Архива: 31 окт. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка — отвора на Фактор

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ а.д. Белград. Со судска одлука, Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник, се наведува во соопштението. Како што е наведено во соопштението, Извршниот одбор констатираше дека пред одземањето на дозволата биле спроведени надзорни активности со цел да се…

60 извештаи (сите извештаи)30 препишани

Известуваат и: ТРНФокус+30

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење — отвора на Сител

Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и…

Почина Мишо Ковач, хрватскиот пејач што продаде над 20 милиони плочи — отвора на ТРН

Мате Мишо Ковач почина на 85-годишна возраст, потврдија извори блиски до пејачот за хрватските медиуми. Роден во Шибеник во 1941 година, Ковач изгради кариера долга повеќе од половина век, станувајќи симбол на далматинската песна и еден од ретките изведувачи во регионот со над 20 милиони продадени плочи. Зад себе остави опус кој ја дефинираше медитеранската ...

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени — отвора на Скопје1

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 31 октомври во 01:10 часот. Патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н.М. од селото…

19 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: ФокусКурир+13

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница — отвора на МКД.мк

Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а ...

18 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: ДенешенА1он+11

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината — отвора на Лидер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари. Во продолжение интегралната…

ЛАВРОВ: Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото, нема никаков напредок на односите меѓу Русија и САД — отвора на Денешен

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече тој синоќа. „Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за…

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети — отвора на Скопје1

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, откако кај нив биле пронајдени марихуана, прашкасти и грутчести материи, таблети и предмети со прашкаста содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи.Акциите биле спроведени на 30 и 31 октомври 2026 година.Во Скопје, полициски службеници лишиле…

13 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: Press24Утро+6

Ограбена обложувалница во скопски Чаир — отвора на МКД.мк

13 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: СителЛидер+6

Во Брвеница гласаат болните и немоќните лица и затворениците: Право на глас имаат 116 лица — отвора на Скопје1

Денеска се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор, во рамки на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас. Право на гласање имаат и девет лица кои се наоѓаат на…

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 осудени лица на изборите за градоначалник во Брвеница — отвора на МКД.мк

Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласале осум лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, своето избирачко право го искористиле 104 лица. Од ДИК соопштија дека гласањето во текот на денот се одвивало без проблеми и дека на сите ...

13 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: А1онPress24+7

„Крвава“ пресметка помеѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ – има повредени! — отвора на SportSport

Иако вечерва не играат МЗТ Скопје и Работнички, сепак двете навивачки групи на клубовите се пресретнаа пред салата „Јане Сандански“. „Сити Парк Бојс“ дојдоа да ги бодрат „црвено-белите“ на дуелот против Скопје, но непосредно пред натпреварот биле пресретнати од навивачите на МЗТ Скопје – „Фемили“. Во отсуство на поголемо обезбедување, двете навивачки групи физички се ...

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски — отвора на 4NEWS

Тепачка пред СЦ „Јане Сандански“, еден повреден пренесен со Брза помош — отвора на 360 степени

СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески — отвора на Скопје1

Во 2:30 по полноќ Народната банка на Србија објави дека ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка и дека банката од денес е во стечај. Блокирани се сметките на граѓани и компании. Државни компании имаа депозити во банката. Сите што работеа со државата имаа налог да работат со Алта, велат од опозициската СДСМ.„Со месеци наназад велиме: Алта е банка во сопственост на Александар Вучиќ…

Акција на инспекторите во Скопје: Отстранети нелегалните улични продавачи кај Клинички, Зелен пазар и Буњаковец — отвора на Скопје1

Инспекторатот на Град Скопје вчера спроведе координирана инспекциска акција на неколку локации во главниот град, во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Инспекторатот на Општина Центар.Во рамки на акцијата биле отстранети нелегалните улични продавачи на локациите кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец.Од Град Скопје информираат…

Лавров до Зеленски. Сакаш средба со Путин? Дојди во Москва! — отвора на Национално

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да отпатува во Москва доколку сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. „Ако Зеленски сака да се сретне, треба да дојде во Москва; ние ќе ја обезбедиме неговата безбедност“, изјави Лавров на прес-конференција по првиот ден од состанокот на министрите ...

Жена повредена откако лице фрлало камења кон неа во Ѓорче Петров — отвора на Скопје1

67-годишна скопјанка пријавила дека била повредена откако едно лице фрлало камења кон неа на подрачјето на Ѓорче Петров.Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил на 29 октомври околу 16:40 часот. Жената претходно го опоменала лицето и се обидела да го сними со мобилен телефон, бидејќи фрлало камења и земја на улица која требало да биде асфалтирана.По ова, лицето фрлало камења кон неа и ѝ…

10 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ФокусСител+5

Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките, штедењето расте и покрај инфлацијата — отвора на 4NEWS

Мицкоски во работна посета на Германија: Предвидени средби со политички и бизнис-претставници — отвора на Лидер

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив…

Француските средношколци и студенти повикаа на блокади на образовните установи — отвора на Независен весник

Синдикатите на средношколците и на студентите во Франција (Union syndicale lycéenne и Union étudiante) денеска пред почетокот на протестите во Париз, повикаа на блокади на образовните установи од следниот вторник, објави парискиот весник „Ле Монд“. Портпаролката на Студентскиот синдикат, Сабрин Карбаш, повика на блокада на универзитетите и средните училишта од вторник, а за четврток 5 ...

Вучиќ и Орбан се сретнаа по изборните порази: „Ќе се вратиме“ — отвора на Скопје1

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ денеска во Белград го пречека поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Двајцата политичари годинава ја загубија власта на парламентарни избори, по 14 години на власт во Србија и 16 години во Унгарија, соодветно.Вучиќ го угостил Орбан во куќата на своите родители во околината на Белград. Во видеоснимка објавена на Инстаграм, тој го нарекол свој…

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника за банкарскиот систем, како што правеше за мигрантите, како за водата во Скопје и Гостивар, за исплата на пензиите и платите — отвора на Либертас

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат фабриката за паника. По мигрантите, водата и исплатата на пензиите и платите, сега посегнуваат и по банкарскиот сектор. Нивната политичка понуда се сведе на една пресметка, вознемири ја јавноста, прогласи катастрофа и обиди се да заработиш врз стравот. Тоа е бескрупулозно политикантство, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ ...

10 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: 4NEWSДенешен+6

Трамп вети пет илјади долари за секој Американец доколку републиканците победат на изборите — отвора на Курир

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. „Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД…

МВР со детали за тепачката кај „Јане Сандански“: Еден повреден и еден приведен во пресметка меѓу навивачки групи — отвора на 360 степени

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000 — отвора на Бриф

Од средината на мај во Демократска Република Конго од ебола починале над 5.000 лица, соопштија здравствените власти во земјата. Вкупно се потврдени 5.026 смртни случаи, додека бројот на заразени лица се зголеми на 10.351, објавија властите. Во моментов, 1.101 лице се лекува или е во карантин, а 2.788 лица, кои претходно биле заразени, заздравеле од ...

Седум возачи приведени за 24 часа: Возеле пијани, без дозвола или со активна забрана — отвора на Скопје1

Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.Од приведените, тројца управувале моторно возило без положен возачки испит. Станува збор за Х.И. (39) од Велес, С.Ш. (36) од Куманово и…

9 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: А1он24 Инфо+4

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница — отвора на Либертас

Народниот правобранител на 1 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе обезбеди дежурство за прием на претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право. Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, ...

Жените и девојки Ромки на насилството и дискриминацијата ќе се спротистават само ако си ги знаат правата и имаат оформено образование — отвора на Алфа

9 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: МКД.мкСител+4

Албанија: Тензиите растат во новите студентски протести — отвора на Нетпрес

Неколку десетици демонстранти со качулки запалија неколку кантејнери за отпадоци пред зградата на албанското Министерство за образование во Тирана во саботата и фрлаа парчиња од калдрма кон полицијата на почетокот на новите демонстрации што ги повикаа студентите барајќи оставка од премиерот Еди Рама, објави AFP. Балканската земја со 2,3 милиони луѓе, предводена од социјалистот Еди ...

Аракчи ѝ се закани на Европа: Нов напад врз Иран ќе ве чини многу повеќе од 100 милијарди евра — отвора на Скопје1

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, предупреди дека евентуален нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, поради растот на цените на енергенсите.Аракчи го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц поради неговата претходна поддршка за американско-израелските напади врз Иран и порача дека евентуален нов напад би имал сериозни…

Редици српски граѓани пред експозитурите на Алта Банка во обид да си ги извлечат парите — отвора на Фокус

Министерството за правда најавува реформи во нотаријатот, фокус на дигитализација и европски стандарди — отвора на Скопје1

Министерот за правда, денеска присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.Во своето обраќање, министерот го истакна значењето на нотаријатот како еден од столбовите на правниот систем и гарант на правната сигурност на граѓаните, нагласувајќи дека работата на…

Уапсен велешанец (82): Со дрвен предмет ја тепал сопругата — отвора на Курир

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишија од слобода Т.Ш.(82) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга. При нападот, информира МВР, употребил дрвен предмет и ѝ се заканувал. -Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

8 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: НетпресPress24+2

„Дер Класикер“ заврши без победник, Баерн загуби тројца поради повреди — отвора на SportSport

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа 2:2 во дербито на осмото коло од Бундеслигата, во натпревар во кој домашните двапати имаа водство, но гостите успеаја да се спасат од пораз со погодок во самиот финиш. Конрад Лајмер во 38. минута го донесе Баерн во предност, откако претходно голот на Џоб Белингем за Борусија беше поништен ...

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози — отвора на Охрид Прес

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од ...

7 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: ТРНКурир+1

Петрушевски со обвинувања до Врховниот суд: Бесими и Етеми се ослободени, каков срам за правосудството — отвора на Скопје1

Врховниот суд на Африм Фидани диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница, вели Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник„Каков срам за правосудството во Македонија.Ај што им дадоа на првото судење по една и пол година казна на Флорим Бесими и Артан Етеми, па потоа Апелација им ги зголеми…

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка — отвора на Скопје1

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 35-годишна жена од Кратово поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 12 октомври 2026 година, на улицата „Глигор Пазавански“ во Кратово, пријавената го пуштила своето куче без надзор и без маска.Кучето подоцна ја каснало М.К.По…

Граѓани чекаат за повлекување пари пред Алта банка во Битола — отвора на 4NEWS

Граѓани денеска чекаат ред за повлекување пари пред главната експозитура на Алта банка во Битола. Снимките кои утрово ги направи екипата на...

7 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ФакторPress24+3

Еден загинат, најмалку шестмина повредени во пукање во трговски центар во Калифорнија — отвора на Република

Големо полициско присуство е забележано во трговскиот центар „Солано Таун Центар“ во Ферфилд, Калифорнија, по пукање во кое едно лице го загубило животот, а најмалку шест други се повредени. Неколкумина од повредените се во критична состојба. Според првичните информации, истрелите биле испукани во продавницата „Spirit Halloween“, која се наоѓа во рамките на трговскиот центар. Осомничениот ...

7 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: БрифЖурнал