато задоволството од добрите односи меѓу двете земји, редовниот политички дијалог и усогласеноста за важни меѓународни прашања. Сиљановска-Давкова ја потврди поддршката за евроатлантските стремежи на Косово, нагласувајќи дека...

Снег вее на Стража — отвора на Република

Слаб снег во моментов провејува на планинскиот превој Стража, со што се појавија и првите снежни врнежи за оваа година на овој планински предел. Засега, снегот не се задржува на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Сепак, поради променливите временски услови и пониските температури на планинските делници, на возачите им се препорачува зголемена ...

Усвоени измените на Законот за јавните набавки – поголема транспарентност и поефикасно трошење на јавните средства — отвора на Курир

Собранието на на 122. седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидуваат решенија за модернизација на системот на јавни набавки, зголемување на транспарентноста и конкуренцијата, како и поефикасно и поодговорно користење на јавните средства. Измените произлегуваат од досегашните искуства во примената на Законот, потребата од негово усогласување со...

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб: Договорена соработка за геотермална енергија — отвора на Макфакс

Во рамки на меѓународната конференција DIM-ESEE 2026 – Развој и иновации во искористувањето на минералните ресурси во Источна и Југоисточна Европа, која се одржа од 21 до 23 октомври 2026 година во Загреб, Република Хрватска, државниот советник за рударство во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Филип Петровски, учествуваше како презентер и панелист, претставувајќи ...

Фирма од Валандово под истрага на Финансиската полиција: Со пенали од 233,7 милиони денари го оптовариле имотот на фирма — отвора на 4NEWS

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм — отвора на Курир

Просечната откупна цена на тутунот од годинешната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во обраќањето на денешниот Форум за ориентален тутун на Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) во Прилеп. „Министерството ја координира подготовката на откупот за да се обезбедат прецизни...

„Шефот на македонската банда е Мицкоски“ – Кузеска со тешки обвинувања по падот на Вучиќ — отвора на Скопје1

Падот на Александар Вучиќ на изборите во Србија ќе отвори истраги што, според СДСМ, ќе ги разоткријат наводните криминални и деловни врски меѓу српската власт и премиерот Христијан Мицкоски. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, изнесе серија обвинувања за енергетски бизниси, банки, медиумско влијание, политички партии и организиран криминал.„Историската...

11 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: МакфаксБриф+4

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор — отвора на Курир

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека не е доволно само да се одржуваат конференции и дебати, ако не се најде конкретно решение за проблемот со превозниците. Учествувајќи на панел во рамки на швајцарско-македонскиот бизнис форум што го организира СвисЧем, Николоски во однос на билатералните договори, како решение за транспортерите, ја посочи...

„Македонска крвава свадба“ и „Тетовирање“ во Кинотека по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство — отвора на Независен весник

Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот ...

Петмина повредени во судир на две возила во Струмица — отвора на Скопје1

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 26 октомври на крстосницата меѓу улиците „5 Ноември“ и „Крушевска Република“ во Струмица.Според МВР, во несреќата, пријавена во 12:40 часот, учествувале патнички возила „пежо“, управувано од 28-годишен жител на селото Радичево, и „форд“, управувано од 57-годишен струмичанец.Возачот на „фордот“ се здобил со тешки телесни повреди…

11 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: КурирА1он+5

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година — отвора на Независен весник

Израелските граѓани денеска излегуваат на парламентарни избори, први по нападот на палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година, на кои ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите укажуваат на неизвесна борба меѓу неговиот блок и опозицијата. Избирачките места се отворени низ целата земја, околу 7,3 милиони граѓани имаат право ...

10 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: БрифКурир+3

Денес ќе биде поднесена иницијатива до REM за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер — отвора на Локално

Мерц: Уривањето на стариот светски поредок ги загрозува интересите на европските сили — отвора на Фокус

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека колапсот на стариот глобален поредок ги загрозува интересите на средните...

10 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: КурирФактор+5

Светска банка: Западен Балкан очекува забрзување на растот и пониски трговски трошоци кои се клучни за поголема вработеност — отвора на Бизнис Инфо

Во Западен Балкан, се очекува економскиот раст да се забрза во 2026 година, со понатамошно зајакнување на овој тренд и во следната година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите, според Редовниот економски извештај за Западен Балкан објавен денес. Економијата на овој регион се покажа како отпорна на шокови и го продолжува трендот на конвергенција со Европската ...

Манасиевски: Филипче, ти си следен — отвора на Press24

СДСМ се обидува преку повторување нестини да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка одговорност, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, тврдењата на опозицијата за влијанијата на српските власти претставуваат замена на тезите. Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја ...

Студентите бараат итни оставки во РТС: Јавниот сервис мора да им служи на граѓаните — отвора на Рацин

Само два дена по изборната победа во Србија, студентите во блокада побараа итни оставки од раководството на Радио-телевизија Србија (РТС), независно постапување на медиумскиот регулатор и ослободување на јавниот сервис од политички влијанија. Во објава на својот официјален профил на Инстаграм, студентите порачаа дека граѓаните имаат право на вистинито, целосно и непристрасно информирање, а...

10 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: А1онФокус+3

Меџити: Ја пречекавме Хаџиу во Скопје, зајакнувањето на соработката меѓу Косово и Северна Македонија останува заеднички приоритет — отвора на Макфакс

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, со која оствари пријателска средба посветена на односите меѓу Косово и Северна Македонија, институционалната соработка и можностите за нејзино унапредување во области од заеднички интерес. На средбата се разговараше за значењето на зајакнувањето на...